- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.710
- Поени од реакции
- 33.353
“Nothing behind me, everything ahead of me, as is ever so on the road.”
― Jack Kerouac, On the Road
Еве уште една летна тема, додека не завршило летово. Овојпат, по идеја на @Corvus . И ова е тема која ја имаше и на Letterboxd (https://letterboxd.com/showdown/easy-rider/), и овојпат во иста форма како тука. Летото е период кога скоро сите пакуваме куфери, и заминуваме на пат - некои на море, други на планина, трети на село... четврти на пат за пронаоѓање на себеси... Пандемијата малку ни ги замрси работите тука, па за жал, моравме да се задоволиме само со вакви патувања, на филм. Тука ги бираме најдобрите road филмови, филмови во кои дејството е на улица во автомобил, или филмови во кои ликовите одат од место А кон место Б, па сеедно со какво средство, или пеш. Важно е поголем дел од филмот да е за некакво патување. Одберете ги вашите омилени 10 филмови за патувања, и уживајте во патувањето низ Kajgana Showdown #04.
ФИЛМОВИ СО/ЗА ПАТУВАЊА:
Правилата пак:
Одберете минимум 1, а максимум 10 филмови за/со некакво патување, филмови во кои ликовите го фаќаат патот и остануваат на пат, кои според вас се најдобри и запишете ги насловите во коментар подолу, еден под друг (без бројки пред филмовите).
Ако некој пред вас го пишал филмот кој и вие го сакате, напишете го пак, така има поголеми шанси да се најде на крајната листа.
Дозволени се филмови од од било која држава, било кој жанр, сеедно е дали се играни, документарни, анимирани, кратки... Се е дозволено додека е на тема ФИЛМОВИ СО/ЗА ПАТУВАЊА.

Или пократко:-еднаш неделно ќе поставиме тема зададена од мене (секако, предлози во inbox ќе бидат добредојдени), во нова тема во подфорумов;
-секој член на Кајгана форумот може да постира наслов/и на минимум 1, а максимум 10 филма кои смета дека се најдобри, а одговараат на зададената тема;
-доколку некој пише наслов кој и вие сакате да го пишете, пишете го пак - колку повеќе пати е спомнат филмот тука, толку се поголеми шансите да се најде на финалната листа;
-по истекот на времето за предлози, јас ќе ги соберам сите ваши листи и ќе направам една, конечна листа која ќе биде објавена и во почетното мислење на темата, и во крајното, и дополнително, ќе биде направена и листа на Letterboxd за поголема прегледност;
-целта е да направиме листи на филмови на одредени теми, жанрови, со одредени актери, режисери или било какви други нешта кои ги поврзуваат, за кога некој ќе побара некаков предлог, да може лесно да најде;
-бројот на филмови кои ќе се најдат на крајната листа зависи само од вас: првично замислив да бидат исто како на LB - 20, но ако има голем интерес и многу спомнати наслови, може и да го зголемиме бројот;
-истото е и со правилата - од почеток сите спомнати 10 филма во секоја од вашите листи ќе бидат еднакви (еден mention = еден бод). Доколку на крај повеќе филмови имаат ист број бодови, во листата ќе влезат оние кои имаат повисока оценка на Letterboxd (зашто нели ова е инспирирано од таму). Понатаму, можеби ќе треба да го модифицираме процесот и да ги бодуваме филмовите, но се надевам дека нема да има потреба за тоа, зашто така ќе има ем повеќе работа за мене, ем ќе биде се покомплицирано.
Одберете минимум 1, а максимум 10 филмови за/со некакво патување, филмови во кои ликовите го фаќаат патот и остануваат на пат, кои според вас се најдобри и запишете ги насловите во коментар подолу, еден под друг (без бројки пред филмовите).
Ако некој пред вас го пишал филмот кој и вие го сакате, напишете го пак, така има поголеми шанси да се најде на крајната листа.
Дозволени се филмови од од било која држава, било кој жанр, сеедно е дали се играни, документарни, анимирани, кратки... Се е дозволено додека е на тема ФИЛМОВИ СО/ЗА ПАТУВАЊА.
Последно уредено: