Без врска се имплементира правилото за „влегување на вертикалниот цилиндар на играчот“.
Да, беше потребно заради идиоти како Заза Пачулиа (и Бовен пред него) да не осакатуваат противнички играчи. Но мора да се најде начин ова да функционира подобро (посебно на фаулите за шут на 3-ка).
Без врска се практикува и влегувањето во векторот на движење на напаѓачот. Ич не ми се допаѓа колку безазлени потези се судат како фаули.
Тоа кажано, правилата се исти за сите.
Судењето цела сезона е за никаде - АМА СУДЕЊЕТО ЗА СИТЕ Е ИСТО. Денвер да играа повеќе под кош (а покушаваа, и јадеа банани), ќе им беа судени и повеќе фаули. Ама со Јокич во фаул трабл и надвор од игра, тие и немаат некоја игра под противничкиот кош. Мареј дава толку поени кога противничките центри не се одлепуваат од Јокич.
И се разбира дека тренерот на Денвер ќе прави притисок врз судиите со вакви изјави. Тоа му е работа.
Лејкерси намерно и очекувано играат претежно под кошот на противникот. Не се шутерски тим. Што очекуваа Денвер дека ќе се деси кога ќе го стават Јокич да игра како примарен и единствен дефанзивен центар? Па дури и кога ќе се адаптираат на ова во втората утакмица - очекувајте дека Лејкерси ќе напаѓаат преку човекот кој го чува Јокич - уште полошо (за Денвер) тоа најверојатно ќе биде преку А. Дејвис.
Денвер веројатно ќе се пребацат на зонска одбрана, пошто други тимови (посебно Торонто) имаа успех со таква одбрана. Но очекувам дека Лејкерс ќе продолжат и тогаш да напаѓаат под кошот дури и по цена на многу повеќе турновери.
Повторно во врска со личниве грешки: Не ми е јасно што е толку спорно. Барем не се намерно играни ситуации за да се извлечат фаули, на пример како што тоа професионално го прави Харден (на секоја утакмица по дузина пати).
Инаку ми се допадна планот на ЛАЛ, играа на тоа што се најјаки. Не само играњето преку центрите (А.Д. ѕвер, ама и Хауард добро се покажа посебно во комбо со Рондо). Одлично играа меѓу себе пик&рол Леброн и Карусо. Не само тоа туку и одбраната беше топ (посебно кога Хауард беше во игра).
Ќе биде сега интересно да видиме како ќе се адаптира Денвер. Пошто 3 серии по ред успешно се адаптираат на противниците... Серијава уште не е готова.