НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.286
Поени од реакции
29.762
Taков впечаток добив, можеби не сум сосема објективен ама впечатокот не ми се менува ни кога повторно го гледам фаулот на Антето. Букер не беше залетан (како Анте кога го фаулираше Пол), и следствено потенцијалот за повреда - според мене - беше помал. Инаку не гледам тука удар во лице... Освен ако не мислиш на некоја сосема друга ситуација?

Тоа дека потегов на Антето е неспортски во тоа нема сомнеж, но Антето нема историја на неспортски потези - за разлика од Крис Пол - кој е апсолутно познат по прљава игра и зa разлика од Анте ни под разно не заслужува „бенефит од сомнеж“ како што велат Америте. Ако за ништо друго само заради Пол ќе уживам да видам конечна победа на Милвоки... Ок, и за Краудер ќе ми биде мило да не земе прстен, а со титула и Милвоки нема да направат промени па нема да станат поопасни. Јбг си наоѓам мали причини да одберам страна за навивање и финалево да ми биде поинтересно за гледање. :D
Автоматски споено мислење:


Интересна колумна, и со оглед на фактот дека Портланд ништо не направија толку години со Лилард - веројатно најпаметно им е да идат на рибилд додека договорот на Лилард сеуште е долг и има 3 години преостанати. Реално тешко дека ќе излезат од прва рунда. Заглавени со се платите, дури и да се деси Симонс за МекКулум, не мислам дека Симонс ќе направи голема разлика за Портланд.

Само тешко дека управата ќе има доблест да се соочи со реалноста, плус се слуша и дека власникот сака да го продаде клубот.
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Се надевам дека Брон ќе извлече поука од финалево што всушност е потребно да се победува.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Јанис игра вакво финале вратен на брзање 2 недели после реално заебана повреда и им се моча у уста на сите што не му ги прифаќаа мвп наградите у последниве 2 сезони
Дека престижната награда MVP апсолутно ја заслужува јас се уверив од следниот клип, кој ме остави без зборови ...

Може да им точи Геторејд на тајм-аут и да им ја менува пелената на Олимпијциве-снајпери кога е шутот во прашање, а како асистент за овие активности може слободно да повика и пријател, пример великанот Бен Симонс, кој е на листа на чекање со години за да му залепат (зорле!) слична, "престижна" награда медиумите во САД (ама овој па не соработува ич, во градењето на митот, на уште едно дрво!)

И кога сме кај физиолошките потреби, убеден сум дека ќе го посерат Олимпијциве бек -то- бек MVP-резилот, сакаш на Америчка, Југословенска, Руската итн...ти бирај го форматот!

Едноставно, MVP-to на лигата, офанзивно е далеку поголем инвалид од инвалидите на клипот !

Холидеј е икс факторот кај Бакси сезонава, во двата правци типот е во beast mode.
Докторот по кошарка Џру, убедливо најандерејтид бунарџија во тимот на Милвоки сезонава, кој за жал не ужива ни малку таков рекогнишн....и секогаш ќе биде во сенка на MVP-то, затоа што во делот на бунарите овој нели нема конкуренција во лигата!....Перформансот на овој звер во 7-ми натпревар со Нетс, заедно со оној на џуџето Јанг (против Филаделфија) се топ 5 најлоши во историјата на лигата, во плејоф, во 7-ми натпревар! Забетонирани се за наредни 150 години, никој ништо не им може !!

На гифчето подолу, се гледа дека на маестро Холидеј константноста му е главна одлика оваа година во плејоф- како ги отвора импресивно, така и ги затвора утакмиците, редок сој клачоња !!!


Види си го твојот X- фактор во серијата со Нетс која тутурутка беше... да ја изгубеа Бакс таа серија сигурно ќе леташе факторов небитен, во пакет со Буденхолзер телето, поекспресно од DHL Express и слични сервиси ....ама тоа е, ти отсекогаш си имал талент да откриваш x-фактори, кога гледаш само хајлајтси !!



Холидеј ако прошлите две утакмици беше послаб во напад, барем е константен во одбрана. Посебно Пол кога го чува Холидеј, бел ден не виде...
Пол бел ден не виде од Холидеј дефанзивецот, затоа е во финалево на 5 натпревари просек 21 поен, со 50+% шут од поле и шут за три.....еден натпревар кој потфрлил= влакно во јајцето !


За кој Пол ти зборуваш, за агентов Рич Пол да не мислиш ?!

За домашно, најди бар 5 играчи со перформанси од овој ранг во историјата на лигата, во финале, со 36+ години ? Можеш и чичко ти Ник да го прашаш, кој редовно ти ги раскажува утакмиците и ти ја полни главата со глупости за Амерички пазар !

Цел плејоф Феникс има такви едноставни лесни за исполнување дефанзивни планови кои не се базирани на брилијантност на поедини дефанзивци туку на паметна тимска одбрана. Супер, ама сето тоа функционира само заради фактот што не се среќаваат со топ тајер екипи, заради многуте повреди што се исподесија оваа сезона. Од здрави Лејкерс/Нетс ќе изгубеа, ако не метла најмногу 2 утакмици ќе земеа.
ТОП ТАЈЕР екипи во лигата, како Лејкерс, кога така добро и "неочекувано" ќе се испосерат во плејоф, дефинитивно заслужуваат третман на ниво-
да се избришат со поквалитетна тоалетна хартија, во неколку тајери, оваа подолу е хит според препораките, дефинитивно ТОП!


======================================================================================================================================

Феникс два натпревари со ред буквално им ги поклони на Бакс....

4-от имаа 9 разлика почеток на последна четвр., рано фатија бонус (7.33 ) а ништо од тоа не искористија и
5-от 16 разлика имаа по прва четврт, а играа и дома.....

И секако, Мидлтон фраерот, кој редовно оваа година (по кој пат веќе ?!) се јавува во плејоф (како по службена должност) кога е најпотребно, да се спаси серијата и да го спаси МВП-то - како во 4-от натпревар !
==========================================================================================================================================

16 разлика, во финале, така лесно не се губат дома, реткост се последниве 30 години екипите кои во финале изгубиле при толку разлика (без разлика која фаза од мечот), пример :

Лејкерс 4-ти натпревар 2008 финале, по 21 разлика прва четвртина (највисока разлика во историјата на финалињата по прва четвртина!), и тоа на домашен терен, рекорд и денес.... прилика да изедначат 2-2, а ќе изгубат финале!
https://youtu.be/C9Hw8P55SpU?t=1592

Мајами 2-от натпревар финале 2011, исто на домашен терен, 15 разлика на 7 мин до крај поклонија, алал вера......прилика да одат 2-0, ќе го изгубат финалето !

Па и третиот натпревар 2006 финалето може да се спомне, кога Далас искоцка 13 разлика на 6 мин до крај, со тоа што не играа дома, а имаа 2-0 !
Ќе изгубат финале.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.286
Поени од реакции
29.762
@trt123trt поконфузни мисли од твоиве тешко се наоѓаат.
Не е само дека не знаеш да го искажеш тоа што го мислиш... Туку и мислењата ти се фалични фикции. Не ги разбираш работите и фикциите кои ги фантазираш излегуваат мачни и за читање - и невозможни за разбирање.

Накратко:
- Никој не рече дека Крис Пол генерално игра лошо во плејофов/финалево. Ама спореди му ги перформансите на Пол кога го чува Холидеј и кога не го чува Холидеј. Наместо глупаво да гледаш општа статистика за целата серија Феникс-Миловоки. Додека си таму спореди му ги перформансите и на Букер кога го чува Холидеј и кога не го чува Холидеј... После врати се па пак критикувај го Холидеј.
- Не ги разбираш прилагодувањата на тренерите, наместо тоа споредуваш наназад низ годините кој тим изгубил две утакмици по ред. Како некој да каже дека 3 дена врне дожд, и исто толку ќе објасни за кошарката во финалево како ти со глупостиве кои ги пишуваш.
Автоматски споено мислење:

И ова:
- Да не се повредеше АД, Феникс ќе го лапнеа немиен од Лејкерс (за кои упорно јадеш бурек). Тоа и покрај повреден Леброн, и покрај никаков шут на целата екипа, и покрај сите слабости на Лејкерс - пак ќе ги победеа Феникс. Феникс два спрема еден губеа пред да излезе АД заради повреда. Тие две утакмици кои ги изгубија Феникс беа убедливо изгубени, а едната што ја добија беше со среќа и заради глупости на Лејкерс. Лесно можеше да биде 3:0 и АД да не се повреди, па на крај метла да игра... Тоа што сега тој ист Феникс игра во финале на НБА, тоа најубаво покажува на кое ниво е квалитетот на екипите кои останаа на крај. Во финале се заради повредите во другите екипи, не заради тоа што се најдобри. Среќа што приближно се изедначени со Милвоки па кошарката е сепак интересна.
- Ник од bballbreakdown за тебе е професор/магистар по кошарка, може не е брилијантен аналитичар ама е лесен за следење и не боли глава како после обидот да се разберат твоите бладања.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom