НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
@MacedoniaTimeless
Многу малку беше спомнат Коби, само на почетокот, најворојатно пошто цел овај филм е снимен за тие сезони кога и се одвиваше дејството, а со коби се разминаа не во премногу наврати.

Инаку, серијалот е шанса КОНЕЧНО децата кои се родени баш во тие '90 да можат барем малку да погледнат што се случувало во тие години, кои биле ривалствата на екипте, кој бил мајндсетот во играта и дека сето тоа не било само "just a walk in the park".

Екипи како Селтиск и Лејкерси во '80 и Пистонси, Никси, Рокетс, Јута, Орландо, Сиетел во '90 беа екипи контендери и голем дел од нив кога ќе излезеа на терен не само што ќе те тепаа во баскет туку и буквално (физички) ќе те дрецнеа од земја.
Само од овај факт ко ќе тргниме пресмешна е било која споредба со денешни играчи или самата кошарка како игра бидејќи тогаш јадеа играчите ќотек како магариња - и никому ништо. Од самиот документарец се гледа колку Џордан беше тепан и акан од земја.

Она што ми се свиѓаше и што точно е доловено - како е од другата страна?
Односно, како е од страна на играчите кога ќе погледниш.
Според изјавите на Џордан, Пипен и на сите други во тимот... не дека Џордан беше тиранинот кој ги исмејуваше, караше, им се спротиставуваше на терен, ги правеше подолу од ништо ТУКУ сите до еден потврдија дека ако не го правеше сето тоа (или поголем дел) тие немаше да бидат таму каде што беа т.е. да освојат толку титули.

Дури и самиот Џордан во изјавите порано истакнуваше дека на тренинг игра дури и со поголем интензитет отколку на натпревар бидејќи доколку секоја потешкотија ја совлада на тренинг тогаш кога ќе се најде во иста ситуација на некој меч што е многу битен тоа нема да биди ништо ново за него - односно ќе се сведи на една рутинска реализација. Така и беше.

Цела негова кариера е класично отсликување на тоа што всушност може еден спортист кој има талент или било кој човек да прави во животот доколку посветено работи, без никакво воздржување и без никакви оставања на работите за некој друг ден...
Доколку се понашаш како да нема утре, тогаш работите ќе ти бидат благонаклонети бидејќи после секоја жртва и вложување од твоја страна, резултатите ќе дојдат.

Дури и крајот на 7 епизода беше кај што тој го прашуваат дали е перцепиран т.е. дали е нарушена перцепцијата за „добар дечко“, тој вика победувањето и лидерството си имаат цена.
Никогаш не бараше од соиграчите да прават нешто што и самиот не го имаше направено - ако тој гинеше на терен, тогаш и тие мораа да гинат со него, едноставно таков беше.

Исто, со солзи во очите - пред да побара да се прекини снимањето, рече дека тоа беше неговиот менталитет и беше таков каков што беше па доколку некој не сакал да игра на тој начин, не морал.
Едноставно тоа беше Џордан, барем во моите очи најкомпетитивниот и најкомлпетен спортист што воопшто заиграл.

Во денешно време овие спортисти, особено НБА играчи, не се ни бледа сенка од него, а МНОГУ ретко некој да има таков менталитет. КОБИ можеби беше последниот - затоа и толку го споредуваа со МЏ, не само ради потезите и тоа што ја копираше неговата игра. Тој мамба менталитет му е од МЏ и двајцата останаа препознатливи по таквиот менталитет и баш заради тој ценети и никогаш заборавени.

Да не го растуреа клубот со тоа што го отпуштија тренерот мислам дека барем уште 2 титули не му гинеа со сигурност. Никси веќе беа стари, Рокетси ништо, Санси ништо, Орландо го исплескаа... тој Сан Антонио со рукито данкан имаше да јади ремет невиден... едноставно немаа противник кој ќе ги сопреше.

На крај испадна во право, требаше да ги остават заедно додека освојуваа, првиот момент кога ќе изгубеа финале ќе знаеа дека дојде некој подобар кој и ги победи на терен.

Исто, интересно видео (едно од многуте) е и ова, кај шо се спомнуваат некои статистики и како и во денешно време во голем дел од нив не е надминат - иако играта е променета и е многу полесно да се игра под овие услови сега отколку во годините кога тој играше баскет.

Дакеку од омилен играч ми е, ама дека e GOAT тоа стои, особено што смешен е секој обид да се прави паралела меѓу него и било кој од денешницава.

А за значењето на НБА, колку таа доби од МЏ и што се' тој претставува за лигата може да се види од самите документарци.
Ниту сега, а особено не порано немало никој НИ проближно со толкаво влијание.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Лест Денс прави да сакам пак да почнам да следам кошарка :D
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.143
Поени од реакции
35.152
Дали тогаш општо спортот имал повеќе жар, и бил поблиску до луѓето, или па сме биле копиљаци па све ти изгледало како на филм не знам. Ама во денешно време некако и ривалствата се изгубени и желбата на играчиве да бидат подобри од противнициве. На Баркли реченицата најубаво го опишува ова: Не викам дека не е најдобар, не не викам ни дека е подобар од мене. Денес сите се клањаат на два-тројца играчи. Не зборам само за во кошарка, ова може да се каже и за во фудбалот.
Глеј Пистонси губат финале, не сакаат ни да се поздрават со Чикаго, искачаат 7 секунди пред крај кој ве ебе. Денес ќе се изгушкаат после утакмица како најбоље другари, вечерта на пиво, ги боли цеф што изгубиле утакмица.
Одбрана никаква не се игра, да загризеш да не му дадеш на противникот да те помине, земи шутни е цела игра, центри од 2.13 повеќе се надвор од 6.75 него ли во рекет.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Немој да мислиш дека и тогаш не се журкале после порази, само што не биле медиумски застапени како денес. Уште во првата епизода Џордан кажува за забавите по соби, за тоа како соиграчите се откажале уште во трета четвртина во мечот против Кливленд. Реално првиот пат се повлекува поради љубовта кон коцката, ако не се повлечел ќе бил суспендиран.
Можеби жар имало кај некои големи ривалства - ете кај Булс со Пистонс, Њујорк, Индијана, Јута, Сиетл... ама кога ќе видиш, тие тешки ривалства најмногу до израз доаѓале во плејофот.
Ете и последниве години, Голден Стејт против Кливленд, Торонто против цела Америка (We the North), годинава веројатно ќе биде Клиперс/Лејкерс. Последната четвртина од All Star утакмицата е најдобар пример дека кога треба има жар.
Факт е дека крајот на 80-тите/до средина на 90-тите се златните години на NBA, ама денес играчите се офанзивно многу подобри од претходно. Па нема потешко за бранење од центар кој ти излегува да шутира тројка и тоа со околу 35-40% прецизност. Робинзон, Олајџувон, Мутомбо, Јуинг со кран не ги поместуваш од рекет, а денес центрите мора да се многу поподвижни.
Можеби се играло подобра одбрана, ама и денес има доста добри дефанзивци кога е потребно (плејоф, Торонто на пример).
Нам ни изгледало како на филм поради две работи - сме биле деца и кошарката во Европа била доста поназад.
Веројатно да не се распаднела Југославија филмот ќе сме го гледале од блиску, затоа што на 18-19 години Дражен, Кукоч, Дивац, Раџа и компанија биле подобри од врсниците во Америка.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Па нема потешко за бранење од центар кој ти излегува да шутира тројка и тоа со околу 35-40% прецизност. Робинзон, Олајџувон, Мутомбо, Јуинг со кран не ги поместуваш од рекет, а денес центрите мора да се многу поподвижни.
Денес центрите не се центри, со оглед на тоа што голем дел од нив не знаат да си го бранат рекетот и голем дел од нив воопшто не знаат да играат ниту свртени со лицето, а камо свртени со грбот кон кошот.
НБА е сведена на фати-шутни варијанта и на брза игра со што поголем број на поени, а помал број на контакти.
Тој Олајџувон пола НБА ја има тренирано како да играат под кош, воопшто low post, КОБИ и Леброн кај него земаа часови, како и еден куп други, а и самиот како најголем клучен фактор им ја донесе титулата на Рокетси против Никси, а и со Орландо не беше нешто поразлично.

Во право си за постот, ама освен поените во денешна НБА крајно дискутабилно е која убавина друга ја гледаме. Особено од гледна точка на ривалството, кое да го има и овие што ги напиша ти навистина се ривали, но членот погоре беше во право дека тие ривалства од порано беа поголеми и вистински ривалства - а не во стилот изиграј и оди гушкај се после утакмица.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Па нема потешко за бранење од центар кој ти излегува да шутира тројка и тоа со околу 35-40% прецизност. Робинзон, Олајџувон, Мутомбо, Јуинг со кран не ги поместуваш од рекет, а денес центрите мора да се многу поподвижни.
Повели одбрани го Шек со 150 кила и 215цм во рекет, или Сабонис рецимо. Тој центар што пуца тројки постои шанса и да утне, Шек кога ќе ја прими под кош постои шанса со се топка у обрач да се најдеш.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Повели одбрани го Шек со 150 кила и 215цм во рекет, или Сабонис рецимо. Тој центар што пуца тројки постои шанса и да утне, Шек кога ќе ја прими под кош постои шанса со се топка у обрач да се најдеш.
Се си има предности/слабости, истиот тој Шек кога ќе застане на слободно има реализација од 50%, некогаш и полошо.
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Теоријата дека ради коцката се пензионирал е теорија на заговор ниво џи 5 ствара корона вирус
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Се си има предности/слабости, истиот тој Шек кога ќе застане на слободно има реализација од 50%, некогаш и полошо.
Не го спорам ова што си го напишал, го спорам тоа претходно, дека центар што пуца тројки е најтешко да се брани. :) Не е точно, и тоа не е само Шек доказ за ова што го зборам. Добро до душа моментално кошарката е еволуирана до тоа ниво каде еден играч пасува во еден систем, во друг не, и се повеќе ги снемува играчите од типот на Шек, т.е. тешките центри. За мене како поддржувач на европскиот стил на кошарка најбитни се позиција 1 и позиција 5, иако нели сите 5 играчи се битни и не можеш само со двајца да играш. Али ако ти функционира врската 1-5 тогаш одбрана нема, затоа што секогаш ќе има опција плус за нападот, дали чист шут за 3 поени, дали лесни 2 под кош, дали нешто трето. Доказ за ова што го зборам се Диамантидис и Јасикевичиус во преден план, двајца од најдобрите пик енд рол играчи во историјата.

Обрадовиќ ја темели својата филозофија на пикот, а знаеме кои се централните играчи при п & р играта. На еден камп во Охрид пред 5-6 години, можда и више, имаше прилика Македонија да биде удостоена од присуството на Жељко. И имаше тука еден куп деца меѓу кои и Бубе Младеновски и доаѓа Обрадот и му вика: Ај убаци полухорог. И кретенов нормално скрши табла од што е неписмен и несмасен и Обрад мртов ладен му вика: Е научи ово, потруди се мало ових пар година док се не оформиш и имачеш милион на рачуну. Нормално Бубе го послуша и се оформи во стандарден играч на МЗТ и Avenue, но тоа е веќе друг муабет. :icon_lol:
Муабетот ми е дека тешкашите центри многу потешко се бранат, ама од друга страна таа врста изумира и се повеќе се оди на стреч 5ки и играчи што искачаат надвор од рекет и пуцаат од дистанца, нешто што бешд мисловна именка пред 20тина години, па и поскоро.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316


Aj da ve vidam :)


Durant Kevin
Doncic Luka
Donovan Michel
Draymond Green
Drummond Andre


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.619
Поени од реакции
12.431
Durant Kevin
Doncic Luka
Donovan Michel
Draymond Green
Drummond Andre



Sent from my iPhone using Tapatalk
Како бе вака ? Еднаш име еднаш презиме ? :D

Иначе:

Anthony Davies
Andre Drummond
Andrew Wiggins
Austin Rivers
Andre Iguodala

...тешко срање
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Aj da ve vidam :)

Durant Kevin
Doncic Luka
Donovan Michel
Draymond Green
Drummond Andre

Sent from my iPhone using Tapatalk
зш не Anthony Davis од Лејкерси? :D

Инаку вака по презиме заебано дојде за мене за PG и SG :D

Deandre Ayton (Suns) C
Giannis Antetokounmpo (Bucks) PF
OG Anunoby (Raptors) SF
Grayson Allen (Grizzlies) SG
D.J. Augustin (Magic) PG
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Нема многу избор на Н, маме му ебем :D Морав Френк да го ставам да имам плејмејкер :D
Nunn Kendrcik
Ntilikina Frank
Nikola Jokic
Nikolas Batum
Nikola Vucevic
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom