НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Alex Caruso
Andrew Wiggins
Aron Gordon
Anthony Davis
Andre Drummond
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Срамота е франшиза како Никс да нема тим барем за плејоф.
Стварно не ми е јасно како го пропуштија Порзингис.

А кога сме кај Никси, Last Dance и Тони Кукоч, видеово постојано ми се мота во глава.
Најголемиот тренер во историјата му дава шанса на рукито од Европа да решава утакмица против Никс, просто неверојатно.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Срамота е франшиза како Никс да нема тим барем за плејоф.
Стварно не ми е јасно како го пропуштија Порзингис.
Кога клубот нема никаков напредок со години и квалитетните играчи во клубот неможат да напредуваат,ова го укапира Порзингис и побара трејд.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Срамота е франшиза како Никс да нема тим барем за плејоф.
Стварно не ми е јасно како го пропуштија Порзингис.

А кога сме кај Никси, Last Dance и Тони Кукоч, видеово постојано ми се мота во глава.
Најголемиот тренер во историјата му дава шанса на рукито од Европа да решава утакмица против Никс, просто неверојатно.

а ова е уште појако :D
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
А општо земено како сте задоволни од документарецов?

Мене ми е баш онака оргинал како што се сеќавам на култот за Џордан. Јас копиљ бев ама спиев у дневна кај телевизорот со татко ми а он па у срж му е баскетот. Не се сеќавам баш на утакмици ама често татко ми кога гледаше и јас бев буден и се ѕверев во тв. Брат ми е постар од мене и од панини сликички имаше излепено 23-ка на вратата од детска а и бирото на кое што НЕ учеше :D.

Памтам дека толку беше популарен баскетот тоа време што од табла со обрач закачена на дрво сред пепелива пољана собираа пари во маало да направат метална конструкција со кош кој до ден денес постои. Па први кавги со општиниве беше со тогаш крадоначалник на Кисела Вода Шапуриќ кој истури еден камион асфалт колку само за пола игралиште (после работниците пробаа да киднат) и го бараа тој ден и под дрво и под камен за да се заврши. Уште се познава таа линија кај што беше прекинат асфалтот.

Шала на страна, ама култно време за балканот поради тоа што прв пат сме имале допирна точка со спорт што се игра во Америка, посебно екс ЈУ.

Во денешно време МЏ веројатно би бил уште повеќе распнат преку социјални медиуми, ама визионерството за да се снимат и зачуваат во таква форма толку материјали во тоа време е непроценлива. Материјалите од последната сезона се комплет во тој стил “ еј ова е последна сезона,преморен сум, јасно е дека сум најдобар и нема на кого да се докажувам, идам да освојам уште една и ќе уживам додека го правам тоа”. Ептен е доловен моментот готово крај е да поуживам сезонава (stress relief).

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
А општо земено како сте задоволни од документарецов?
Задоволни сме пошто ние што сме го гледале Џордан и другите тимови во '90 конечно не мора да им докажуваме на тие што се родиле тогаш кој е GOAT. Бидејќи друго е да гледаш играч физички доминантен како Леброн во лига кај што не смееш да пипниш некој за рака а да не ти свирнат лична, а сосема подруго е да гледаш кошаркарски феномен во лига кај што упорно и упорно те дрецкаат од земја и години со ред си НАЈдобриот играч.
Само кога ќе ја споредиш конкуренцијата поќе од смешно е да тврдиш било што.
Џордан играл и се натпреварувал покрај величини како Меџик, Бирд, Пипен, Мелоун, Пејтон, Ајзеа Т., Шек, Баркли, Реџи Милер, Јуинг, Дрекслер, Олајџувон ... а лебронтије против КОБИ во поодминати години од него, и кој? Дјурант, Кари....
Да не збораме за скорот во финалиња, да не збораме за менталитет и да не збораме за „статистиката“ за која убаво е што постојат вакви видеа па ја разоткриваат цела приказна позади денешната статистика... ;)

Супер серијал, би сакал да продолжи со уште еден за времето во Визардс и можеби да направат некои паралели на играчи од тоа време и ова сега и да го седнат џордан во студио со шек, бирд, баркли... па да снимат емисија две - шо и мислам дека нема баш да се случи хаха :D
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Кај мене ѕидот беше цел со постери од кошаркари, меѓу нив секако беше доминантен Џордан со постер во природна големина (преку списанието Скок).
Јас преку серијалов гледам и една друга страна, колку е тежок карактер и колку им го отежнува животот на тие околу него, ама веројатно и тука лежи успешноста на тие Булси. Додека играше во Чикако немав многу можности да го гледам, за Wizards го гледав почесто - т.е. онолку колку што можеше на МТВ 1. Нема да го заборавам на пример промашувањето на забивањето на All Star 2002 :)
Инаку нешто друго ме заинтересира со серијалов, не ми е јасно како Пипен после 19-та година расте за околу 20 цм. Денис Родман има уште поголем раст, од околу 25-30 цм во 19-тата година. Едноставно е нереално, сум видел големи разлики во раст, ама тие се случувале во периодот од 12-16 години.
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.618
Поени од реакции
12.429
а лебронтије против КОБИ во поодминати години од него, и кој? Дјурант, Кари....
Воопшто не сум фан на ЛеБрон, ама да речеш дека немал конкуренција е лудост.

Ајверсон,Вејд,Коби,,Неш,Картер,Мекгрејди,Гарнет,Пирс,Ален,Шек,Јао,Данкан,Хауард,Дурант,Кари,Вестбрук,Харден,Дирк,Крис Пол,Џејсон Кид,Дејвис,Роуз,Кармело,Кајри,Јанис,Лука,Каваи,Пол Џорџ...

Кој од овие нема да биди или не е веќе HOF ?

Башка што ЛеБрон од 12 години, 9 игра во плејоф финале, од кои 8 години последователно.
ЛеБрон е во лига од 2003та.
Во прва сезона на Леброн, Кливленд веќе имаат 20 победи повеќе, во втора веќе се тим над 0,500.
 
Чекај, чекај... КАДЕ реков дека НЕМАЛ? Реков дека немал доволно добра како таа на Џордан и дека играл/а во ера каде што не е дрецкан од земја како што беше Џордан туку заштитен како принцеза од правила и судии.
Воопшто НЕ е исто и ако го гледаше youtube видеото во делот за статистиката што го постирав или пак серијалот за Џордан и повторно тврдиш дека лебронтије е GOAT не знам што да ти кажам освен дека јас и ти имаме тотално различно поимање за баскетот како игра - и тоа е во ред.

Ајверсон со Филаделфија играа финалиња меѓу себе со Коби а не против "кралот" и беа во поодминати години за разлика од него. Според мене бронко сè уште по големина како играч не го има надминато коби камо за споредба со MJ.
Од останатите трејси и јао минг никогаш не кренаа глава од повредите и прерано завршија кариера. Неш далеку постар од него не ни биле во ист период противници и НЕМА споредба меѓу него како плеј и меџик или ајзеа, едноставно ја нема. Џордан играл против овие два... Леброн vs Неш ми е смешна споредба.

Кармело, Роуз, Винс Картер, Крис Пол, Џејсон Кид (а сега лука донџич и PG) не играа во контендери, оние сите од погоре (џордан ерата) играа во 60+game екипи кои имаа реални шанси да дојдат до титула ако не налетаа на Џордан и дрмаа во 80-90 години.

За Дирк како го потопи кога лапна титула и кај се изгуби лебронтије во то финале да не ни почнувам, а да не одеше да игра со вејд и кајри ирвинг да го немаше покрај себе ни Т од титула немаше да види - али тоа ќе го препишиме на колективен спорт т.е. не можиш да играш баскет ако немаш некој покрај себе, како Џордан што го имаше Пипен, така Леброн го имаше Вејд и Кајри.

ОГРОМНА е разликата да играш само финалиња (да си учесник во нив) и да ги потопиш сите кои излегле со тебе на мегдан во финале и тоа само во 6 натпревари. Џордан кога и да стигнал во финале, победил и тоа победил во 6 натпревари - без разлика на противникот и без разлика во која состојба се наоѓал тој како играч во тој момент.

Гледај го серијалот, гледај го и овај линкот од јутуб, како фан на баскетот мислам нема да зажалиш :)))

п.с. уште нешто
Времето во тие 80-90 години не беше баш среќно време да играш баскет... во која смисла? Дрогата, алкохолот беа премногу присутни во НБА - затоа и сега покоен Дејвид Штерн го почитуваат до толку... едноставно направи сè што можеше за да ги искорени од лигата.
Во тоа време покрај дрога и алкохол имаш и журки, имаш и ликови како Меџик кој ако пребараш по youtube ќе видиш дека пред и после секој натпревар бил со жени вкревет, дека во ЛА повеќе журкар отколку било што друго, во самиот документарец за Џордан ќе видиш дека Родман НЕ беше застанат од лудвање по дискотеки, секако сето тоа збора дека играчите беа од малку поинаков ков.
Сегашните принцези одат на утакмица, одат на тренинг и после дома се на социјални мрежи опнати... оди некој сега нека журка 24/7 во тек на НБА сезона па да видиш како ќе си помини кај тимот и дали ќе заигра воопшто. Прво ниту ќе можи физички тоа да го издржи, второ нема ни да го остават.

Чисто за споредба, земи го Сиетел на Пејтон и Шон Кемп од тоа време (не мора булси на Џордан) и стави го против БИЛО која денешна екипа од 2020 на терен, со правила од '90 години и ќе видиш шо е јадење метла. Сиетел беше 60+ победи екипа, Џордан ги потопи 4-1. Најди денес екипа која можи да го добие тој Сиетел во НБА финале 4-1, едноставно НЕМА. Ниту психофизички се спремни да го играат тој баскет, ниту има квалитет како Џордан моментално во НБА.

п.п.с.
Џордан НИКОГАШ не бираше тренери за себе. Даг Кристи со кој се согласуваше перфектно му го сменаа со Фил. Џордан за тоа не беше пресреќен - напротив, ама кој го праша? ЗАМИСЛИ во тоа време, со толкав хајп позади себе, најдобриот играч на сите времиња никој не го еба 2% за тоа КОЈ ќе му биди тренер и КОИ ќе му бидат соиграчи. Самиот си признава во документарецот.... го носат Кукоч, никој не го сака кукоч во тимот во тоа време пошто се замерени со Џери Краус, му го носат Родман - до некни Родман го дрецкаше од земја, не сакаа да се видат со очи и беше пред да премини во САС кај ајзеа во тим со кој се смртни непријатели.

Од др страна, Лебронтије си прај екипа, си носи играчи како ќе му прдни (видовме како му оди од ракав тоа со ЏР Смит :D ), те јас ќе играм со овај... те јас ќе играм со онај... те Тајрон Лу ќе ми биди тренер... сè по кеиф и на крај КУРАЦ титула.

Кој го прашал Џордан дали Фил ќе му биди тренер, дали Кукоч ќе му биди соиграч, дали некој ќе ја растури династијата што ја направија во '90 и ќе го брка Фил од тренерско место или било што друго. Се надевам ја сфаќаш разликата која е навистина ГОЛЕМА.
 
Последно уредено:

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Јас пишав горе дека повеќе го памтам култот отколку играта.

Околу споредбата јас уште стојам на еден пост мој од пред неколку години. Кај мене разликата помеѓу МЏ, Коби и Леброн е што МЏ ја бутна генерацијата пред него и ја издоминира својата генерација.

Коби ја бутна генерацијата пред него ама не остави впечаток дека ја издоминира неговата( Детроит, Сан Антонио, Мајами и Бостон го спречија во тоа).

Леброн остави впечаток дека беше надигран од старата генерација ( Новицки, Данкан) а неговата генерација па цело време му прави проблеми.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.618
Поени од реакции
12.429
Чекај, чекај... КАДЕ реков дека НЕМАЛ? Реков дека немал доволно добра како таа на Џордан и дека играл/а во ера каде што не е дрецкан од земја како што беше Џордан туку заштитен како принцеза од правила и судии.
Воопшто НЕ е исто и ако го гледаше youtube видеото во делот за статистиката што го постирав или пак серијалот за Џордан и повторно тврдиш дека лебронтије е GOAT не знам што да ти кажам освен дека јас и ти имаме тотално различно поимање за баскетот како игра - и тоа е во ред.

Ајверсон со Филаделфија играа финалиња меѓу себе со Коби а не против "кралот" и беа во поодминати години за разлика од него. Според мене бронко сè уште по големина како играч не го има надминато коби камо за споредба со MJ.
Од останатите трејси и јао минг никогаш не кренаа глава од повредите и прерано завршија кариера. Неш далеку постар од него не ни биле во ист период противници и НЕМА споредба меѓу него како плеј и меџик или ајзеа, едноставно ја нема. Џордан играл против овие два... Леброн vs Неш ми е смешна споредба.

Кармело, Роуз, Винс Картер, Крис Пол, Џејсон Кид (а сега лука донџич и PG) не играа во контендери, оние сите од погоре (џордан ерата) играа во 60+game екипи кои имаа реални шанси да дојдат до титула ако не налетаа на Џордан и дрмаа во 80-90 години.

За Дирк како го потопи кога лапна титула и кај се изгуби лебронтије во то финале да не ни почнувам, а да не одеше да игра со вејд и кајри ирвинг да го немаше покрај себе ни Т од титула немаше да види - али тоа ќе го препишиме на колективен спорт т.е. не можиш да играш баскет ако немаш некој покрај себе, како Џордан што го имаше Пипен, така Леброн го имаше Вејд и Кајри.

ОГРОМНА е разликата да играш само финалиња (да си учесник во нив) и да ги потопиш сите кои излегле со тебе на мегдан во финале и тоа само во 6 натпревари. Џордан кога и да стигнал во финале, победил и тоа победил во 6 натпревари - без разлика на противникот и без разлика во која состојба се наоѓал тој како играч во тој момент.

Гледај го серијалот, гледај го и овај линкот од јутуб, како фан на баскетот мислам нема да зажалиш :)))

п.с. уште нешто
Времето во тие 80-90 години не беше баш среќно време да играш баскет... во која смисла? Дрогата, алкохолот беа премногу присутни во НБА - затоа и сега покоен Дејвид Штерн го почитуваат до толку... едноставно направи сè што можеше за да ги искорени од лигата.
Во тоа време покрај дрога и алкохол имаш и журки, имаш и ликови како Меџик кој ако пребараш по youtube ќе видиш дека пред и после секој натпревар бил со жени вкревет, дека во ЛА повеќе журкар отколку било што друго, во самиот документарец за Џордан ќе видиш дека Родман НЕ беше застанат од лудвање по дискотеки, секако сето тоа збора дека играчите беа од малку поинаков ков.
Сегашните принцези одат на утакмица, одат на тренинг и после дома се на социјални мрежи опнати... оди некој сега нека журка 24/7 во тек на НБА сезона па да видиш како ќе си помини кај тимот и дали ќе заигра воопшто. Прво ниту ќе можи физички тоа да го издржи, второ нема ни да го остават.

Чисто за споредба, земи го Сиетел на Пејтон и Шон Кемп од тоа време (не мора булси на Џордан) и стави го против БИЛО која денешна екипа од 2020 на терен, со правила од '90 години и ќе видиш шо е јадење метла. Сиетел беше 60+ победи екипа, Џордан ги потопи 4-1. Најди денес екипа која можи да го добие тој Сиетел во НБА финале 4-1, едноставно НЕМА. Ниту психофизички се спремни да го играат тој баскет, ниту има квалитет како Џордан моментално во НБА.

п.п.с.
Џордан НИКОГАШ не бираше тренери за себе. Даг Кристи со кој се согласуваше перфектно му го сменаа со Фил. Џордан за тоа не беше пресреќен - напротив, ама кој го праша? ЗАМИСЛИ во тоа време, со толкав хајп позади себе, најдобриот играч на сите времиња никој не го еба 2% за тоа КОЈ ќе му биди тренер и КОИ ќе му бидат соиграчи. Самиот си признава во документарецот.... го носат Кукоч, никој не го сака кукоч во тимот во тоа време пошто се замерени со Џери Краус, му го носат Родман - до некни Родман го дрецкаше од земја, не сакаа да се видат со очи и беше пред да премини во САС кај ајзеа во тим со кој се смртни непријатели.

Од др страна, Лебронтије си прај екипа, си носи играчи како ќе му прдни (видовме како му оди од ракав тоа со ЏР Смит :D ), те јас ќе играм со овај... те јас ќе играм со онај... те Тајрон Лу ќе ми биди тренер... сè по кеиф и на крај КУРАЦ титула.

Кој го прашал Џордан дали Фил ќе му биди тренер, дали Кукоч ќе му биди соиграч, дали некој ќе ја растури династијата што ја направија во '90 и ќе го брка Фил од тренерско место или било што друго. Се надевам ја сфаќаш разликата која е навистина ГОЛЕМА.
ok
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.579
Мене пример не ми е јасно како упорно некој го става Леброн пред Меџик на ГОАТ листата. Меџик има 9 финалиња и 5 титули во размак од 10 или 11 години, не ме фаќајте за збор, за разлика од Леброн кој има 3 од 6 во финалињата. И не е само тоа, Меџик освоил титула во својата руки сезона и со 206цм играл плеј цела кариера. Играч со ненормално IQ и некако ептен се потценува во ГОАТ дебатите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom