Ова е најголемата глупост што ја имам прочитано во врска со НБА во последно време. Секоја чест, си се потрудил за постот, има добри и точни работи, ама ова...
Не знаел акција да нацрта Буденхолзер, а ликот за тренер на годината го избраа, ученик на Поп, СТРАВА ТРЕНЕР. Анте како Симонс бил
Тренер на годината е награда која се доделува според гласовите на спортските критичари/колумнисти, од истите тие критичари кои на пример, за Симонс пишуваа две години пред да дојде во лигата дека партал ќе праел, па и за еден Вигинс итн....Така да, толку за вредноста на оваа престижна награда. На Ранко Бубамара ќе му речам да воведе и кај нас некоја слична награда, ако ја нема веќе во понуда.
Ејвори Џонсон во 2006, Мајк Браун во 2009, Тибодо во 2011. Вие Кобевци, се сеќавате ли колку пати го исплукавте тренерот на годината Браун, и колневте во фијаско сезоната со Двајт во ЛА и зошто ?Ами, и со Диантони како поминавте ?
А Бајрон Скот, тренерот на годината ви помогна ли во сезоните 2014/15 и 15/16, плејоф мириснавте ли ? Три тренери на годината се изредија во период од три години да го управат измочаниот Лејкерс, и ја дупнаа.
И друг истакнат тренер, со оваа реномирана награда- Скот Брукс, партали прави со Вашингтон последниве години!
А Тибодо пак пратил CV за конкурс во Walmart, за позиција во магацин (работа со виљушкар), ми потврдија пред некоја недела,синчето на комшијата е во HR таму (на пракса, го дриблаат за 900 USD на црно) и му ја забележало апликацијата.
Брет Браун, друг помошник тренер кај Попович ја шина со Процесов!
https://en.wikipedia.org/wiki/NBA_Coach_of_the_Year_Award
Едноставно, секоја будала која греела клупа, била фикус, лампион, друг инвентар или опкружување на Попович со години, не значи дека биднала СТРАВА тренер !
Sekako deka e podaj ja na Janis, nema problem.
Клип од серијата Бостон-Бакс, поделен во неколку сегменти, многу ситуации пред се за играта и стилот на Антето опасниот, малку и за нападот на Бакс. Материјалот е претежно од првите 2 натпревари, сосема доволно е за да се опише играта на Антето, без разлика која екипа му е противник:
- предвидлив е многу, претпочита и најчесто оди на влезови од десна страна (бидејки таа и му е јаката страна), кога води топка со десна рака има подобра контрола (просечна), при игра на лева страна од теренот не е многу снаодлив, не може ништо да изигра ако навреме го затворат, спор е латерално. (1.58, 2.07, 2.24, 6.36, 6.47, 6.56, 7.48)
- за да ја заштити топката при водење/дриблинг на влез, независно од која страна оди, често нелегално ја користи другата рака против дефанзивецот, особено а му се залепат (прекумерна употреба на сила), со цел да си направи малку простор и за да не изгуби топка при водење (1.05, 1.20, 1.44, 2.15)
- кога игра на левата страна/половина на терен, особено долж аут линија или кога има малку простор за маневар (ако го чува поагилен играч или некој покорпулентен а кој може да му парира во движење), често мора да го користи телото/рамото против залепен дефанзивец, да го избутка за да створи простор и да изгради позиција за шут, игра на сила, фаули во напад не му ги судат - пример први две ситуации од клипот (Хорфорд, Бејнс) Ако начека играч во конституција како Тејтум коската, лесно ќе продре преку него до кошот, "незадржливиот" Анте.
- на влезови не ретко оди праволиниски кон дефанзивецот, како коњ е(играч со негова висина и не може да смени нагло насока), знае да се закова лесно во играчот противнички, со фаул во напад мајмун лесно го прават.
- контри и полуконтри му е претежно играта, сегмент каде е и најопасен демек, последниве 2 години поднаучил некоја финта, се труди ама не е умешен : ролинг селски (ако го трефне тајмингот и ногата!) или смешен јуро-степ, расчепатен како шпага(го гледал он Ману, ама не е така лесно), и тие две офанзивни решенија му се.....чекори често прави при такви ситуации кои не му ги свират, заштитен знак му стана тој тренд.....паљачокомпу (8.44, 8.55 )
- во контри чекори не му се судат многу пати, особено ако се закова, во гужва, ситни чекорчиња (9.04, 9.12, 9.25 цела екипа Бостон реагира оправдано)
-не може да шутира од дриблинг, може да сонува само да биде просечен шутер..... за три кога пуца ќе се посере, многу му треба местење, екипите нормално го оставаат, личи како второ одделенец да шутира со медицинка на прв тренинг ...бунари за извоз не се исклучок.
-кога противничките екипи навремено реагираат =колабираат дефанзивно и му го затворат рекетот во контра, мора да вади надвор кон соиграч за три, и така трупа шупливи асистенции/статистики -Пример за флуидниот нападот на Бакс на 6.14.
- слаба прегледност за "плејмејкер" на терен, затоа што и нема ни П од плејмејкер!
-може на слаба одбрана или на прв чекор некој да скине 1-1, макар и на сила (7.33), и толку ...
- дискутабилни контакти му судат редовно, привилегиран е за толкав сомутрак (од 3.25 до 4.42 минутажа)
Сума сумарум, 6 години игра веќе во лигата и прогресот во неговата игра офанзивно е минимален, дури и занемарлив, небитен! Без шутери околу него, да му отворат малку простор и да му го спасуваат газот не вреди пет пари. Играчи како него лимитирани, се одличен материјал преку хајлатси да се продадат на широките народни маси, за играчишта!!
За едноличноста на нападот на Бакс кратко, како пример само првата четвртина од вториот натпревар е земена: покрај софистицираната офанзивна шема "дај му ја на Гркот и нека оди на сила 1-1", друго на менито кај Буденхолзер е еден та ист елементарен сет кој се игра целата прва четвртина (од 4.44 до 5.24 минутажа на клипот) = Бледсо, Миротич, Лопез се изредија на лево крило за три, Антето префрла топка на десна половина, чека некој да се ослободи и да прими пас за шут од лево крило, на крај па и Антето да проба 5.34, зошто да не.
При крајот на клипот( од 9.53 до крај) проблемите на Бостон во серијата и причините за поразот опишани преку две ситуации- шашав напад, себичлук и шут за три, доволно е.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Еден многу битен момент оваа година, во серијата со Бостон, заборавен или незабележан медиумски, додека сите опасни "критичари" и аналитичари се натегаа во критиките и коментарите каде Бостон потфрлил, кој згрешил, лидерскиот капацитет на Ирвинг, што било и како било.....чорбата на youtube што редовно се сервира:
Гркот на 86 шута имаше 65 слободни оваа година ~ на 1 шут по 1 слободно го частеле, а во минатогодишната серија со Бостон беше 121 со 55, драстична разлика. Бројот на обиди од слободни по натпревар му е скоро дуплиран оваа година. Критиката на Ирвинг по 3-от меч, кога Анте испуца само 22 слободни е на место, на Бостон им беа врзани рацете да играат малку поагресивно, ма ништо брутално, нормална плејоф одбрана. При такви критериуми наметнати од судиите уште од самиот почеток на серијата, не може да се чува играчот, недопирлив го направија. Со оглед дека Бостон го имаше за противник минатата година и го шлакаа, а со тоа и имаа искуство за дуелот годинава, плус и материјал и филм за анализи како да го чуваат, тогаш или Бостон (со тренерот) во меѓувреме, за 1 година оглупавеле и тимски и индивидуално(правејки несмасни фаули) или нешто друго е во прашање!
Историски, во последниве 40 години во НБА, покрај Антето (18 и 22 слободни на 2 и 3 -от натпревар, респективно)само неколку играчи имале во плејоф последователни натпревари од иста серија со по 18+ слободни, реткост е оваа појава. Харден 2017-та (ништо ново), Леброн 2009, Двајт (2010 и 2011) , секако Вејд во 2006 финалето, кога ги опљачкаа Далас и Вејд го правеа недопирлив, Поштарот 1997, Баркли 1986 итн.......
На линкот подолу сите мечеви/серии со повеќе детали за истите.
http://bkref.com/tiny/qbDK8
Двајт се знае зошто противниците го фаулираа, Баркли и Мелоун играа во времиња кога се јадеше ќотек и лесни поени немаше, и позицијата им беше таква. Лигата го токмеше Леброн за финале со Коби во 2009, против Орландо, во серија од 6 натпревари, на 154 шута Леброн имаше 94 слободни!! 24 слободни имаше на третиот натпревар, 18 на четвртиот, 19 на петтиот.
https://www.basketball-reference.com/playoffs/2009-nba-eastern-conference-finals-magic-vs-cavaliers.html
Мечот со 24 слободни за Леброн
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Буденхолзер начека екипа со 44 победи, по турбулетната сезона 2017/18, не почна од корен!
Минатата сезона, Џо Пранти, многу искусен како помошник тренер во НБА од 90-те наваму, избран како привремено решение по отказот на Кид, да ја истера сезоната до крај (10 години беше асистент кај Попович, и тоа во првата половина од минатата декада), па и него го исплескаа Селтикс во прва рунда, без Гордон и Ирвинг, екипа од дечишта неискусни (Тери, Смарт, Џејлен, Тејтум ~ 22 години просек) водени од Хорфорд. Смарт, како екстра катанец на рекетот, фалеше оваа година, но и минатата година само 3 натпревари изигра серијата, така да тоа не е оправдување.
https://www.basketball-reference.com/playoffs/2018-nba-eastern-conference-first-round-bucks-vs-celtics.html
https://www.basketball-reference.com/playoffs/2019-nba-eastern-conference-semifinals-celtics-vs-bucks.html
Јадрото на Бакс е исто од минатата година. Минатата година Куртон Мејкер и Хенсон играа за Бакс, офанзивно дудуци но 20 блокади понудија. Тери годинава само 29 поени за 5 натпревари, само во 7-от натпревар минатата година постигна толку (26) и цела серија на Бледсо му земаше јаначиња и го возеше, Бледсо и оваа година беше лепешка, олеснителна околност за Бостон. Брогдон само еден натпревар изигра. Гордон не може да оди, спор е....
Бостон шутираа лани солидни 35% за три, оваа година мизерни 30%. Со Ирвинг требаше да креираат многу полесно отворени шутеви (за три и општо), и ги имаа премногу но и се изнапромашија ,5-от меч катастрофално, слично како и 7-от минатата година со Кливленд кога и ја спичкаа серијата и го почастија Леброн со уште едно финале. Премногу индивидуализам и недисциплина во нападот кај Бостон, тиква шут од дистанца, дефанзивно колапс 3 меча за ред во трета четвртина/почеток на 4-та четврт. Џорџ Хил на 33 год. го направија како Вејд, да им шета во рекет со мизерна одбрана, 17 поени просек на последни 3 меча (годините во Индијана се мачеше за 13-14 поени просек плејоф!)
На Ирвинг му влезе ѓаолот на Вестбрук последниот меч.....Распад. Бостон играше со 70% од потенцијалот. Хорфорд најконстатен, Џејлен пристоен, се друго озбилно потфрли.
Бакси на вториот натпревар требаше да постават историски рекорд на клубот, со 20 тројки постигнати на меч во плејоф, за да си го спасат газот. Да го изгубеа и вториот меч дома......
Место да киснеш 24/7 на форумов и да крекаш и дофрлаш во секоја тема, за внимание само и лајкови да собираш, искористи го тоа време да изгледаш по некој натпревар, ЦЕЛ, за да знаеш бар нешто што се случува на терен, а не од хајлајтси да ми носиш заклучоци! Ако и тогаш не можеш да укапираш, па има и други канали на ТВ во понуда, пример побарај го Лов и Риболов у HD!