4ти блок сезонава за победа, убедливо најдобар дефанзивец а последните 10 утакмици е и на просек на 20 поени по утакмица. Топ утакмица синоќа, мислам дека Дончиќ против Мичел ќе биди одличен дуел на западот наредните 10 години.
Вечер од 9 и 30 Денвер со Хјустон, од 10 Сан Антонио против Торонто. 2 вечери одлични утакмици во нашите термини, многу подобро од глупостите на истокот шо ги даваја. Јокиќ после повредата на Мареј и критиките дека е премногу пасивен конечно презеде одговорност и гази последните 5-6 утакмици но сеуште прима многу поени во рекетот, очекувам страшна утакмица и од Вестбрук.