НБА Сезона 2017-2018

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 март 2009
Мислења
8.057
Поени од реакции
8.910
Prv game 7 buzzer beater vo istorijata..
Realno se osven pobeda na GSW protiv Bucks vo finale bi bilo iznenaduvanje ama aj da vidime..
Sixers ke imat interesno leto sea so prasalnici okolu butler harris i brown.. Makar sho i simmons posle performansite ne treba da ima taka sigurna idnina.. Embiid i pokraj loshata serija se vide na krajo kolkava e zelbata kaj nego i siguren sum deka ako ne go sjebat povredite ke bidi eden od top 5-6 centri sho nekogas zaigrale
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
12.681
Поени од реакции
13.287
Od igrac na koj u prv plan mu bese defanzivata stana prav ubica svaka cas.Se nadevam deka Lal nekako ke go izlazat da dojde :D

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
2.978
Почнав да гледам НБА во 2001, кога на МТВ фатив реприза од Торонто - Сакраменто (Со Дивац, Стојакович, Вебер). Тогаш го видов за прв пат Картер кој е и причината што станав фан на Репторси, но најмногу се сеќавам на Game 7 истата година (у време кога пратев резултати на телетекст), но за среќа пак МТВ вршеше пренос (good times). Ако Винс Картер не промашеше поради проклетиот обрач во First Union Центарот во Филаделфија, мислам дека Торонто ќе имаше добри шанси во финалето против Лејкерси (кои тогаш беа страшни btw).


Scary е како после 18 години, Торонто и Филаделфија повторно играат Game 7 од полу-финале на истокот, каде Милвоки повторно го чека победникот, резултатот речиси ист, шутот на Ленард повторно scary similar со оној на Винс, но со само една битна разлика: обрачот!!! Подобар redemption за Торонто не може човек ни да посака, иако ќе беше перфектно ако Картер беше во екипата. :)

За Ленард нема што многу да се каже. Obviously he's made in a lab, но синоќа покажа човекот дека има чувства. Thanks уште еднаш Каваи за најдобриот момент во клупската историја на Репторси. Respect!


 
Член од
23 август 2010
Мислења
28.580
Поени од реакции
62.399
Prv pat go gledam so emocii na negovoto lice, a poso u prv moment ne dadoa odma kadar od Lenard, nego par sekundi podocna, koga go dadoa si bese so standardnata negova faca, ozbilen ko nisto da ne se desilo. :D Ali posle na site snimki se gleda deka vrie od emocii u momentot koga topkata paga u kos i mora da se kaze deka i in a i momcite od Reptorsi go zasluzija toa.

Ako zborime detalno za serijata, po mene Toronto povekje prikaza od Fila koja raka na srce go imase bolniot i povreden Embid sto bese golem hendikep.

Okolu finalinjava, KD nema da igra prvata 100%, a mnogu verojatno i vtorata, mada pak ne gledam kako Portland bi gi dobile niv...

Na istokot prednost na Baksi im davam, edno radi domasniot teren drugo radi iscrpenosta na Reptorsi. 7 8 igraci vo rotacija koristi Toronto, ke im umrat igracite... Premnogu go forsiraat Lenard, mislam sve okej likot e zver ama ima kvalitet Toronto i na mnogu drugi strani, Gasol, Siakam, Lowry, ali jebiga taa e filozofijata na trenerot.
 
Член од
23 февруари 2015
Мислења
703
Поени од реакции
761
Sto saka neka se sluci, samo da ne se spojat letovo Kevin Durant i Kawhi. Zavrsi prikaznata togas.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
248
Поени од реакции
435
Ова е најголемата глупост што ја имам прочитано во врска со НБА во последно време. Секоја чест, си се потрудил за постот, има добри и точни работи, ама ова... :facepalm: Не знаел акција да нацрта Буденхолзер, а ликот за тренер на годината го избраа, ученик на Поп, СТРАВА ТРЕНЕР. Анте како Симонс бил :pos:
Тренер на годината е награда која се доделува според гласовите на спортските критичари/колумнисти, од истите тие критичари кои на пример, за Симонс пишуваа две години пред да дојде во лигата дека партал ќе праел, па и за еден Вигинс итн....Така да, толку за вредноста на оваа престижна награда. На Ранко Бубамара ќе му речам да воведе и кај нас некоја слична награда, ако ја нема веќе во понуда.

Ејвори Џонсон во 2006, Мајк Браун во 2009, Тибодо во 2011. Вие Кобевци, се сеќавате ли колку пати го исплукавте тренерот на годината Браун, и колневте во фијаско сезоната со Двајт во ЛА и зошто ?Ами, и со Диантони како поминавте ?
А Бајрон Скот, тренерот на годината ви помогна ли во сезоните 2014/15 и 15/16, плејоф мириснавте ли ? Три тренери на годината се изредија во период од три години да го управат измочаниот Лејкерс, и ја дупнаа.

И друг истакнат тренер, со оваа реномирана награда- Скот Брукс, партали прави со Вашингтон последниве години!

А Тибодо пак пратил CV за конкурс во Walmart, за позиција во магацин (работа со виљушкар), ми потврдија пред некоја недела,синчето на комшијата е во HR таму (на пракса, го дриблаат за 900 USD на црно) и му ја забележало апликацијата.

Брет Браун, друг помошник тренер кај Попович ја шина со Процесов!

https://en.wikipedia.org/wiki/NBA_Coach_of_the_Year_Award

Едноставно, секоја будала која греела клупа, била фикус, лампион, друг инвентар или опкружување на Попович со години, не значи дека биднала СТРАВА тренер !
Sekako deka e podaj ja na Janis, nema problem.
Клип од серијата Бостон-Бакс, поделен во неколку сегменти, многу ситуации пред се за играта и стилот на Антето опасниот, малку и за нападот на Бакс. Материјалот е претежно од првите 2 натпревари, сосема доволно е за да се опише играта на Антето, без разлика која екипа му е противник:


- предвидлив е многу, претпочита и најчесто оди на влезови од десна страна (бидејки таа и му е јаката страна), кога води топка со десна рака има подобра контрола (просечна), при игра на лева страна од теренот не е многу снаодлив, не може ништо да изигра ако навреме го затворат, спор е латерално. (1.58, 2.07, 2.24, 6.36, 6.47, 6.56, 7.48)

- за да ја заштити топката при водење/дриблинг на влез, независно од која страна оди, често нелегално ја користи другата рака против дефанзивецот, особено а му се залепат (прекумерна употреба на сила), со цел да си направи малку простор и за да не изгуби топка при водење (1.05, 1.20, 1.44, 2.15)

- кога игра на левата страна/половина на терен, особено долж аут линија или кога има малку простор за маневар (ако го чува поагилен играч или некој покорпулентен а кој може да му парира во движење), често мора да го користи телото/рамото против залепен дефанзивец, да го избутка за да створи простор и да изгради позиција за шут, игра на сила, фаули во напад не му ги судат - пример први две ситуации од клипот (Хорфорд, Бејнс) Ако начека играч во конституција како Тејтум коската, лесно ќе продре преку него до кошот, "незадржливиот" Анте.

- на влезови не ретко оди праволиниски кон дефанзивецот, како коњ е(играч со негова висина и не може да смени нагло насока), знае да се закова лесно во играчот противнички, со фаул во напад мајмун лесно го прават.

- контри и полуконтри му е претежно играта, сегмент каде е и најопасен демек, последниве 2 години поднаучил некоја финта, се труди ама не е умешен : ролинг селски (ако го трефне тајмингот и ногата!) или смешен јуро-степ, расчепатен како шпага(го гледал он Ману, ама не е така лесно), и тие две офанзивни решенија му се.....чекори често прави при такви ситуации кои не му ги свират, заштитен знак му стана тој тренд.....паљачокомпу (8.44, 8.55 )

- во контри чекори не му се судат многу пати, особено ако се закова, во гужва, ситни чекорчиња (9.04, 9.12, 9.25 цела екипа Бостон реагира оправдано)

-не може да шутира од дриблинг, може да сонува само да биде просечен шутер..... за три кога пуца ќе се посере, многу му треба местење, екипите нормално го оставаат, личи како второ одделенец да шутира со медицинка на прв тренинг ...бунари за извоз не се исклучок.

-кога противничките екипи навремено реагираат =колабираат дефанзивно и му го затворат рекетот во контра, мора да вади надвор кон соиграч за три, и така трупа шупливи асистенции/статистики -Пример за флуидниот нападот на Бакс на 6.14.

- слаба прегледност за "плејмејкер" на терен, затоа што и нема ни П од плејмејкер!

-може на слаба одбрана или на прв чекор некој да скине 1-1, макар и на сила (7.33), и толку ...

- дискутабилни контакти му судат редовно, привилегиран е за толкав сомутрак (од 3.25 до 4.42 минутажа)

Сума сумарум, 6 години игра веќе во лигата и прогресот во неговата игра офанзивно е минимален, дури и занемарлив, небитен! Без шутери околу него, да му отворат малку простор и да му го спасуваат газот не вреди пет пари. Играчи како него лимитирани, се одличен материјал преку хајлатси да се продадат на широките народни маси, за играчишта!!

За едноличноста на нападот на Бакс кратко, како пример само првата четвртина од вториот натпревар е земена: покрај софистицираната офанзивна шема "дај му ја на Гркот и нека оди на сила 1-1", друго на менито кај Буденхолзер е еден та ист елементарен сет кој се игра целата прва четвртина (од 4.44 до 5.24 минутажа на клипот) = Бледсо, Миротич, Лопез се изредија на лево крило за три, Антето префрла топка на десна половина, чека некој да се ослободи и да прими пас за шут од лево крило, на крај па и Антето да проба 5.34, зошто да не.

При крајот на клипот( од 9.53 до крај) проблемите на Бостон во серијата и причините за поразот опишани преку две ситуации- шашав напад, себичлук и шут за три, доволно е.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Еден многу битен момент оваа година, во серијата со Бостон, заборавен или незабележан медиумски, додека сите опасни "критичари" и аналитичари се натегаа во критиките и коментарите каде Бостон потфрлил, кој згрешил, лидерскиот капацитет на Ирвинг, што било и како било.....чорбата на youtube што редовно се сервира:

Гркот на 86 шута имаше 65 слободни оваа година ~ на 1 шут по 1 слободно го частеле, а во минатогодишната серија со Бостон беше 121 со 55, драстична разлика. Бројот на обиди од слободни по натпревар му е скоро дуплиран оваа година. Критиката на Ирвинг по 3-от меч, кога Анте испуца само 22 слободни е на место, на Бостон им беа врзани рацете да играат малку поагресивно, ма ништо брутално, нормална плејоф одбрана. При такви критериуми наметнати од судиите уште од самиот почеток на серијата, не може да се чува играчот, недопирлив го направија. Со оглед дека Бостон го имаше за противник минатата година и го шлакаа, а со тоа и имаа искуство за дуелот годинава, плус и материјал и филм за анализи како да го чуваат, тогаш или Бостон (со тренерот) во меѓувреме, за 1 година оглупавеле и тимски и индивидуално(правејки несмасни фаули) или нешто друго е во прашање!

Историски, во последниве 40 години во НБА, покрај Антето (18 и 22 слободни на 2 и 3 -от натпревар, респективно)само неколку играчи имале во плејоф последователни натпревари од иста серија со по 18+ слободни, реткост е оваа појава. Харден 2017-та (ништо ново), Леброн 2009, Двајт (2010 и 2011) , секако Вејд во 2006 финалето, кога ги опљачкаа Далас и Вејд го правеа недопирлив, Поштарот 1997, Баркли 1986 итн.......

На линкот подолу сите мечеви/серии со повеќе детали за истите.
http://bkref.com/tiny/qbDK8

Двајт се знае зошто противниците го фаулираа, Баркли и Мелоун играа во времиња кога се јадеше ќотек и лесни поени немаше, и позицијата им беше таква. Лигата го токмеше Леброн за финале со Коби во 2009, против Орландо, во серија од 6 натпревари, на 154 шута Леброн имаше 94 слободни!! 24 слободни имаше на третиот натпревар, 18 на четвртиот, 19 на петтиот.

https://www.basketball-reference.com/playoffs/2009-nba-eastern-conference-finals-magic-vs-cavaliers.html

Мечот со 24 слободни за Леброн
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Буденхолзер начека екипа со 44 победи, по турбулетната сезона 2017/18, не почна од корен!

Минатата сезона, Џо Пранти, многу искусен како помошник тренер во НБА од 90-те наваму, избран како привремено решение по отказот на Кид, да ја истера сезоната до крај (10 години беше асистент кај Попович, и тоа во првата половина од минатата декада), па и него го исплескаа Селтикс во прва рунда, без Гордон и Ирвинг, екипа од дечишта неискусни (Тери, Смарт, Џејлен, Тејтум ~ 22 години просек) водени од Хорфорд. Смарт, како екстра катанец на рекетот, фалеше оваа година, но и минатата година само 3 натпревари изигра серијата, така да тоа не е оправдување.

https://www.basketball-reference.com/playoffs/2018-nba-eastern-conference-first-round-bucks-vs-celtics.html
https://www.basketball-reference.com/playoffs/2019-nba-eastern-conference-semifinals-celtics-vs-bucks.html

Јадрото на Бакс е исто од минатата година. Минатата година Куртон Мејкер и Хенсон играа за Бакс, офанзивно дудуци но 20 блокади понудија. Тери годинава само 29 поени за 5 натпревари, само во 7-от натпревар минатата година постигна толку (26) и цела серија на Бледсо му земаше јаначиња и го возеше, Бледсо и оваа година беше лепешка, олеснителна околност за Бостон. Брогдон само еден натпревар изигра. Гордон не може да оди, спор е....

Бостон шутираа лани солидни 35% за три, оваа година мизерни 30%. Со Ирвинг требаше да креираат многу полесно отворени шутеви (за три и општо), и ги имаа премногу но и се изнапромашија ,5-от меч катастрофално, слично како и 7-от минатата година со Кливленд кога и ја спичкаа серијата и го почастија Леброн со уште едно финале. Премногу индивидуализам и недисциплина во нападот кај Бостон, тиква шут од дистанца, дефанзивно колапс 3 меча за ред во трета четвртина/почеток на 4-та четврт. Џорџ Хил на 33 год. го направија како Вејд, да им шета во рекет со мизерна одбрана, 17 поени просек на последни 3 меча (годините во Индијана се мачеше за 13-14 поени просек плејоф!)
На Ирвинг му влезе ѓаолот на Вестбрук последниот меч.....Распад. Бостон играше со 70% од потенцијалот. Хорфорд најконстатен, Џејлен пристоен, се друго озбилно потфрли.
Бакси на вториот натпревар требаше да постават историски рекорд на клубот, со 20 тројки постигнати на меч во плејоф, за да си го спасат газот. Да го изгубеа и вториот меч дома......


Ги гледаше текмите?
Tretata, prvite dve HL
Место да киснеш 24/7 на форумов и да крекаш и дофрлаш во секоја тема, за внимание само и лајкови да собираш, искористи го тоа време да изгледаш по некој натпревар, ЦЕЛ, за да знаеш бар нешто што се случува на терен, а не од хајлајтси да ми носиш заклучоци! Ако и тогаш не можеш да укапираш, па има и други канали на ТВ во понуда, пример побарај го Лов и Риболов у HD!
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
557
Поени од реакции
306
^
Буденхолзер начека екипа со 44 победи, по турбулетната сезона 2017/18, не почна од корен!

No go smeni nacinot na igra. Milvoki od 2017/2018 ne e ni blisku do godinasniov tim, i da napravija nekoi izmeni vo rosterot koi im pomagaat u nivniot stil na igra. Sporedi 3pt % minatata godina so ovaa.

A poentata za Budenholzer moze da ti se sporedi so Mark Jackson i Steve Kerr. Da, Kerr otide vo namesten tim no toj e toj sto go smeni stilot na igra vo gsw koj im donese mnogu uspeh.

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.057
Поени од реакции
8.910
Scary е како после 18 години, Торонто и Филаделфија повторно играат Game 7 од полу-финале на истокот, каде Милвоки повторно го чека победникот, резултатот речиси ист, шутот на Ленард повторно scary similar со оној на Винс, но со само една битна разлика: обрачот!!! Подобар redemption за Торонто не може човек ни да посака, иако ќе беше перфектно ако Картер беше во екипата. :)
Ushte poscary e sho 18 god posle negoviot prime,Carter seushte e vo ligata onaka labavo
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
2.978
Ushte poscary e sho 18 god posle negoviot prime,Carter seushte e vo ligata onaka labavo
Затоа и кажав дека ќе беше перфекција ако Картер потпишеше со Репторс пред крајот на сезоната и беше дел од сето ова.

Кога ќе ми текне како се мачеше со зглобот и коленото, ретко кој ќе му предвидеше толку долга кариера. Но i guess with years comes the wisdom, па типот научи како да се чува, да не се форсира и да игра во склоп со годините и улогата што ја има во тимот.

Btw го нема никаде да се огласи, ама ајде може ќе честита титула.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
28.580
Поени од реакции
62.399
Ne znam zaso gluposti mi zboris, Ante nemal nikakov ofanziven napredok za 6 godini :pos: kako da zboram so tebe posle ova? I glej sto si napisal Ante ne sutiral idel samo na vlezovi... Aj sea pisi Kari samo trojki sutira i da zavrsime diskusija.

Normalno deka igrata ke ja gradat vrz Ante i ke go opkruzuvaat suteri, taka gi eliminiraat negovite slabosti, sto vsusnost e zasluga na koj ajde kazi mi, Budenholzer mozda? :icon_lol: Poso gleam mnogu baratas so brojki, proveri kakvi brojki imaa lani a kakvi sega Baksi.

Razbiras deka ima sistem na igra Milvoki? Deka so tempo gi ubivaat protivnicite? Tebe moze da ne ti se svigja Budenholzer, ok toa e vkus, ama ne mi go sporeduvaj so Braun kompirot i Bajron Skot. Sto ne go sporedis so Ker recimo, ili ne ti odgovara vo diskusijata? :icon_lol: ili mozda i Ker ne e dobar trener. :icon_lol:
I vo Atlanta pravese cuda so toj tim, pamtis sigurno, periodot Pero koga igrase tamu. Te molam ne mi prakjaj klipovi od Ante, vo son mozam da ti kazam sto igrac e i kakvi dvizenja ima. Toa sto na primer e masina za skokovi, defanzivno moze sve da cuva od kec do petka, izgleda ne e ic bitno, bitnoto e deka nema sut koj raka na srce i te kako go ima popraveno, narocito posle All star-ot, puca i dava trojki sega, iako daleku e se uste od klapata na suterite.
Abe MVP ke bide covekot ovoj zema go izruga tele bil vakov bil :pos:
Svasta majke mi
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
6.578
КејДи аут за првата, ваљда и втората нема да игра.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.345
Поени од реакции
188
Ne znam zaso gluposti mi zboris, Ante nemal nikakov ofanziven napredok za 6 godini :pos: kako da zboram so tebe posle ova? I glej sto si napisal Ante ne sutiral idel samo na vlezovi... Aj sea pisi Kari samo trojki sutira i da zavrsime diskusija.

Normalno deka igrata ke ja gradat vrz Ante i ke go opkruzuvaat suteri, taka gi eliminiraat negovite slabosti, sto vsusnost e zasluga na koj ajde kazi mi, Budenholzer mozda? :icon_lol: Poso gleam mnogu baratas so brojki, proveri kakvi brojki imaa lani a kakvi sega Baksi.

Razbiras deka ima sistem na igra Milvoki? Deka so tempo gi ubivaat protivnicite? Tebe moze da ne ti se svigja Budenholzer, ok toa e vkus, ama ne mi go sporeduvaj so Braun kompirot i Bajron Skot. Sto ne go sporedis so Ker recimo, ili ne ti odgovara vo diskusijata? :icon_lol: ili mozda i Ker ne e dobar trener. :icon_lol:
I vo Atlanta pravese cuda so toj tim, pamtis sigurno, periodot Pero koga igrase tamu. Te molam ne mi prakjaj klipovi od Ante, vo son mozam da ti kazam sto igrac e i kakvi dvizenja ima. Toa sto na primer e masina za skokovi, defanzivno moze sve da cuva od kec do petka, izgleda ne e ic bitno, bitnoto e deka nema sut koj raka na srce i te kako go ima popraveno, narocito posle All star-ot, puca i dava trojki sega, iako daleku e se uste od klapata na suterite.
Abe MVP ke bide covekot ovoj zema go izruga tele bil vakov bil :pos:
Svasta majke mi
братот мисли напишал 1000+ збора текст, ставил едно видео од Анте и ја разбира кошарката, одма знае се :tapp: Анте годинава заслужува МВП исто колку и Ленард и очекувам со подобар шут да доминира у следниве години. Толку. А експертот погоре ако сака и книга нека напише, џабе е :uzi:
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.376
Поени од реакции
1.668
Абе и да има право трт во некои делови од постот, паметни тренери и менаџмент знаат да ги согледаат недостатоците и да ги сузбијат колку толку. И Леброн е најефикасен кога е опкружен со шутери, исто и Анте. Скоро сите играчи имаат некој дел од играта кој не им е усовршен, Кари пример е физички слаб и тешко му е да игра одбрана, ама затоа е опкружен со Клеј, Иги, Дрејмонд кои се коска одбранбени играчи.
А да, Буденхолцер е тренериште, и да кажеш дека Милвоки немаат ни една акција е тешка глупост.
 
На врв Bottom