Торонто има најинвентивна одбрана против ѕвездите од противничките тимови, вообичаено варијанти од зонска одбрана со фластер и удвојување на најдобриот играч од противниците. На пример не знам кој се сеќавате ама лани во финалето на плејофот повремено играа 4+1 зона против Голден Стејт, 4-ца во зона и еден фластер на Кари. Пред скоро против Клиперс играа слична 4+1 зона и имаа солидни шанси да ја добијаат утакмицата. Се заинтересирав пред отприлика месец дена кога Торонто ги уби Лејкерси со 3+2 зона и иновативни адаптации во одбрана и генерално гледам да ги пратам и Рапторс кога имам време.
Ник Нурс моментално е најдобар тренер во НБА. Одлична работи прави со Рапторс годинава, посебно во одбрана иако изгубија 2-ца добри одбрамбени играчи летово. Мислам дека Торонто ќе игра пак во финалето на Исток, веројатно и во самото финале на плејофот. Иако се просечни во напад, добрата одбрана им отвара успешен транзиционен напад со многу контри.
Анализа од BBALLBREAKDOWN