Па ќе видиме тоа следната сезона колку се овие две екипи „слаби“... И посебно ако после синоќешната утакмица се жалиш на квалитетот на баскетот во финалево - можам само да кажам дека хејтањево ти е очигледно и скроз без врска.
Изгледа Брон заборавил да им пише во група must win.
Мајами со повреди и со facking тројца руки играчи во ростерот ова требаше да биде најлесно финале за Брон и Лејкерс.
Па не е дека и Лејкерс не се со повреди, АД со ногата, Грин со прстите/кукот, Леброн хроничната повреда со препоните што ја влече уште од лани (кога пропушти повеќе од пола сезона), итн... ОК, на Мајами имаат свои повредени и им фали Драгич, што е поголем хендикеп, ама имаат и подобра клупа и МНОГУ подобар тренер.
Но не го кажувам ова како оправдување за Лејкерс, туку пошто се заборава на тоа дека Мајами се навистина добар тим со одличен тренер. Не се случајно дојдени во финалето, ги поминаа и Милвоки (кој беше тежок фаворит) и Бостон... И сега се 2:1 против Лејкерс во последните 3 утакмици.
Потценување е за Мајами целиот муабет дека Лејкерс (или било кој следната сезона) може лесно да ги помине.
Ех, да. Рукијата на Мајами се вонсериски добри, подобар скаутинг на НБА тим сериозно немам видено НИКОГАШ досега. Од тим што не влезе во плејоф и учествуваше во лотарија, Рајли и компанија направија тим што се бори за титула... За мене Мајами се легитимен фаворит против било кој на Исток следнава сезона, вклучувајќи ги тука и Милвоки и Бруклин (за Бостон ич да не зборувам). Плус следното лето ќе имаат кап спејс за носење слободни агенти, а сеуште ќе ги имаат рукијата да играат малку/ич пари... Мајами ќе бидат уште подобри.