Па ако ме прашуваш мене и јас сум играч што е фактор во лигата и при тоа би размислувал да освојам титула и да ги мкнам ГСВ од таму каде што се би потпишал за Хјустон. Доколку сум испукана пушка која залезот на кариерата сака да ја помине во цел тој суперстар живот, е тогаш би потпишал со Леброн.
Види и јас сакам да се вратат некои крвави времиња каде што САС ,ЛАЛ, Селтикс, Маверикс, Пистонс се фактор ама тоа нема да се деси во блиска иднина.
Доаѓањето на Леброн во Лејкерс му носи може многу привилегии, ама му носи и уште поголеми предизвици. Првата неуспешна сезона сите разгалени Коби фанови ќе го чекаат со сатар по светов и ќе биде тежок ќотек. Иако тука на форумов може да се најдат многу мои мислења агеинст Леброн во Мајами (јер Вејд ми е повеќе при срце) али па кога ќе видам сега ретроспективно, тоа беше единствениот пат кога он размислуваше на прстен. Сега моментално размислува на себе и само на себе. Секоја година е се постар и доаѓањево на запад ќе го убие затоа што Волтон ќе нема план б и не е Поповиќ па да знае како да го скрие од медиуми и слично. Доколку сакаше он да се проба на запад и притоа да освои прстен едина логична опција ми беше Хјустон, а овералл потпишување во Филаделфија ќе беше потег рамен на Шек во ЛАЛ.
Sent from my iPhone using Tapatalk