Кармело супер игра, подобро и од очекувањата, ја нема брзината и полесно може да се блокира, ама шутот од дистанца си го има, максимално се труди и доста е корисен за тимот. Во Портланд друго е проблемот, се потпираат исклучиво на шутеви, една акција не беше креирана, досега немаше воопшто ситуација играч да остане вишок или пикенрол да се одигра, со ваков начин на игра треба на сите да им оди шутот за Портланд да имаат шанси за победа, а тоа е малку веројатно. Ако еден му оди, едноставно ќе се затвори и тоа е тоа. Исто така дефанзива се очај, не најдов статистика, ама и таму по параметри се меѓу последните сигурно, офанзивен скок кој сака си собира.