Првите 2 епизоди се парче, кој ќе чека цела недела за да излезат уште нови две...
Како што кажа и Стефан, ова е одличен приказ што претставувал Џордан за НБА, кошарката и за цел свет воопшто, лесно може да се каже дека е #1 спортист во историјата. Секоја споредба е ок, Коби вс Леброн, дали биле (не)оправдани креирањата на супер тимови во последните 10тина години (Селтикс, Мајами, Голден Стејт), и сите други препуцавања меѓу фановите постојат и секогаш ќе има спротивставени мислења, but don't touch MJ man. Убедливо ГОАТ, па сите други играчи може да дојдат да се подредат после него. Симбол за кошарка и нејзиното постоење во светски рамки без дилема. Не знам дали е планирано али ваљда е, точно на годишнината од рекордни 63 поени против Бостон во плејофот го пуштија документарецов.
Во документарецов е уште подобар квалитетот, ама и од ова ќе може да се наежи човек. Just from the intro alone your already down by 10.