Иако уште ми се чини како нестварно тоа што се случи утринава постов мора да го започнам со овој клип.
Искрено не верував дека во блиска иднина ќе ги видам Репторси на тронот на НБА, и сезонава по освоената титула на истокот бев среќен со самото учество во големото НБА финале. Но клипот е баш за сите фанови кои не веруваа и се сомневаа во оваа екипа која искрено во својата историја доживеа повеќе heart breaking моменти отколку успеси. И згора на тоа во финалето требаше да се сретне со ни помалку ни повеќе туку Голден Стејт Вориорс.
But we had fuckin' Каваи Ленард, кој се сеќавам уште кога го трампавме летово сите велеа дека ќе игра онака незаинтересирано сезонава и едвај ќе чека да заврши сезоната за да си замине. Иако уште не ја знаеме неговата одлука, тоа што човекот го направи за Торонто во една сезона е еднакво со поставување негова статуа пред ScotiaBank Арената.
Интересното е тоа што за изненадување на многумина, Ленард имаше огромна помош од соиграчите кои последните неколку сезони НБА хејтерите уживаа да ги зезаат, иако сите знаат колку е тешко во оваа лига да се освои се и да се стигне до врвот. Затоа и јас преферирам да не ги исмевам играчите кога имаат лоши настапи бидејќи in this game влијаат премногу фактори.
Искрено ми е жал за Дурант (кој тврдам дека навивачите на Торонто не се радуваа на неговата повреда, туку сето тоа се случи во акција по која Торонто доби контра и во тие моменти никој во салата не знаеше колку е сериозна повредата, па затоа сите извикуваа КД при неговото излегување од теренот) и посебно за Клеј Томпсон кој е страшен играч и мој омилен од оваа екипа на Вориорси.
Сите играчи на Торонто имаа свој придонес во финалето, и никој не можам да обвинам за некаква лоша партија бидејќи секој може да има лоша вечер. Сиакам кој пред неколку сезони Торонто го пушташе во G League тимот каде се сеќавам дека и ја освои титулата таму со Raptors 905, се покажа одличен, посебно против Дрејмонд (hate this guy) и посебно утринава кога ги погоди тројките на стартот од натпреварот знаев дека Репторси ќе имаат шанса за победа (откако шутираше 0-12 за три последните неколку натпревари).
Ибака кој освои титула пред Харден и Вестбрук, дефинитивно не сакаше Вориорси повторно да се вратат од 3-1 водство како против тогашната негова Оклахома. Одличен во одбраната и сигурен во нападот во последните четвртини. Гасол синоќа ништо не му одеше од рака, но фала богу не се гледа само последниот натпревар. Човекот иако воопшто не е некоја атлета игра паметно и иако многумина неможат тоа да го видат имаше огромен придонес во освојувањето на титулата (btw Марк и Пау Гасол првите браќа со титули во НБА).
Кајл Лаури кој очигледно беше разочаран што си замина Derozan, очигледно сфати дека ваква шанса да игра со играч како Ленард можеби никогаш нема да му се пружи во кариерата, па по 0 поените против Орландо стана лидерот кој и беше потребен на екипата (не само при постигнување поени). Можеби е поради тоа што човекот има big booty
па лесно може да слета, но не познавам друг плеј кој толку добро се поставува при offensive fouls. Пак ќе повторам со повреден прст, човекот шутираше неверојатно за три и не дозволи никогаш ГС да се одлепи.
Кога сме кај тројката, МВП според мене покрај Каваи, беше fuckin ФРЕДИ VanVleet! Пред да му се роди детето во плејофот имаше 2 поени по натпревар, но Nick Nurse очигледно знаеше дека може да му верува. Вакви клач тројки посебно во последните четвртини сигурен сум дека никој не очекуваше од него. Но како што вели он за себе: Bet on yourself!
За Ленард aka King of the North веќе се е кажано и се уште тврдам дека моментално е најдобар и најкомплетен играч во НБА и играч кој најмногу ме потсеќа на МЏ. Не треба да се заборави дека и тој не беше комплетно 100% здрав но човекот е борец и никогаш не се откажа (дури играјќи и за Канаѓаните
).
Бројкиве погоре не се за потценување!
Уште еднаш ќе повторам, Репторси сезонава имаат нестварни 4-0 во Oracle Арената и вкупни 6-2 против досегашните шампиони!
Почнавме со ебате DJ Augustine, а завршивме со трофејот.
Now WE THE CHAMPS baby!