НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
^ ^
Ова значи дека мора пак да ангажирам бајачки... Само не е страшно се додека Лејкерси не водат 3 : 1... ;)



Плејоф Рондо :icon_lol:
Нека заврши плејоф, тогаш ќе го коментирам (да не го урочам). :)
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Без врска се имплементира правилото за „влегување на вертикалниот цилиндар на играчот“.
Да, беше потребно заради идиоти како Заза Пачулиа (и Бовен пред него) да не осакатуваат противнички играчи. Но мора да се најде начин ова да функционира подобро (посебно на фаулите за шут на 3-ка).

Без врска се практикува и влегувањето во векторот на движење на напаѓачот. Ич не ми се допаѓа колку безазлени потези се судат како фаули.


Тоа кажано, правилата се исти за сите.
Судењето цела сезона е за никаде - АМА СУДЕЊЕТО ЗА СИТЕ Е ИСТО. Денвер да играа повеќе под кош (а покушаваа, и јадеа банани), ќе им беа судени и повеќе фаули. Ама со Јокич во фаул трабл и надвор од игра, тие и немаат некоја игра под противничкиот кош. Мареј дава толку поени кога противничките центри не се одлепуваат од Јокич.

И се разбира дека тренерот на Денвер ќе прави притисок врз судиите со вакви изјави. Тоа му е работа.


Лејкерси намерно и очекувано играат претежно под кошот на противникот. Не се шутерски тим. Што очекуваа Денвер дека ќе се деси кога ќе го стават Јокич да игра како примарен и единствен дефанзивен центар? Па дури и кога ќе се адаптираат на ова во втората утакмица - очекувајте дека Лејкерси ќе напаѓаат преку човекот кој го чува Јокич - уште полошо (за Денвер) тоа најверојатно ќе биде преку А. Дејвис.

Денвер веројатно ќе се пребацат на зонска одбрана, пошто други тимови (посебно Торонто) имаа успех со таква одбрана. Но очекувам дека Лејкерс ќе продолжат и тогаш да напаѓаат под кошот дури и по цена на многу повеќе турновери.

Повторно во врска со личниве грешки: Не ми е јасно што е толку спорно. Барем не се намерно играни ситуации за да се извлечат фаули, на пример како што тоа професионално го прави Харден (на секоја утакмица по дузина пати).


Инаку ми се допадна планот на ЛАЛ, играа на тоа што се најјаки. Не само играњето преку центрите (А.Д. ѕвер, ама и Хауард добро се покажа посебно во комбо со Рондо). Одлично играа меѓу себе пик&рол Леброн и Карусо. Не само тоа туку и одбраната беше топ (посебно кога Хауард беше во игра).

Ќе биде сега интересно да видиме како ќе се адаптира Денвер. Пошто 3 серии по ред успешно се адаптираат на противниците... Серијава уште не е готова. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391

Плејоф Рондо :icon_lol:
Да не го заборавиме кошот од позади табла. :)






...во меѓувреме, другиот клуб од ЛА:
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
19.172
Мноо добра утакмица.Бостон гази, ама Мајами е Германија.Хиро кида,прату га сфаку утакмицу, не сам пропуштија на Мајами, а и на Бостон у плејоф.Убаво конф финале.
Сакам Бостон да осфои.Али Мајами би било најреално заслужено.
Весткоуст сакс.
Леброн и Јокиќ су антипатични.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Сполестра и Мајами изгледа ја гледале анализата на BBALLBREAKDOWN (а јас се надевам дека и Вогел ја гледал, или барем последните 3 минути) :)
Се шалам, ама добра е анализата:





Бонус:
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Леброн 20 поени од 41-те што ги имаат Лејкерс моментално, 6' од втора четвртина.

Брат4е ilz, 4ita6 li???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom