НАТО измислува секакви изговори за да не ни помогне,обвинуваат бунтовниците

Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Колку што успеаа во времето со Виетнам, а во едно и сега што се во Авганистан...
Намерно се одолговлекува војата во Авганистан...

Во Либија сега се балансирани силите, ни Гадафи напредува, ни бунтовниците.
Во позадина американски дипломати чекаат да видат кој ќе даде поефтина нафта и подобри услови.
Со еден збор аукција. Всушност обратно од аукција. Цената се намалува.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Колку што успеаа во времето со Виетнам, а во едно и сега што се во Авганистан...
војните во Виетнам и Авганистан не се водат за да бидат победени туку да траат што е можно подолго, ако некој малку покопа по историјата за Виетнам и водените битки и активностите на америте таму, ќе биде комплетно збунет за тоа како е можно некој да освојува територија а после тукутака да се повлече од неа и да ги „заборави“ своите залихи таму од каде што се повлекува, Авганистан е поинаков, ама немаат они интерес да си заминат од таму, имаат интерес да го контролираат опиумот кој за неколку стотици пати повеќе се одгледува одкога се они таму

da saka amerika da go simne gadafi za sekunda moze tuku drugo im e niv taktikata vo toa bidete sigurni
многу точно
Бизнис бате бизнис.Немале бомби?Па буџетот за што е?Само треба да претрпи измени и да се одреди цената.А тие бунтовниците што мислеа,дека со ѓаволот сојуз се прави?
да друже, многу гадно се заебале ако мислат дека некој туку така ќе дојде и ќе им подари власт и „слобода“
мое мислење е дека одолговлекувањето на крајот на војната е со цел да се ослабат двете страни, да се испотепаат меѓу себе место тоа да го прават нато, они само потпомагаат да силите бидат еднакви и се осигуруваат дека двете страни се рамноправни и дека ќе војуваат додека не ги снема, а после они ќе си завладејат со нафтените полиња и своите марионетки - „огромната заслуга за огромната помош“


Намерно се одолговлекува војата во Авганистан...

Во Либија сега се балансирани силите, ни Гадафи напредува, ни бунтовниците.
Во позадина американски дипломати чекаат да видат кој ќе даде поефтина нафта и подобри услови.
Со еден збор аукција. Всушност обратно од аукција. Цената се намалува.
тендер:smir:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.788
Поени од реакции
8.366
Хехехехехехехехе,

Прво беше „само бомбардирајте ги тенковите, ние сами ке го скинеме Гадафи“ а себа „Бууууууууууууууууууууу“ мислам жити се.

Во Либија се води граѓанска војна меѓу племето на кралот Идриз и племето на Гадафи, никој од двете страни кур не го боли за цивили (па ни НАТО али ајде) сите рокаат со артилерија по градовите на другите и дефинитивно тепаат цивили.

Саркози кепецот мислеше ке добие поголем рејтинг со мала но одлучна акција но сега ке треба војска да се прати и сигурно ке изгуби на избори.

Племето на Гадафи се бори затоа што знаат што им следува ако победат „бунтовниците“ и тоа е граѓанска војна, нема тука добри и лоши.

А според ефикасноста на „бунтовниците“ богами без странска помош тешко дека ке победат.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Колку што успеаа во времето со Виетнам, а во едно и сега што се во Авганистан...

„Виетнамизација“ на либиската војна


Триполи нуди избори ако запрат бомбардирањата и се заканува со долготрајна војна доколку Британија, Франција и Италија испратат воени советници во Бенгази. Бунтовниците бараат копнени сили од Западот



Испраќањето британски воени советници и отворањето привремена воена канцеларија за врски во Бенгази претставува „виетнамизација“ на либиската граѓанска војна и се заканува да ја вовлече Британија во долготраен конфликт, оценува весникот „Дејли телеграф“.

И шефот на либиската дипломатија Абдул ати ал Обеиди вчера порача оти плановите на Британија, но и на Франција и на Италија да испратат воени советници, ќе ја интензивира и одолжи војната.
- Секакво воено присуство на Британија или на која било друга земја нема да помогне во воспоставувањето на мирот - нагласи Обеиди.

Тој изјави оти ако Западот запре со бомбардирањата, Триполи би можел да организира избори за шест месеци, под надзор на Обединетите нации.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг завчера обелодени оти ќе се зголеми бројот на луѓето во дипломатската мисија во Бенгази со отворање „воена канцеларија“. Станува збор за најмалку десет британски офицери што ќе треба да се вклучат како воени советници и да им покажат на либиските бунтовници, кои се обидуваат да го соборат Гадафи, како да ги подобрат организациските, комуникациските и логистичките структури, наведува весникот. Владата во Лондон демантира дека ваквото решение значи поголемо и подлабоко вовлекување на Британците во војната. Таа тврди оти советниците нема да учествуваат во планирање и извршување на воените операции.

- Нема чизми на бојното поле. Тоа не се борбени сили. Тие нема да војуваат, туку ќе советуваат - нагласи Хејг.

Според „Дејли телеграф“, кој се смета за близок до владејачките ториевци, премиерот Дејвид Камерон е нетрпелив и загрижен бидејќи операцијата е во ќор-сокак. По повеќе од еден и пол месеци бомбардирање во Либија се покажа дека воздушните напади не им помогнаа на бунтовниците од источниот дел на земјата да постигнат напредок во војувањето со Гадафи, па затоа Лондон најави испраќање воени советници.

Министерот Хејг инсистира дека плановите на Британија, а и на Франција и на Италија, кои исто така ќе испратат воени советници, се во рамките на резолуцијата на ОН за заштита на либиските цивили. Но повеќе британски пратеници не мислат така и тврдат дека работите веќе не се онакви како што се прикажуваа кога Владата на Камерон побара и доби согласност од парламентот за британското вклучување во воената интервенција во Либија.

Мензес Кемпбел, поранешен лидер на либералдемократите, кои се коалициски партнер во Владата, предупреди дека испраќањето советници во северноафриканската земја води кон „виетнамизација“ на војната во Либија и кон вовлекување на Британија во долготраен конфликт.

- Поранешниот претседател на САД Џон Кенеди испрати советници во Виетнам за да им помагаат на јужновиетнамските сили, против комунистичката закана од северот, по што Американците останаа петнаесетина години вовлечени во Виетнамската војна - нагласи Кемпбел.

Бунтовниците во Мисрата побараа од Западот да испрати копнени сили за да ги заштитат од режимот.
- Ако не дојдете, ќе умреме - нагласија тие.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42111852442&id=11&setIzdanie=22263
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
pa celta na Nato bese da napravat bezredie tamu i go napravija ,sega si gledaat seir, posle nekoe vreme ke imaat dovolno material za snimanje filmovi.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
филмот ќе се вика black oil down
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Србите војуваат за 2.000 долари дневно во Либија

Помеѓу 300 и 500 европски платеници, меѓу кои голем број на Срби, Белоруси, Украинци и Британци, војуваат за полковникот Муамер Гадафи, за што се платени до 2.000 долари на ден, тврди грчкиот експерт за безбедносни прашања Мајкл Кутузис.

Според Кутузис, европските платеници кои војуваат воглавно се експерти за тешко вооружување, хеликоптери, тактика и командување, а нивниот хонорар изнесува неколку илјади долари дневно, објави интернет порталот Euobserver, кој се занимава со случувањата во ЕУ.

Меѓу странските експерти има и Пољаци, Французи и Грци кои се поплатени од борците кои доаѓаат од Чад, Нигер, Мали и Сомалија кои земаат до 2.000 долари дневно.

„Во либиското општество постои забрана за убивање на луѓе од сопственото племе. Тоа е причината поради која на Гадафи му требаат странски платеници“, рече Кутузис за Euobserver.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom