НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
Иииииииииииииииииииииииииииииииииии конечно нова тема за новата, 74 сезона на најсилната кошаркарска лига на светот, која почнува во вторник, 22 Октомври со дуелот меѓу шампионот Торонто Репторс и Њу Орлеанс Пеликанс. Регуларната сезона завршува на 16 Април 2020 година. Лигата ке ѕаврши во Јуни по Големото финале. Ол Старот оваа сезона ке се одигра на 16 Февруари 2020 во Чикаго. Ке има три интернационални натпревари и тоа:

  • Шарлот Хорнетс и Милвоки Бакс ке играат во Акор Хотелс Арена во Париз на 20 Јануари 2020.
  • Далас Маверикс и Детроит Пистонс на 12 Декември ке играат во Мексико Сити Арена, а два дена подоцна на истото место ке играат Сан Антонио Спарс и Феникс Санс. Интересно е што за прв пат четири тима ке играат во Мексико Сити натпревар од регуларна сезона.
Инаку треба да се спомене дека и Голден Стејт Вориорс Оракл Арената во Оакланд, во која играа од 1971 до 2019 ја заменија со онаа во Сан Франциско, која се вика Чејс Центар. Исто така Кливленд Кавалирс ја преименуваа салата од Квикен Лоанс Арена во Рокет Моргејџ Филд Хаус.

1571687922150.png

Автоматски споено мислење:

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ДИВИЗИЈА АТЛАНТИК

БОСТОН СЕЛТИКС

Бостон ова лето остана без стожерите на тимот Кајри Ирвинг и Ал Хорфорд. И додека беше јасно дека Кајри ке замине, големо изненадување беше барањето на ветеранот Хорфорд за подолг и поголем договор (4 сезони, 109 милион). Хорфорд замина во Филаделфија, додека Кајри беше заменет со Кемба Вокер, кој лани имаше најмногу поени во кариерата и учество во Ол Стар петорката. Иако не е подобар играч од Кајри, секако се вклопува повеће во екипата на тренерот Бред Стивенс. Не е небитна информацијата дека нема некои тешки повреди во кариерата, а поволен факт е и дека ја има делено соблекувалната со некои нови соиграчи во репрезентацијата, што е секако одлично за тимската хемија. Наместо него во Шарлот е пратен Тери Розиер.
Недостатокот на Хорфорд под обрачите би требало да биде Турчинот Енес Кантер, кај кого поените и скоковите на двете страни од теренот не се проблем, но голем проблем претставува одбраната и покривањето на просторот, како и непостојаниот шут за 3 поени. Како негова замена е доведен Винсент Поирие од Басконија.
На драфтот е изберено повеќенаменското крило Ромео Ленгфорд, на кој му се препорачува баш добра иднина. Грент Вилијамс, низок крилен центар со одличен шут од надворешните позиции, кој е спореден со Дрејмонд Грин, но нешто поспор.
Очекувањата за оваа сезона се место во плеј-офот, што не би требало да претставува ниаков проблем. А во зависност од противникот во првото коло можен е и другиот круг.

1571737414984.png

БРУКЛИН НЕТС

Бруклин ова лето беше многу активен. Кренаа силно во првите минути на ФА периодот и веднаш беше објавено дека нивен член е суперѕвездата Кајри Ирвинг. По него беше објавено дека нивен член ке биде и Кевин Дјурант. Додатно се додадени и ДеАндре Џордан, Вилсон Чендлер, Гарет Темпл, Дејвид Нваба и Енри Еленсон. Преку драфтот е додаден и ценарот Николас Клакстон. Во драфт со Аталанта е доведен и Торен Принс.
Прогнозата е дека Бруклин би требало да стигне во топ4 на Истокот, а може и да изненади со финале во оваа конкуренција, иако секако, тоа без Дјурент е потешкоо, бидејки е најавено негово отсуство цела сезона по повредата во ланското финалето, во кое играа Торонто и Голден Стејт.

1571737433279.png

ЊУ ЈОРК НИКС

За жал се случи уште едно лето во кое навивачите на Никси беа разочарани. Откако имаа големи шанси да го добијат првиот пик на драфтот поради позицијата во лигата, за жал тоа не се случи. Во ситуација кога го добија третиот пик на драфтот, тие го одбраа РЏ Барет. Њу Јорк се одрекна од многу небитни играчи, а беа донесени Елфрид Пејтон, Џулиус Рендл, Маркус Морис, Боби Портис, Тај Гибсон, Реџи Булок и Вејн Елингтон.
Прогнозата е дека Никси ке бидат подобри од лани, во која имаа скор 17-65.

1571737460246.png

TOРОНТО РЕПТОРС

Шампионот ова лето остана без двајцата клучни играчи Кавај Ленард и Дени Грин кои во Торонто дојдоа по еден интересен трејд и во кој успееја да освојат титула. Тешко е заминувањето на МВП-то Кавај Ленард, но исто така и на одличниот дефанзивец Грин. Секако дека е тешко да се доведат квалитетни играчи како нивни ѕамени, па Репторси посегнаа по Стенли Џонсон и Рондо Холис-Џеферсон, како и недрафтуваниот Теренс Дејвис. Шутот ке пробаат да го надокнадат со Мет Томас кој дојде од Валенсија.о така договорот на Лаури го продоложија за уште една година.
Очекувањата зависат од две ситуации, на крај на сезоната на Гасол, Ван Флиит и Ибака им истекуваат договорите, па ке има значајно место во селери капот, иако следната година понудата на квалитетни играчи ке биде мала. Местото во плеј-офот е загарантирано, па можеби и во полуфиналето, се преку тоа е тешко, пред се поради недостатокот на квалитетот на Ленард, иако може генералниот менаџер на Торонто Масај Урији да изненади со некој луд трејд како оној на Ленард и Грин.

1571737485475.png

ФИФЛАДЕЛФИЈА 76ЕРС

Филаделфија го изгуби Џими Батлер кој замина во Мајами и кој решаваше многу натпревари, но ова значи и поголема одговорност ѕа младите ѕвеѕди Ембид и Симонс. Донесен е Ал Хорфорд, Кајл О ’Квин, Џош Ричардсон го замени Џеј Џеј Редик, а Ти Џеј МекКонел е заменет со Раул Нето и Треј Бурке.
Очекувањата се дека овој тим може да дотурка и до Големото финале, бидејки после Милвоки се сметаат за најдобар тим на Истокот.

1571737521907.png


ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

ДЕТРОИТ ПИСТОНС

Пистонс ова лето реши да ги пополнува дупките во ростерот. Џон Леуер беше пратен во Милвоки, а во обратен смер дојде Тони Снел и прв пик на драфтот ( Кевин Портер Јуниор кој беше испратен во Кливленд. Доведен е и најмладиот МВП во историјата на лигата, Дерик Роуз. Исто така ново засилување е и Маркиф Морис. Донесен е и Џо Џонсон, а драфт е изберен Секу Думбуја како 15 пик.
Очекувањата од оваа екипа е дека ке обезбеди место во доигрувањето. На рака им оди и податокот дека многу конкуренти се многу послаби за разлика од лани. Но, Пистонс ги имаат Грифин, Роуз и Реџи Џексон, кои се инџури проун играчи. Сепак тие го имаат еден од најдобри кондициони тренери Арни Кендер, па ако гореспоменатиот троец биде здрав од Пистонс може да се очекува многу.

1571737248142.png

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС

Индијана летово работеше на реконструкција на ростерот, па воглавно беа доведени млади играчи. Доведен е Малком Брогдон од Милвоки Бакс, Ти Џеј Ворен пристигна од Феникс, во еден контроверзен трејд, кој заедно со Џереми Ламб треба да ја одржува надворешната линија на тимот. На тимот се приклучи и Џастин Холидеј, ветеранот кој треба да помага во шутерскиот сегмент, како и Ти Џеј МекКонел. На драфтот е избран грузискиот центар Гога Битадѕе.

Пејсерс ке пробада направи корак напред и да се пласира во другиот круг на плеј офот. Тимот е доста подмладен и надограден, така што би требало да имаат респектабилен напад, заедно со одбранбениот идентитет на тренерот МекМилан. Сепак многу ствари ке зависат и од повратокот на Оладипо, чиј повраток се очекува во декември. Еден од најголемите прашалници е како ке се покаже Брогдон, човекот во кој се вложени многу пари и пикови. Дали тој ке може да го одмени како лидер Оладипо до неговот кам бек, доколку се случи тоа многу екипи не би сакале да играат проти Индијана.

1571737559511.png

КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС

Кливленд работеше при крајот на сезоната да го добие Зион Вилијамс, така што по скорот беше во трите најслаби екипи во лигата. Сепак лотаријата му го донесе на Кливленд петтиот прот пик и изборот падна на Дариус Гарланд. Голем прашалник е дали тој и Секстон ке се надополнуваат добро. Најголема промена е направена на тренерската позиција каде е доведен Џон Беилен, тренер со 42 годишно, но без НБА искуство. Кливленд преку драфт ги доведе и Дилан Вајндлер и Кевин Портер Јр.
Резултатски успешност на сезоната ке зависи најмногу од првата ѕвезда на екипата Кевин Лав. Се очекува да се најде одличен партнер во намера да се добија што повеке пикови и со тоа да се гради млада и талентирана екипа која ке го нападне разигрувањето подоцна.
Иако Кавси имаат неколку ветерани во екипата, тие не се спремни да преземаат поголеми улоги, па се очекува да имаат повторно лош скор како и во ланската сезона. Се очекува да имаат 20 до 25 победи и да пробаат да ги развијат младите носители на играта.

1571737594896.png

MИЛВОКИ БАКС

По поразот во финалето на Истокот, ГМ на Бакси Џонрст по секоја цена сакаше да го задржи јадрото на тимот. Па така нови договори потпишаа Крис Мидлтон, Брук Лопез и Џорџ Хил. Доведен е одличниот шутер-ветеран Кајл Корвер, како и Весли Метју. Донесен и братот на Брук, Робин, а како полесно би го обезбедиле потписот на Јанис, доведен е неговиот брат Танасис. Исто така дојде и Драган Бендер. Брогдон ке биде сигурно голем губиток за тимот, па можеби и Никола Миротиќ, кој замина во Европа.
Финалето на Истокот не би требало да претставува проблем за Бакс, Во ситуација кога конкурентите останаа без главните играчи се ке зависи од Адентокумбо. Имаат одлична ротација, одлично е и што Гркот има работено многу на шутот (една од неговите најлоши мани во играта).

1571737967749.png

ЧИКАГО БУЛС

Главниот потег Чикаго го направи со доведување на тренерот Ото Портер. Во тимот ги нема Антонио Блејкенеј и Вејн Селден, но најмногу на навивачите би недостасувал Робин Лопез. Неговото заминување е заменето со Тед Јанг, додека на бековската позиција е доведен Чехот Томаш Саторански. Како седми драфт е избран Коби Вајт, а земен и Даниел Гафорд, а доведен е и центарот Лук Корнет.
Повредите лани го уништија развојот на младите играчи. Сепак овој тим претставува спој на талент и ветерани. Зак ЛаВин мора да проигра во одбрана и да ја подобри селекцијата на шутот, Марканен мора да биде константно добар, додека Вендел Картер мора да остане на паркетот. Ако успеат во тоа, Чикаго ке имаат симпатична петорка. Доколку главните играчи останат здрави се очекува да имаат поме ѓу 33 и 37 победи оваа сезона.

1571737672238.png


JУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

АТАЛАНТА ХОКС

Атланта го доби четвртиот пик на годинешниот драфт и изборот падна на Де Андре Хантер. Како десети пик (поради ланскиот трејд со Далас) го одбра Кам Редиш. Покрај нив го зедоа и центарот Бруно Фернандо. Покрај нив Атланта ги доведе и ветераните Еван Тарнер, Ален Краб и Чендлер Парсонс. Поради интересната конкуренција во конференцијата, Атланта може да се надева на место во плеј офот. Иако имаат неколку ветерани, сепак оваа екипа е една од најмладите во лигата, па се очекува соѕревање на играчите.

1571737690128.png

ВАШИНГТОН ВИЗАРДС

Наместо да прават ребилдинг, Вашингтон се одлучи да остане на статус кво. Се одлучија да прават екипа околу за жал не изгледа ни малку убаво. Се откажаа од небитните ветерани Грин и Ариза, но и оние важни како Саторански, кој добро се надополниваше со Беал. Иако го драфтуваа Хачимура, останатите потеѕи беа катастрофални. Беше доведен скоро пензионираниот Ајзеа Томас и Иш Смит кој дојде од Детроит. На крило е донесен Исак Бонга, Мајлс кој дојде место Хауард, е уште еден ветеран кој повеке време проведува вон теренот, наместо на него поради видот. Се говори и тоа дека надворешните играчи МекРе и Андерсон беа најенергични. Од високите играчи е доведен Вагнер од Лејкерс, како и . Добар потег е и доведувањето на Бертанс, кој дојде од Спарси.
Лани со ветеранскиот ростер, Вашингтон догура до 32 победи. Оваа сеѕона се очекуваат 25 до 30 победи. Многу важно е здравјето на Беал. Томас Брајант своето во нападот ке го заврши, Бертанс ке постигнува тројки. Барем ке имаат многу време да видат дали Браун и Хачамура имаат талент.

1571737300497.png

МАЈАМИ ХИТ

После минатосеЗонското неиграње на плеј офот и пензионирањето на Двејн Вејд, Пет Рајли и Сполстра решија да направат промени во ростерот. Донесен е Батлер кој е одличен играч во двата смера, исто така во драфт со Портланд дојде и Маерс Ленард. На драфт ги зедоа Тајлер Херо, како и Нигериецот Кеј Зи Окпала. Тешко е да се прогнозира до каде ке оди Мајами во ситуација кога главните играчи им се подлежни на повреди. Сепак од четврто до шесто место на Истокот, не би требало да не чуди.

1571737734041.png

ОРЛАНДО МЕЏИК

Орландо успеа своето младо јадро да го остави недодирнато. На Вучевић и на Теренс Рос им е продолћен договорот на четири години. Дојде Ел Фарук Амину. Тимот го напуштија Тимофеј Мозгов, Џериан Грант и Џонатан Симонс, но дефинитивно најголем губиток ке биде Џерел Мартин. На драфт е избран како 16 пик Чума Океке. Се очекува Орландо да игра плеј оф.

1571737795798.png

ШАРЛОТ ХОРНЕТС

Во овој тим заврши ерата на Кемба Вокер, што ги натера челниците на Шарлот да склопуваат нова екипа. Која не изгледа сјајно. На драфт во прва рунда го избраа Пи Џеј Такер, а во втората Џејлен МекДаниелс. Во драфт со Бостон дојде и Тери Розиер. А покрај Вокер си заминаа Џереми Ламб, Френк Камински и Џеј Пи Макура.

1571737329284.png
 
Последно уредено:
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Хорнетс ќе се тешко дно. Коби Вајт гази претсезонава, исто како и Тајлер Хиро, ќе видиме како ќе одат нивните сезони. Атланта има многу интересен тим, мислам дека може да изгураат до плејоф.

Пистонси го вејвнале Iso Joe :(
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ДИВИЗИЈА ПАЦИФИК

ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС

Голден Стејт остана без двајцата од четирите главни играчи. Клеј Томпсон го чека долга пауза, додека Кевин Дурент замина во Бруклин. Андре Игудала си замина и сеуште е без ангажман, а Шон Ливингстон отиде во пензија. Дојде ДАнџело Расел, кој би бил интересно засилување, вреди да се спомене и Вили Коули Стајн, и уште некои играчи кои ке требаат да ги закрпат бековските позиции. Исто така треба да се напомене дека Голден Стејт го промени и градот каде ке ги игра натпреварите. Првпат по петте финалиња по ред, ГСВ немаат шампионски амбиции. Во ситуација кога се очекува Томпсон да се опорави од тешката повреда, се очекува тимот да заврши во долниот дел од плеј офот, што секако би им влевало страв на можните противници, поради нивната репутација.

1571738101096.png

ЛОС АНЏЕЛЕС КЛИПЕРС

Успееја да го доведат играчот кој го сакаа сите и да им го земат пред нос на градскиот ривал Лејкерс. Кавај Ленард. А како бонус подарок го добија и третиот кандидат за МВП според гласовите, Пол Џорџ. Клучните играчи ги задржаа, а се одрекоа од пиковите. Слаби се на центарската позиција, па го пикираа Мфионд Кагенбеле, а на драфт исто така го зедоа и Теренс Ман. Лани оваа екипа во шест натпревари го намачи вонсерискиот Голден Стејт. Во ситуација кога доведоа и двајца вонсериски играчи оваа екипа делува страшно и со право ги ставаат во фаворити за освојување на НБА лигата.

1571738125274.png

ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС

Во ситуација кога Лејкерс не обезбедија плеј оф, Роб Пелинка реши да прави крупни потези на пазарот. Се откађа од младите Бол, Инграм и Харт, а го зеде еден од, ако не и најдобриот висок играч во лигата, Ентони Дејвис. Дојде и ДеМаркус Казинс, но доживеа тешка повреда, па како негова замена беше земен Двајт Хауард. Како тим со шампионски амбиции ги привлече Џаред Дадли и Квин Кук. Вреди да се спомене дека се потпишани и одличните дефанзивци Ејвери Бредли и Дени Грин, кој е еден од најклучните играчи во освојувањето на титулата на Торонто. Ке се сложиме, единствено нешто на што мислат во Лејкерс е титулата. Клиперс, градскиот ривал им се првиот конкурент на патот, потоа Хјустон, Милвоки и година дена поискусните Филаделфија. Сепак се зависи дали тимов ке го одминат и повредите. Било како било, ова ке биде интересна сезона за Езерџиите.

1571738142936.png

ФЕНИКС САНС

Феникс, како и Њу Јорк се надеваше дека ке дојде до Зион Вилијамс, но зал тоа не се случи, во таква ситуација како 11 пик е избран Камерон Џонсон, а како 24 Ти Џером. Доведен е и МВП-то на последното Светско првенство, Рики Рубио. Како и Дарио Шариќ во трејд со Минесота. Дојде и Арон Бејнс. Да играат во плеј оф, во онаква конкуренција на западот е речиси неможно, затоа солидна сезона е се што се очекува од овој тим.

1571738167858.png

САКРАМЕНТО КИНГС

Сакраменто лани беа едно од најголемите изненадувања во НБА лигата, иако не успееја да влезат во доигрувањето. Сакраменто го смени тренерот, на оваа позиција беше ангажиран Лук Волтон. Потпишан е нов договор со Харисон Барнс. Доведен е Кори Џозеф и Тревор Ариза. Дојде и центарот од Атланта, Дивејн Дедмон, како и Ришон Холмс и Тајлер Лидон. Кога е во прашање овој тим, најреално е да завршат 13 на Западот. А кога е во прашање бројот на победите, тоа би требало да биде околу 38.

1571738194299.png


СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

ДЕНВЕР НАГЕТС

Нагетси лани го имаа вториот најдобар скор во западната конференција. Во првиот натпревар во плеј офот, во седум меча ги исфрлија Сан Антонио, но во полуфиналето изгубија од Портланд. Денвер е екипа со најмалку промени од сите тимови. Сите главни играчи останаа, а како огромно засилување е донесен Џерами Грент од Оклахома, а се очекува конечно да експлодира и суперталентираниот Мајкл Портист Џр. Најголема предност на Денвер е тоа што за разлика од другите тимови имаат јадро кое е воиграно во последните 3-4 сезони. Нагетси се исто така еден од најмладите тимови во лигата и доста се силни на домашен терен, што покажува и минатогодишниот скор.
Најмногу резултати ке зависат од Џамал Мареј и во колкава мерка ке е спремен да му помогне на Никола Јокиќ. Се очекува и напредување на Гари Харис кого го уништија повредите, а од новиот играч Грент се очекува да даде голем придонес во одбраната. Денвер не би требало да има проблеми за влез во плеј оф, а прогнозите велат дека имаат реални шанси да бидат во топ 4 екипите на Западот.

1571738281524.png

ЈУТА ЏЕЗ

Јута беше доста активна ова лето и го смени изгледит на екипата. Како слоагенти заминаа Раул Нето, Табо Селфошоа, Рики Рубио, Екпе Јудо, Ерик МекКре, Наз Лонг и Тајлер Кавано. Во замена за Грејсон Ален, Џае Крафорд и Кајл Корвер у уште некои драфт права, дојде Мајк Конли од Мемфис. Како слободен агент беше потпишан Хрватот Богдан Богдановиќ. Најважна аквизиција е секако Конли кој ке го замени Рубио, а можеби грешка е што не доведоа добра четворка наместо Богдановиќ, бидејќи се солидно пополнети на таа позиција. Можеби и можеа да го задржат Рубио за евентуален драфт со Кевин Лав, но...
Конли е искусен плеј оф играч, Рубио е еден од најдобрите центри во лигата, а Мичел, секако, напредува одлично. Прашање е кој ке бидат старниот крилен центар и крило. Проблем е слабата ротација на крилниот центар. Во ситуација кога сите конкуренти на Западот се засилија, се повеќе од прва рунда во плеј офот, која не се доведува во прашање, е успех за Џезерите.

1571738307984.png

МИНЕСОТА ТИМБЕРВОЛВС

Во Минесота заврши ерата на Тибодо и на клупата седна Рајан Сондерс. Најголема аквизиција е Џерет Кулвер. Ова можеби е и паничен потег, откако Кавси им го зедоа Гарланд, со што им пропадна шансата да го пополнат местото на позицијата плејмејкер. Единствен кој им остана на таа позиција е Џеф Тег. За ситниот простор во капот ги доведоа Шабаз Напие, Ноа Вонлен и Џордан Бел и Џејк Лајман.

Иако имаат прва петорка која изгледа ок, сепак стаклените нозе на Тег се најголемиот проблем. На клупата состојбата е катастрофална, така да евентуалното дно во конференцијата или можно место во плеј офот (ке се сложиме, многу тешко) би била прогнозата за оваа екипа.

1571738330084.png

ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР

Останаа без двајцата најдобри играчи, од кои едниот беше заштитно лице на франшизата, но добија многу пикови. Посебно за Џорџ, кој им донесе пет пика. За Расел Вестбрук добија два пика, а еден добија и за Џерами Грант кој замина во Денвер. Со сево оваа имаат одлична основа за ребилдинг. Шаи Глигориус-Александер се покажа во првата сезона како интересен играч и ако не биде прва ѕвезда на тимот, улогата на втора не му паѓа тешко.

Се очекува огромен пад на Оклахома оваа сезона, за разлика од претходните. Можеби првата петорка личи возбудливо, но клупата е тотална катастрофа. Сепак им оди во прилог и тоа што немаат амбиција за повисок пласман. Се очекува Сем Прести да го припреми теренот за новите играчи кои ке ги добијат на драфтовите.

1571738354938.png

ПОРТЛАНД ТРЕЈБЛЕЈЗЕРС

Портланд ова лето го доведе Хасан Вајтсајд, Кент Бејзмор и Марио Хезоња. Доведен е ветеранот Пол Гасол. Останаа без Енес Кантер, Сет Кари, Еван Тарнер, Ал-Фарук Амину, Џејк Лејман итн. Нападачки изгледаат никогаш подобро, уште на тоа кога ке се додаде и кам бекот на Јусуф Нуркиќ (се очекува некаде во Ноември). Дефанзивно изгледаат топло-ладни.

Полуфиналето е можеби крајниот домет на оваа екипа, бидејќи ке се сложиме, конкуренцијата на Западот е никогаш посилна.

1571738383309.png

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

ДАЛАС МАВЕРИКС

Дојде крајот на иконата на Далас, Дирк Новицки. Лука Дончиќ се покажа одлично во совјата руки сезона. Фантастичните игри на Словенецот, ги натераа челниците на Далас да доведат и друга опција. Го искористија распадот во Никси и го доведоа високиот центар, Летонец Порзингис. Како помош на Дончиќ на шутерските позиции се донесени Сет Кари и Делон Рајт. Донесен е и високиот Србин, Бобан Марјановиќ.
Ако успее тренерот Карлајсл да го доведе нападот во топ 10 и одбраната да ја направи просечна, можеби нема да изненади местото во плеј офот. Да се на Истокот, 4 или 5 место не им бега, но на Западот, во огнена конкуренција, те ни малку едноставно...

1571738414379.png

МЕМФИС ГРИЗЛИС

Лани Мемфис го пратија Марк Гасол во Торонто, а оваа година Мајк Конли заврши во Јута, со што почна процесот на ребилдингот. Двајца клучни елементи на овој процес ке бидат играчите од минатогодишниот и овогодинешниот драфт, Џарен Џексон и Џа Морант.. Земен е и Брендон Кларк, МВП-то на Летната лига, а вреди да се споемене и Џае Краудер кој дојде од Јута, како и Андре Игудала кого го собраа како слободена агент. Дното во Западната конференција не им бега, од последното место единствено може да ги спасат нешто малку засилениот Феникс или Оклахома.

1571738435884.png

ЊУ ОРЛЕАНС ПЕЛИКАНС

Среќата им се насмеа и им го донесе Зион Вилијамс како првиот пик на драфтот. А потоа следуваше бомба. Најдобриот играч Ентони Дејвис го трејдуваа во Лејкерс, а за тоа добија додатни пикови, како и младите Брендон Инграм, Џош Харт и Лонзо Бол. На драфт ги избраа и Џексон Хејс и Никеил Александер-Вокер. А треба тука да се спомене и ветеранот Џеј Џеј Редик. Клуч на оваа сезона е да се тестираат поранешните играчи на Лејкерс, пред се Инграм, но и да се види колку е добар Зион. Се очекува да имаат 35 до 40 победи, што би било одлично за оваа франшиза.

1571738458547.png

САН АНТОНИО СПАРС

За почеток засилување им е Деџонте Мари, кој лани ги скина лигаментите во предсезоната. Можеби ке беше помагично Маркус Морис да не ја прифатеше понудата на Никси, пред онаа на САн Антонио, но...Го трејдуваа Бертанс поради малиот простор во селери капот, па дојде ДеМар Керол од Бруклин, a на драфт ги избраа Лука Шаманиќ и Келдон Џонсон. Во една сезона останаа без Тим Данкан, Ману Џинобили, Тони Паркер и Кавај Ленард, кој замина во Торонто. Но, и покрај тоа имаат одличен тим кој може да дотурка до плеј офот, а можеби и до полуфиналето на Западот. Се на се клучевите на успехот ги држи Грег Попович.

1571738491426.png

ХЈУСТОН РОКЕТС

Хјустон, освен што направи земјотрес, на геополитички план, со ирационален потег, направи земјотрес и кога Крис Пол реши да го замени со Расел Вестбрук. Сето ова донесе земјотрес и во соблекувалната на Хјустон, занејќи каков играч е Вестбрук, но чудата се можни секогаш да се случат...Ги доведоа ветеранот Тајсон Чендлер и Рајан Андерсон, а за ротација го доведоа и бекот Бен МекЛемор. Изгледа не очекува дежа ву што се однесува до очекувањата во сезоната. Одлична регуларна сезона, а потоа во плеј офот да се изгубат. Уште на ова кога ке се додаде и силната конкуренција на Западот, полуфиналето би било крајната цел за овој тим.

1571738515185.png
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.944
Поени од реакции
5.140
Нa Истoк пoвтoрнo ке биде дoсaднo и биткaтa ке се вoди пoмегу 76ерс и Букс.Нa Зaпaд убиствo,Денвер,Пoртлaнд,Џез,Клиперс,Лејкерс,Хјустoн,Спурси,Вaриoрс без некoј рaспoред би требaлo дa влезaт вo плејoф.Дaлaс,Кингс и Пеликaните ке биде интереснo дa се види дo кaде ке стигнaт и дaли ке имaaт силa дa влезaт вo првите oсум.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Се изнагледав колку шо можев да се изнагледам хајлајтси од предсезонскиве, видеа од јутубери и официјални канали и сум прехајпнат за следнава сезона. Па ајде да си дам мнение пред да почнит.

Генерално,а до некаде и логично шампионот го гледам на Запад. Лејкерс очекувано ми делуват после припремниве најспремен, најуигран некако. Со оглед на то колку ветерани имет кој шо низ текот на годините играле 1000 пати меѓусебе, па си ги знает меѓусебно јаките и слабите страни, па ми е и разбирливо.Плус, не знам после колку години во преден план на езерџиите е одбраната како главна карактеристика на екипа, а после нападот (за кој знајме дека ако имат свој ден одит 120+ без проблем), така шо ако се е во ред од аспект на здравје и хемија, ЛАЛ ми е прв фаворит.

Зад нив Клиперс, знајме зошто , знајме како. Кај нив ќе имат многу поголема потреба од уигрување него ли во екипата од другиот крај на градот, иако изузем центарската позиција, се можда и подобро дефанзивно спремни од Лејкерси. Скептик сум само ради то шо и Кавај, а особено Џорџ имет потреба од докажување и можно е да изгорет во истото. Џорџ имаше еден обид неуспешен во ОКЦ кој не беше воопшто негова кривица, и сигурно сега ќе имат и поголема желба, но и поголем притисок со оглед на то шо во очите на многу луѓе Клиперси се и први фаворит пред било кој. Сепак, со Лу, Харел и Шамет, за кој шо сите сметет дека годинава е кандидат за лидер во %за 3 и контендер за шести играч дури пред Лу вадат втора петорка која е подобра од нечиви први. А таква екипа, во сечии очи е главен контендер за титула.

Хјустон ми е последната екипа од запад која е "асална" за титула - шо би рекол Шек "If they figure it out"(знајме зш :) ). Под асална, не мислам на талент или на добри кошаркари, туку мислам на искуство, ширина на ростер и некој си зенит кој шо двајцата главни батки го имет достигнато, потпомогнати од Капела како трета виолина и ќе трајт не појке од 2-3 години, па морат да го искористет. Двајцата зедоа МВП, двајцата срушија рекорди во трипл дабли и поени низ годиниве, шо мислам дека редно е да се фокусирет на титула и да си ги жртвовет тие статистики бар една сезона.

Сепак, сметам дека во регуларниот дел на сезоната најдобра игра ќе прикажат Денвер и Портланд, и нив ги гледам во првите 5 екипи шо ќе изборет пласман за плејоф.Денвер сеуште не е печен за титула, и cilingot им е conference final.Али рачунам дека во регуларна сезона ќе бидит истата слика како лани. Ќе си ја ископирет истата игра, со оглед на то шо не си го сменаа тимот скоро па ич, и дури другите фатат чекор тие ќе избегет во првиот дел на сезоната.Портланд се подобра екипа од лани. Со носењето на Хезоња, Бејзмор и бато Хасан си створија таква дубина во тим шо ако се склопат коцките,не би ме зачудило Портланд да стигнит и до финале на Запад.А таму, се е можно. Али пак, споредбено со првите 3 екипи, сеуште се позади. Не за многу, али се...

Мене лично, најинтересна екипа ќе ми бидит Далас. И ќе ја отепам од гледање. И за жал, немат да фатат плејоф..не годинава. ГСВ ќе е уан мен тим. И оттука очекувам Кари да бидит МВП на рег.дел од сезоната. Али далеку..далекуу ќе се од то шо беа изминативе 5 години. Според кажаното, јас лично, очекувам ваков расплет во регуларен дел на сезона.

1. Хјустон
2. Денвер
3. Лејкерс/Клиперс
4. Портланд
5. Лејкерс/Клиперс
6. ГСВ
7. Јута
8. Сакраменто/Сан Антонио

На исток приказната ќе ја водит Милвоки и чичко Јанис. Мислам дека ќе се толку доминантни со Филаделфија шо дури немат да е фер.Измеѓу нив две им давам предност на Милвоки од проста причина шо во екипа го имет ланскиот МВП, а исто така концептот на игра и играчи ќе им е горе долу ист како лани.
Филаделфија ќе ја имат истата играчка филозофија како лани, само со подобар крилен центар и полош бек шутер него лани. Горе-долу ист баланс како лани, али сметам дека ќе им требит време да се уигрет, особено како Хорфорд и Ембид ќе функционирет, со оглед на то шо и едниот и другиот можат да покривет и 4ка и 5ка.
На Бруклин ќе им требит многу време дури им трнит кочијата, па дур се приклучит и КД така да најдоброто од нив требит да го гледаме во плејоф.
Бостон после неуспешната епизода со Кајри се завртија на плеј кој шо е дефакто послаб играч од него, меѓутоа многу повеќе настроен кон екипата и по "хармонично" ориентиран (сите од Бостон изјавија као Кемба изгледат ко 10 години заедно да игрет, со сите воспоставил одличен однос). Редно е годинава да испливат талентот на Браун и тејтум на виделина. Од нивната игра зависит како и дали Бостон ќе просперират. На ваков слаб исток фаќет лесно плеј оф, ама не ги гледам на финале на Исток.
Изненадувањето во оваа конференција го гледам во Мајами. Мајами ме искркаа предсезонава, особено Тајлер Хироу и Нан. Со Џими, Драгич и Бем како главни адути, двете рукија, Винслоу, Олиник , Робинсон..имет компактна екипа и смеат да се надеваат да фатат место во првата четворка. Индијана го изгуби Бојан, го зеде Брогдон шо за мене е даунгрејд од лани. Сепак Оладипо ако е здрав,и нив ги гледам да обезбедат плејоф.
Истокот го гледам вака:

1. Милвоки
2. Филаделфија
3. Бруклин
4. Бостон
5. Мајами
6. Торонто
7. Детроит
8. Индијана

Па, да видиме :)
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
MVP : James Harden
MIP : Jayson Tatum
ROY : Ja Morant
6MOY : Spencer DInwiddie
DPOY : Rudy Gobert
Coach of the year : Frank Vogel

Чисто едно прогноза, свашта може да се деси . .ете колку да се рече :). Профи сезона следи у секој случај !! :vozbud:
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.944
Поени од реакции
5.140
MVP : James Harden
MIP : Jayson Tatum
ROY : Ja Morant
6MOY : Spencer DInwiddie
DPOY : Rudy Gobert
Coach of the year : Frank Vogel

Чисто едно прогноза, свашта може да се деси . .ете колку да се рече :). Профи сезона следи у секој случај !! :vozbud:
Зa Vogel ке биде успеш aкo oстaне нa клупa дo All Star викендoт,aкo не успее циркузoт вo Лејкерси прв ке гo јaде.
Вo пoследниве гoдини зa мене Spoelstra е трнериште бидејќи без вистински супер стaр вo тимoт Мaјaми влaгaaт вo првите oсум.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Зa Vogel ке биде успеш aкo oстaне нa клупa дo All Star викендoт,aкo не успее циркузoт вo Лејкерси прв ке гo јaде.
Вo пoследниве гoдини зa мене Spoelstra е трнериште бидејќи без вистински супер стaр вo тимoт Мaјaми влaгaaт вo првите oсум.
Така бе друже се ти е на место муабетот, чисто прогноза да се најдам у муабет беше ова. У свак случај долга сезона е се може да се деси.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Ок, преска ја утнав темата..

Брееј Сиакам какво играчиште е само..


Ништо, ептен тапа сезона ќе биде ова за Торонто, слаб е истокот ама ипак
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom