Леле некој да ми кажуваше на почеток на сезона дека Портланд после метлата од Пеликанс од лани, ќе се издигне толку високо и ќе е во најдобрите 4 екипи, јас ќе го прогласев за во Бардовци. Меколум буквално сам ја реши утакмицава, во напад си се шеташе, која елеганција кога напаѓа кошот ауу, толку смут браво. На крај колку битна блокада, мислам колку што беа утепани во психата Денвер во второ, уште толку ги докрајчи Си Џеј. Браво и за Денвер, феноменална серија, Јокиќ цела серија беше незапирлив.