НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
Капак на се беше техничкиот на Бред Стивенс, кутриот безгласен ко што е едвај собра сила и викна едно Are you kidding me, и доби технички фаул
I vleze 4 metri vo teren pritoa, sto sekako neli e spored pravilata i propisite. Ili ne? :icon_lol:
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.593
На крајот беше лудница тоа е сигурно, ситуацијата со аутот требаше да се досуди ко мртва топка дека стварно нема шанси да се процени чива топка е . Друго, во последниот напад на Селтикс, Тејтум отурнат од Поуп не се суди ништо, да беше Леброн на негово место, 99 % е фаул. Но секако, тоа е тоа. Без Кемба волку мучење, ни чудно не е што заврши првиот меч 139-107 ;)
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Бтв прва победа на Лејкерс против некоја "појака" екипа. Инаку кога ја спомнувате онаа ситуација во која се досуди непостоечкиот аут за Лејкерс имаше и подоцна ситуација кога се досуди на штета на Лејкерс, али генерално судииве во НБА во поглед на судииве во нашава лига се аматери.
 

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
I vleze 4 metri vo teren pritoa, sto sekako neli e spored pravilata i propisite. Ili ne? :icon_lol:
Не беа 4, 2 и пол беа, жими се еве видео:

Не заебаај престрого беше ова, на ваква интересна утакмица, на двата најголеми ривала, на која што Тејтум дава 41 поен, Леброн има клач шут и многу битни поени на крајот, Бил Расел во дрес на Лејкерс да го испоштова Коби , еден куп убај моменти и на крај сите да зборуваат за тоа како судиите го посрале мечот. Фанови на Лејкерси зборуваат дека биле оштетени, а фанови на Селтикс од друга страна зборуваат дека тие биле по оштетени. Тоа е глупото чувство, јас лично уживав вчера на утакмицава, на крај останав на тоа дека судииве ми упропастија еден многу добар меч.


Бтв прва победа на Лејкерс против некоја "појака" екипа. Инаку кога ја спомнувате онаа ситуација во која се досуди непостоечкиот аут за Лејкерс имаше и подоцна ситуација кога се досуди на штета на Лејкерс, али генерално судииве во НБА во поглед на судииве во нашава лига се аматери.
Не ми текнува на овој момент.
Еве видео од последните минути, сеа и двеве што ги постирав се од фан база на Бостон, посебно ова второво по што се фаќа за фаулот над Леброн од Браун, а се гледа контактот воедно и Бред Стивенс побара челинџ, судиите ја потврдија одлуката, а овој вика that was a lovetap мада ко што реков и во претходниот пост знаело и да не се суди она у плејоф утакмица, што не беше случај сега.


п.с. сериозно кансер се фаќа од овој кога го слушаш како збори. :sick:
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Сеуште длабоко вдишивам и очи ми се солзат,уште се ежам кога ќе видам негова слика или ќе го пточитам неговото име,и неможам да верувам дека човеков така бизарно погина,и го нема...
 

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908



Ова е Коби Брајант, дами и господа, the one true goat of our time, за мене секогаш ќе биде Коби број 1 иако не сум најголемиот Лејкерс фан, да може и така. Со оглед на тоа дека не сум гледал НБА во времето на Вилт Чемберлејн, Карим Абдул-Џабар, Докторот, Лери Брд, Меџик Џонсон и 90's Мајкл Џордан, се тоа по видеа и документарци сум изгледал, а сум почнал да пратам по Мајкл Џордан ерата, верувам дека на сите кои се во или близу тој временски ранг на НБА фан, Коби е вашиот човек. Не постои човек, или соиграч или најпросто речено збор кој би го опишал Коби и воопшто неговото влијание во кошарката а и надвор од неа подобар од оној неговиот Mamba - Mentality. Убави се сите овие спомени кога ни ги раскажуваат сите негови пријатели и познаници, на моменти ќе те расплакаат ко мало дете, а во исто време и ќе те вратат назад во еден убав период, во мојот случај тоа е детството, јас буквално пораснав во еден период на суперѕвезди како Коби Брајант, Ален Ајверсон, Шекил О'Нилович, Винс Картер, Карл Мелоун, Гери Пејтон, Пол Пирс, Кевин Гарнет, Тим Данкан и ред други да не ги набројувам, кој во подем, кој на залез на кариера, не ми беше тоа што сакам да кажам, значи покрај сите овие играчишта што ги набројав, а знаејќи дека се ова доаѓа после можеби најдобрата ако не и најдобра, Michael Jordan's ера, кој успеа да ги фрли во втор план сите претходни легенди на НБА и ден денес важи за најдобриот на сите времиња, е ова е тој период каде притисокот е најголем и најтежок, што понатаму, како после еден таков оставен белег во кошарката, е за тоа е потребен тој Мамба менталити, затоа што и покрај се колку и да си добар играч ќе останеш само еден од многуте одлични но не е Мајкл Џордан, во таа златна генерација.
И за тоа е толку голем Коби. Коби не е еден од многуте после Мајкл, Коби е Коби, Коби е број 1, бар за мене.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
14.886
Поени од реакции
16.200
Колку силен треба да си по толкава загуба да излезиш пред толку народ и да држиш говор, за Ванеса зборувам. Без разлика дали била под седативи и што ти јас знам ама секоја чест.
Изгуби сопруг исто така изгуби чедо,незамислива болка, кој знае како и е во душата, не дај Боже никој да не дознаеме.
Го слушаш и гледаш Џордан како зборува за Коби и сваќаш за колкава величина од човек бил.
Лесна му земја, засекогаш ќе биди запамтен, иако не бев некој голем фан, сепак респект за сето она што го остави зад себе, легенда.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Нов мим на Ем Џеј се очекуе.. и сам кажа си знае, малце подзаборавија сеа ново му следува. :D:D Мала позитива у целава трагедија.. Ер.Ај.Пи Коуб !
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.347
Поени од реакции
3.217
LeBron James On Zion Williamson: “The Kid Is Special. In Today’s Game, Where It’s A Track Race, It’s Fast-Paced, It’s High Tempo, It Fits His Game Perfectly.”



Се надевам ке фатат 8мо место Пеликанс, прва рунда Леброн против неговиот наследник..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Некои работи треба да се сменат во новитетот наречен „видео предизвикувања“.
Кога се прави видео челинџ и когa судиите проверуваат одлука - треба да има правило/можност судиите потоа да можат да досудат слободно БИЛО ШТО, наместо да бидат ограничени од претходната пресуда. Сега ситуацијата е дека можат само да ја потврдат или да ја одбијат претходната одлука, не можат да носат нови пресуди. На пример случката со А.Д. што ја коментирате беше ФАУЛ над АД ама не можеа да го досудат пошто прекинот/пресудата претходно била за аут а не фаул. Значи може само да гледаат дали Е или НЕ Е аут, не смеат да гледаат фаули нити били што освен дали е аут. Затоа компензираа со аут за ЛА, иако требаше му да се досуди фаул на Тeјс врз Дејвис.

Исто така не може да се даде видео челинџ за no call - затоа што не може челинџ да се прави ако нема никаква пресуда, пример беше goal tending на шутот од Кузма кога Бостон (не ми текнува кој беше) играа на топка после одбивање од табла - што автоматски се поени.

Не знам колку ме разбираат тие што не гледаат почесто НБА и што не ги знаат правилата, ама се обидов да објаснам.


Инаку интересна утакмица, нема лабавао више - се осеќа више духот на плејофот во утакмициве меѓу подобрите тимови. :)


За аутот да веќе кога гледаа 5 саати требаше да ја преиначат одлуката.
Ај врати една секунда поназад, па можебо ќе го видиш фаулот:
1582802623362.png
 

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
..
Ај врати една секунда поназад, па можебо ќе го видиш фаулот:
Прегледај го приврзокот 235318
Другар, утакмицава се играше пред скоро недела дена, ние го дискутиравме судењето воопшто како целина, а ситуацијата со аутот беше земена како една од повеќето дискутабилни одлуки, за која што ете и ти самиот тврдиш дека била компензација земена за фаулот, што реално гледано по правила не може да се санкционира во таа ситуација, глупо е знам, истото го потенцираат и двајцата коментатори на видеото што беше постирано; и за гол тендингот за кој впрочем се изјаснив погоре што и како мислам, ако веќе ја читаш темата, па уште земал да црта со стрелки и множества. :pos:

Да не ме сфатиш погрешно, се согласувам потполно дека правилата се дебилни во најмала рака за горе споменатите ситуации и дузина други.

Јас ја започнав дискусијата околу судењето како негативен аспект кој го имаа многумина вклучувајќи ги и фановите на двата тима, аспект кој се одрази негативно врз впечатокот на утакмицата која беше прејака и имаше плејоф карактер во смисла на жар и желба за надигрување, како и што треба да биде дерби. На крај заслужено си победија Лејкерс, поготово што им удоволија и повеќе од доволно шанси на Бостон со промашувањата на слободните, и кога веќе не искористија прилика, Леброн зема ја реши со фејдавеј ала Коби во клучен момент, тука се гледа разликата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom