Мускулни грчеви и сè околу нив

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.325
Мислам дека не постои некој кој барем еднаш не се соочил со оваа непријатна појава. Тоа значи дека сигурно сте запознаени со болното чувство, но дали знаете зошто се случуваат, како да ги избегнете и како да си помогнете кога ќе се случат?



Мускулните грчеви или спазми се сосема нормална појава и од неа не се поштедени ниту оние кои не се толку физички активни. Не се нужно поврзани со интензивна физичка активност и ангажман на мускулатурата, но во главно се многу почести кај спортистите, односно кај оние кои спортуваат. Сметам дека со вистинските информации за мускулните спазми, многу едноставно можете да ги избегнете, а и да си помогнете доколку настанат.

Оние кои ги почувствувале, знаат дека мускулните грчеви можат да бидат прилично болни или пак да имаат поблага форма. Понекогаш спазамот може да биде толку јак, дури и да предизвика модринка на кожата, поради стегнување на капиларите. Претставуваат неволна (без наша контрола) контракција на мускулот и може да се јават кај било кој скелетен мускул. Може да траат неколку секунди или пак и неколку минути.

Зошто настануваат мускулните грчеви?
Во медицинското објаснување сè уште постојат неразјаснети причини за нивното настанување, но генерално се прифатени неколку теории. Тука се набројуваат промени во невромускулната контрола, дехидратација на организмот, променет метаболизам на електролитите (јони неопходни за спроведување на електричните импулси во мускулот), промена во тренингот на одредена мускулна група, замор на мускулите или дегенеративни промени на истите. Исто така, и вежбање во топли простории или на претопло време при што се поти организмот повеќе од вообичаено, со што и се излачуваат и електролитите преку потта, доведува до појава на грчевите.


Настрана одредените физиолошки состојби на организмот кој има зголемени потреби од конкретни електролити за нормален раст и развој, редовните вежбачи спаѓаат во чувствителна група и треба да обрнат внимание на внесувањето токму на клучните електролити.

Доколку се обидете сами да се информирате околу настанувањето на грчевите, ќе забележите дека скоро секоја статија што ја обработува оваа тема го осудува отсуството на магнезиумот како главна причина. Меѓутоа, да не заборавиме дека, како што погоре напоменав, во медицинските објаснувања сè уште има недоволно разјаснети механизми за настанувањето на мускулните спазми, така што не можеме да го обвиниме само магнезиумот. Вистина е дека неговиот недостаток се манифестира со почести грчеви, но во електролитната група на метали неопходни за нормална функција на мускулите спаѓаат и калиумот, калциумот и натриумот.

Каде најчесто се јавуваат?
Најчесто мускулните спазми се јавуваат на листот, на стапалото, на внатрешната страна и надворешната страна, и на самиот бут (квадрицепсот), а поретко на абдоминалните мускули, рамото и рацете. Не претставуваат сериозна закана за вашето здравје и често поминуваат сами од себе, оставајќи латентнана болка која подоцна се губи. Настанатиот спазам претставува јака и силна контракција на зафатениот мускул и можете да го ослободите со истегнување или мануелна масажа.


Како да се спречи настанувањето?
Луѓето кои вежбаат ги „трошат" (во позитивна смисла секако) своите мускули и со тоа се изложени на поголема потрошувачка на клучните електролити и, секако, водата. Дури и појавата на спазмите кај вежбачите конкретно се поврзува со дехидратација и губење на електролитите преку потењето. Затоа е особено важно да ја надополнувате водата за време на тренингот. Најдобро е да пиете олигоминерална вода во која се избалансирани односите на сите потребни електролити, а и изотоничните пијалаци можат да бидат од корист.

Исто така, и во состојба на „претренираност“, кога вежбате долго и интензивно, грчевите се дел од општата слика на изнемоштеност и во тој случај, освен добар оброк богат со магнезиум, калциум и многу вода, добро ќе ви дојдат и неколку денови одмор.
Додека пак, за почетниците, доволно е да не ве фаќа паника, бидејќи не е ништо страшно. Сфатете го како „добредојде“ во спортувањето и полека истегнете го мускулот. Мускулите реагираат на секаква промена, и кога многу вежбате, а и кога не се навикнати на физички ангажман :)


Како да се реагира кога ќе се случат?
Мускулните спазми вообичаено поминуваат без никаков посебен третман, но сепак следете ги овие неколку совети за да си олесните.

Мускулните грчеви за време на вежбањето се избегнуваат со адекватна подготовка пред тренинг, а тоа е истегнувањето! Не само од грчеви, истегнувањето (стречингот) ве штити и од други повреди.

Доколку ве „стегне" токму кога вежбате, прекинете во истиот момент со активноста и истегнете го мускулот. Благо масирајте и брзо ќе помине. Секако, не е причина да не продолжите понатаму со тренингот.

Не заборавајте да пиете многу вода и после тренинзите надополнете ги депоата на електролитите. Можете да консумирате и додатни суплементи на калциум и магнезиум, но претходно консултирајте се со фармацевт или лекар. Добар дел од неопходните електролити можете да ги внесете и преку храната. Сирењето и млекото се одличен извор на калциум и натриум, бананата - извор на калиум, додека пак магнезиумот го има во бадемите и темното чоколадо со висок процент на какао.

И во случај да си го „искомбинирате" изворот во чоколадо со бадеми, тогаш бидете фер и спрема себе, потрудете се повеќе на следниот тренинг :)

via Марија Симовска / Кајгана
 
G

galaxy

Гостин
TL;DR
Недостаток на калциум.
Заради што, како, зошто, не треба да навлегуваме.
Терапија: Калциум преку таблети или инјекција, или решавање на болеста која довела до намалување на калциумот.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.325
TL;DR
Недостаток на калциум.
Заради што, како, зошто, не треба да навлегуваме.
Терапија: Калциум преку таблети или инјекција, или решавање на болеста која довела до намалување на калциумот.
Да не ти беше TL;DR, ќе прочиташе дека не настануваат само поради недостаток на калциум :)
 
G

galaxy

Гостин
Да не ти беше TL;DR, ќе прочиташе дека не настануваат само поради недостаток на калциум :)
А, не. Јас го прочитав, ама некој можеби нема да го прочита.
Сите механизми кои предизвикуваат грчеви на крајот водат до намалување на јонскиот калциум и тоа е причината.
 
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
калциум, магнезиум, цинк, натриум + вода и ќе ве фати еднаш у година.. ова од пливачко искуство пишувам..
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Браво за темата. Јас откако почнав поинтензивно да трчам, не ретко се соочувам со овој проблем. Мускулни грчеви ме фаќаат на ногата секогаш кога ја истегнам и болката не е баш пријатна. Во тој момент немам што друго да правам освен да го масирам мускулот додека не помине грчот. Не ја знаев причината за оваа појава и искрено да не беше оваа тема, немаше ни да ми текне да изгуглам и да се информирам. Како и да е, од ова што го прочитав барем се пронајдов во тоа дека не пијам многу вода и можно е тоа да е една од причините. Фала за советите.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Знам дека е многу зезнато ако ве фати грч додека пливате
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Ми се има десено еднаш ..

Не бев физички активен еден месец, и играв пријателска утакмица голем фудбал.
во 90мин ме фати грч
на двете нози истовремено- (на Quadricepsite) ,страшна болка - не се издржуваше.
Притрчаа двајца ми помогнаа, ако не беа ми се чинеше дека ќе скинев конци мајке ми :icon_lol:
 

Sora_Dono

The 14th
Член од
22 октомври 2011
Мислења
129
Поени од реакции
35
Koa ke te strefi grc, strefi go i ti nego. Like a boss!
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Најчесто ме фаќа на стапалото околу прстите на нозете, интересно и болно чувство.
Ме има фатено и во пливање, во длабоки води и сам бев ама пак не е страшно пошо за одржување во вода и не ми се потребни нозете многу.
Заборавив да кажам дека доколку пливате пожелно е да носите со себе некоја мала игла и да го боцнете местото.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Најчесто ме фаќа на стапалото околу прстите на нозете, интересно и болно чувство.
Ме има фатено и во пливање, во длабоки води и сам бев ама пак не е страшно пошо за одржување во вода и не ми се потребни нозете многу.
Заборавив да кажам дека доколку пливате пожелно е да носите со себе некоја мала игла и да го боцнете местото.

Точно е воа, имам мало патентче на купаќите и си чувам безопасна...за зловреме :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.874
Нешто најболно на свет. Додека работев по кафичи, редовно ги имав - скоро секоја вечер во сред сон. Болката сите ја знаете - најтапа на свет!!!
Во пливање ми се случило неколку пати, среќа што имав со мене луѓе, иначе сум паничар по природа и логично сум можел да се удавам. А вака од време на време ме посетуваат и ме потсетуваат дека треба некои работи да ги правам со усул
:icon_mrgr:

мускулни грчеви, умрете!!!
 
M

Mario Gómez

Гостин
На стапалото фаќаат додека спиеш, за да неможеш да изреагираш и да те боли, шо педери. Инаку на стапалото одма можеш да ги повратиш.

А еднаш ме фати на бутот, додека игравме одбојка на плажа, страшна болка, неможев да издржам. 1 сат неможев ни да одам.

На фудбал и кошарка никогаш не ме фаќало, а и не се загревам.
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Не беше ради натрупување на млечна киселина?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Најчесто ме фаќа грч на стапало или на лист.
Од чиста мира не ме фатил, ама ако си играм со прстите на нозете - палецот и показалецот, тогаш знае да ме фати грч. Ми се има случувано и во спиење да ме фати грч ако се тегнам :icon_lol:
За да ми помине го фаќам палецот на ногата на кој имам грч и го тегнам нагоре. :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom