НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 март 2009
Мислења
8.588
Поени од реакции
10.227
Ti neli si fan na Embiid. Sea odednas si za Lakersi ?.
Фан на Леброн од ко стапна на паркетот

Нормално во 15тина сезони шо гледам НБА сум симпатизирал и други играчи ко Блејк, Пол, Ембид, Лука..
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Фан на Леброн од ко стапна на паркетот

Нормално во 15тина сезони шо гледам НБА сум симпатизирал и други играчи ко Блејк, Пол, Ембид, Лука..
Ti si fan na Lebron od pred eden mesec, mislis nie ovde nafta pieme ???.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Ништо не побркав...секоја можна утакмица што сум ја играл вкладилница ја памтам многу добро...2014 беше кога Мајами израмни на 1-1 втората утакмица каде Леброн претходно се жалеше за климите односно лошата изолација бидејќи беше прежешко во салата...после на третиот натпревар кај Мајами коефициентите беа 1.35 со 2.90...додека на четвртиот беше 3.00 за Сан Антонио....додека кога играа кај Сан Антонио коефициентите беа 1.6 со 2.30 односно 1.7 со 2.00.

во 2013 Мајами беа домаќини од почетокот бидејќи имаа подобар скор, во 2014 обратно.
2014 беа благи фаворити Сан Антонио како што и ти постира членот, а 2013 обратно најмногу ради предноста со домашен терен, а ти ги представи како аутсајдери САС во 2014, во ред е немојш да си секогаш во право и све да памтиш.
1601229733547.png
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Ја не знам како имате живци да им се објаснувате, човекот во сите финалиња да победеше пак ке му наоѓаа еден куп маани.

П. С. Нели Клиперси имаа и појака клупа и се од Лејкерси? Како сега ЛеБрон има најдобри соиграчи?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.399
И ваквите ко коби и ванлок не ги сфакам воопшто. До вчера го дрвеа курот овде дека Коби бил појак од леброн, пичка бил вториот, плачко кој освојувал само кога ја имало големата 3ка во Мајами, и сеа ми пишувате овде сосема спротивни работи. Класика.
Како лик и како карактер јас не го мирисам Леброн ама баш ич, но како играч секогаш сум имал респект кон него уште пред да дојде во ЛА, исто како што имам респект и за било кој добар играч. Сега пошто е во Лејкерс, се разбира дека навивам и го подржувам - ама јас навивам за Лејкерс не за Леброн... Е сега во врска со провокацијата Коби vs Леброн, тоа е веќе друга приказна. Различен тип на играчи се. Во различни ери играат. Леброн е пред се плејмејкер и слешер, успева во брза транзициона игра со многу контри. Му треба систем и му требаат соиграчи кои трчаат, сечат/се убацуваат во позиција да им се додаде топка, добар е и во пик&рол... Коби? Коби е волк самотник, дај му топка и остави го да дава кошеви - и дава кошеви во ситуации во кои другите 99.99% од играчите паѓаат. Не дека е непогрешив, напротив, ама во клач ситуации нема некој што има повеќе нерви (г’з) да заврши работа.

Споредба?
Во соодветен систем, со добра одбрана која ќе генерира многу контри, Леброн е убиствен. Во субоптимални услови, Леброн може да се анулира. Коби? На Коби кога му иде, ништо не можеше да го спречи (ок, освен Детроит една - ЕДНА - сезона). Не удвојување, абе утројување беше џабе. Додаваше ептен кога мораше, ама знаеше да го понесе тимот кога треба.

За мене Коби е подобар играч, ама дека Леброн не е добар, дека не е вонсериски добар играч, најголема ѕвезда на својата ера... Тоа се глупости кои ги верглаат buthurt ликови. Едно е да не ти се допаѓа некој, друго е да се кењаат глупости и да се биде необјективен.


На пример ете ги последните противници на Лејкерс.
Дали еднаш кажав нешто лошо за Нагетс?

Па чест е кога ќе победиш добри противници, исто како што е чест кога ќе изгубиш од некој подобар од тебе.


Еве бидете искрени и кажете дали да беше Дурант на пример или Ленард наместо Леброн, Лал немаше да биде фаворит како и сеа?
Буквална замена, да го извадиш Леброн а да го ставиш Дурант/Кавај на негово место?

Хмм... Дурант го има оној „Коби“ потенцијал да здиве и ништо да не може да го сопре, но кај него тоа не се дешава на (скоро) секоја утакмица. Дурант е зависен од добар систем и добри соиграчи. Ако со Вестбрук/Харден/Ибака/Адамс не успеа да освои титула, со овие scrappy Лејкерси никад нема да освои титула.

Кавај Ленард?
Ај нема смисла да (го) пцујам па само цинично ќе се насмеам. :)

1601231938668.png
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
1601299326157.png
Автоматски споено мислење:

У кратки црти што е потребно за финалето:

За Лејкерс да освојат: Доволно е секоја утакмица барем еден од АД или ЛеБрон да игра добро

За Хит да освојат: Секоја утакмица да имаат добра одбрана и било кои двајца играчи да имаат добра партија

Мислам дека Лејкерс од ова што прикажаа делуваат ко да би изгубиле барем еден меч, нема да биде ова метла ваљда

Мои предвидувања:

Две релативно лесни победи за Лејкерс и три релативно израмнети мечеви до крај

4-1 за Лејкерс
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.399
Автоматски споено мислење:

Јас сакав Лејкерс Бостон финале ама ОК, Мајами поштено си победи. Добро играат, добра кохезија имаат, добра одбрана (воглавно зонска 2+3) и еден од најдобрите тренери во НБА. Слабост (или предност?) би им била small-ball поставеноста, наспроти традиционалната висока постава на Лејкерс... Не се сомневам дека Сполестра има репертоар од mind fu*k опции против Лејкерс и се надевам дека Вогел има барем добри идеи како да се носи со тоа, и со зонска одбрана воопшто. Се надевам дека АД нема да виси 24/7 на тројка, туку ќе биде поактивен под противничкиот кош и дека Ленард и Олинук ќе играат повеќе минути за Мајами пошто Адебајо ќе има проблеми со фаули.

Мајами ќе зависат многу од тоа како Адебајо ќе справува со центрите на Лејкерс (и во одбрана и во напад). Претпоставувам дека ќе прават гужва во рекетот, нешто налик на Хјустон како што играше против Лејкерс, и многу ќе зависи од шутот на ЛАЛ но уште повеќе од одбраната - пошто тоа ќе генерира контри што е важен дел од играта на Лејкерс. Се надевам дека Вогел има спремни шеми за одбрана во периметар, против Хјустон успеа тоа и солидно ги лимитираа во шутирањето тројки... Е сега овој Мајами е подобар тим од Хјустон, покомплетна екипа се и иако играат small ball сепак го имаат и Ленард ( 7' 0") и Олинук ( 6' 11"), а и Адебајо си е висок ( 6' 9").


Лејкерс ги имаат АД и Леброн наспроти Батлер и Адебајо, но Мајами имаат подобра клупа и каде каде подобри шутери... И субјективно подобар тренер.

Ќе биде интересно финале. :)






P.S.... :LOL:
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.147
Поени од реакции
3.098
Како кажуваат Дејвис или Леброн да имаат јака ноќ и Лејкерс тепал сигурно.. Другите неее не се битни..
Што знам мене појке ми оди некако цел тим да игра во случајов Мајами..
Ќе биде интересно во секој случај..
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.912
Имало Господ. Најпреценетиот тренер, ever.
За годинашното фијаско е крив само тој и никој друг.

Но, можеби и добро испадна пошто за разлика од него Сполстра си изгази и со еден воигран и добро дисциплиниран тим покажа зошто баскетот е пред се' тимски спорт. Нешто слично на Спарси и нивната култура.

Нема да ме изненади со лејкерс да одат на 7 натпревари, а да не беше ЛеБрон фит можеби ќе имаа и шанса да ги добијат. Иако надежта последна умира.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom