Музичко име на тапет : Coldplay

Член од
14 октомври 2013
Мислења
75
Поени од реакции
104
Фала. Инаку, кога ти се јави Индијанецот, ти кажа локација за концертот ? Тесно е малце во Припор, ќе ти биде проблем. Единствено горе на ширинката кај последна 24ка има место за бина...
Ништо не рече, се брзаа некаде со индијанецот и мораа да одат. Рече само да не се секирам, мажот на некоја панкерица Вивијан Вествуд ќе организирал се.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Отворив едно време тема за нив, да не се повторувам од таму, кратко ќе биде ова. Џим е еден од најдобрите музичари на сите времиња. Маркантна појава, неверојатен поет и ултра интелигентен лик. Остави човекот многу зад себе пред да отиде на оној свет.(мистериозно си отиде и ден денеска е дел од разни теории на заговор) Секој текст му е како дел од книга во која покрива одредена област од животот. Текстот кој го сподели @Вокерка, најдобро прикажува колку мозокот му фаќал и што оставил за идните генерации. Има специфична боја на глас. Дорс го имаа и легендарниот Реј Манзарек, човекот чии клавијатури/оргули веднаш ги препознавате. Многу е тешко покрај толку многу музичари да успеете да изградите препознатлив звук и да оставите музичко наследство, они успеаа во тоа.

Кратко интервју од тато му и сестра му.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Јас правото на збор (неоспорното тастатурско право) овде ќе го искористам за многу работи, ама нема да постирам песни, бидејќи тешко дека некој овде треба да се описмени и запознае со Дорс, ако веќе не го направил тоа тру д хистори. Инаку, која е функцијата да „споделам“ јутуб Дорс референца?

Кога ќе помислам на Дорс, не помислувам веднаш на Даглас, туку на Дорс. На бендот. На истите тие „врати“ за кои зборуваа и Даглас, а и Хаксли. Сусаро знае за Хаксли подобро.

Сполај му на Господ (Сусаро) што постојат овие Враќе, за да одржуваат баланс и еквилибриум во 20тиов век, а и за навака се потребни. Ко Саше политико што му рече на Трендо дека не може сам да се бори, така и Лед Цепелин не можат сами (иако немале добри текстови според експертот монофизитистички), па затоа и Дорс се тука.

Е понатаму, веќе ги правам 1+1+1+1 = Дoors
Ако АЗРА, на пример, е Џони плус +2, овие се со кецој и плуски. Сите јас ги сматрам за неизоставен дел од пустинскиот виор mywildlove-овски. Денсмор, Морисон, Кригер, Манз... кој од кој погллем лудак.

А Даглас го има фатено имиџот, најголем залак има акнато. Добро, не е за обвинување ни тој, а ни тие што му ставија таков јарем околу вратот.
Поим за харизма.
јас пронаоѓам убав склоп меѓу неговата вистина поставена во појавата, поезијата и вокалот.
Претставата за него никогаш не ми се менува, онака, истата мистична магла ја гледам и сега, а и ко бев осмооделенец и го скитав на моја маица. Истиот Даглас го перцепирам и сега. Заборавен од самиот себе, залутан меѓу младешкото штреберство и пациентската улога во орвеловскиов свет.
И главнината на неговата поезија која опфаќа суштина, и надреалност, со ситни партиции и расфрлани референци како болни удари под појасот за тогашното (сегашното) општество. И општествената абразија на залетаниот ум на Даглас, на цик цак потези, се до мозочниот бродолом после riders on the storm. А измеѓу, down and out in paris and London пресликувањето во Th Changeling. Онака, независно.

Вокалот. Ко темперна боја што шлакав на блок број пет во осмолетка. Енергија, и „едвај_чекам_да_го_чујам пак“ чувство. Мене омилен дел ми е неговата слабост како вокална можност, која ја осеќам во крајните секунди на The End.
- „this is the eeeeennnnd“
Kолку само јако звучи моментот каде што осеќаш дека Џими не „го може“, ама го владее. Колку е само бојата важна, колку му е поезијата тажна.

Но, Дорс рековме! Манзарек е афинитетот инструментален. Колку лудаци има што свират бас и клавијатури во истовреме, а? Ај да не фалам по могучности, само ке ги заокружам. И Денсмор кој си го знае занаетот on and off the table. И Кригер, кој е во револуционерните води (башка што одлучија да не одат на бљувотините наречени Вудсток), ама револуционерни во поим на штимање и свирење, небаре звонче од точак, ко Џони Б со точка ... овај де... другиов. Сите тројца, сите четворица со Џимија, како компатибилна постава, за која му благодарам на универзумот што успеа да ја залепи на неговите вселенски стикери, после 14 милијарди години од Кант - Лапласовиот биг бенг. Се изначека вселената, ама ги доби...

ТHE DOORS
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
На тапет Екатерина Велика или познати како ЕКВ, денес, по повод смртта на нивниот фронтмен, принцот Милан Младеновиќ. Еден од највлијателните и најдобрите бендови во Југославија. Рок група од Белград чија срж ја сочинувале гореспоменатиот како водечки вокал и гитарист, Маргита Стефановиќ како клавиристка и Бојан Печар, басист.

Featured.jpg

Оваа група на почетокот се викала Катaрина II и била создадена во 1982 година во Белград по распадот на бендот Шарло Акробата, од страна на пејачот Милан Младеновиќ, гитаристот Драгомир “Гаги“ Михајловиќ, басистот Зоран Радомировиќ-Шваба и тапанарот Душан Дејановиќ. Групата е именувана по Гагиевата девојка, катарина. Во текот на 1982на бендот и се придружува и Маргита “Маги“ Стефановиќ. Радомировиќ набрзо потоа преминува во бендот Ду Ду А, а Душан Дејановиќ во Дисциплина кичме, додека едно време тапанар бил Бранко "Манго" Куштрин. На почетокот на 1983 година на местото тапанар доаѓа Ивица “Вд“ Вдовиќ, бившиот тапанар на Шарло Акробата, а басист стануваБојан Печар, со што е формирана конечната ритам секција на бендот. Дефинитивната и последна постава на катарина II - Младеновиќ, Михајловиќ, Стефановиќ, Печар и Вдовиќ - започнуваат во 1983 со работата на нивниот деби албум.

Благодарение на постојаните концертни настапи низ поранешна Југославија со посебно честите концерти во Загреб, Љубљана и Белград и емитувањето на спотовите на телевизија, Екатарина Велика полека стекнува се поголем број поклоници. Во 1985 година групата го издава својот втор албум Екатарина Велика. Албумот е снимен во загрепското студио СИМ со продуцентот Владимир Смолец, а на него како гости се појавуваат Масимо Савиќ, во тоа време пејач на хрватскиот бенд Доријан Греј, како и Томо Ин Дер Мулен, гитаристот на составот Карлови Вари. Новиот материјал донел извесни промени во звукот со оглед на тоа дека во однос на претходниот албум бил со забележително побрз ритам и поенергичен. Сепак, и на него се присутни препознатливите обележја на бендот: длабоко суптилни тонови како и Милановите херметични, интроспективни и метафорични текстови. Албумот со својот омот кој го осмислил и дизајнирал Душан Герзиќ покажувал и одредени уметнички амбиции, бидејќи ги прикажувал членовите на бендот насликани во манир на индијанските обредни тетоважи.
Второто издание му ги донело на бендот првите вистински хитови, песните "Очи боје меда", "Tattoo" и "Модро и зелено". На 22 март 1985 за прв пат свират надвор од Југославија, на манифестацијата "Денови на културата" во Торино, Италија и оставаат позитивен впечаток. Друг забележителен настап остваруваат на концертот во Загреб кој бил дел од таканареченаата "Боље вас нашли" традиционална размена на бендови меѓу Загреб иБелград. Кон крајот на 1985 година Фирчи заминува на задолжително отслужување на војниот рок, а негова замена на тапаните е Иван “Рака“ Ранковиќ.

С' ветром уз лице

Во 1986 година под името С'ветром уз лице, излегува третиот албум на бендот со кој се пробиваат до пошироката публика, и кој од нив прави ѕвезди. Продуциран од страна на Милан Младеновиќ, Маргита Стефановиќ и Драган Чачиновиќ, албумот имал мошне "исполиран" звук базиран на нагласените клавијатури и на употребата на "E-mu Emulator II" 8-битен семплер. Хитовите од овој албум ги вклучувале песните "Буди сам на улици", "Као да је било некад", "Ти си сав мој бол" и "Новац у рукама". С' ветром уз лице заедно со својот комерцијален успех добил и прилично равнодушен прием од страна на критиката која се жалела дека звукот на албумот и премногу потсетува на британската група Симпл Мајндс. Во пролетта 1887 година Иван Ранковиќ одлучува да го напушти бендот за да може со пријателите од својот стар бенд Тврдо срце и Велике уши да ја формира групата Улица од месеца. Нов тапанар станува Срѓан "Жика" Тодоровиќ кој својот прв концерт со групата го има во парискиот клуб "La Locomotive". Тодоровиќ во групата доаѓа од Дисциплина кичме, која од самиот почеток важела за своевиден ривал, прво на групата Катарина II, а потоа и на Екатарина Велика.


Љубав

После измената на составот, бендот го снима својот четврт студиски албум насловен како Љубав кој излегува во втората половина на 1987 година. Овој албум најчесто се смета за најдобро издание на бендот а воедно и за едно од најдобрите рок изданија на територијата на бивша Југославија. Ова издание се карактеризира со повеќе гитарски ориентиран и исполиран звук кој го донела соработката са новиот продуцент, австралискиот музичар Теодор Јани. Високо стилизираниот омот заедно го осмислиле и дизајнирале Маргита Стефановиќ и уметникот Вук Видор. Како хитови од албумот се издвојуваат песните "Земља", "Поред мене","Љубав", "7 дана" и "Људи из градова", а се смета дека повеќето песни ги покажуваат првите траги на депресија во Милановите текстови, што најчесто се аргументита со текстот на нумерата "Тонемо".


Само пар година за нас

Во 1989 година бендот го објавува албумот Само пар година за нас, петто студиско издание. Критиката смета дека овој албум е чиста концептуална копија на албумот Љубав. Меѓутоа, за разлика од воглавно брзото ритмично темпо комбинирано со благо темниот звук на албумот Љубав, Само пар година за нас има многу звучно "поматни" мелодии и побавен ритам кои заедно го носат претчувството на претстоечките политички и социјални трагедии кои ќе ја зафатат Југославија на почеткот на 90-те години.
Најпознати хитови од албумот ги опфаќаат и песните "Круг", "Срце" и "Пар година за нас".
Во ноември 2006 година песната "Пар година за нас" е изгласана за најдобра југословенска песна на сите времиња од страна на слушателите на белградското радио Б92. Милан Младеновиќ во своето интервју за емисијата на РТС ТВБ "ТВ Постер" од 1992 година изјавил дека "Пар година за нас" е најдобрата песна која Екатарина Велика ја направила.


Екатарина Велика е меѓу највлијателните, ако не и највлијателниот бенд на просторот на бивша Југославија, а исто така се смета и за еден од најважните бендови на југословенската рок сцена воопшто. Многу бендови во текот на годините ги обработувале нивните хитови, но она што е карактеристично е тоа дека сите тие се имитации на темите со кои Милан Младеновиќ се занимавал како и на неговиот единствен поетски стил кои постојано се појавуваат во музиката на многу нови млади бендови.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Бидејки не сум имал можнос да ги слушам и гледам додека твореле, за мене ЕКВ ќе бидат и останат музичко божество нешто недопирливо , за кое мислам дека не постојат зборови а ниту пак има потреба да се опишува и дискутира. Едноставно ЕКВ се повеќе од она што ние, обичните смртници го подразбират под совршена музика.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Бидејќи ми дојдовте преку Тасета со ЕКВ во темата за Екс-Ју, не отворам до ново дете.

P.S.
Немам ништо против ЕКВ одлични се. Од вас ми е мака :cautious:
 
S

StormRage

Гостин

чудово ме јаде деновиве. иако им начекав цела дискографија што реално ретко се наоѓа and i'm proud owner :D
Нема што да ги објаснувам, ЕКВ остана синоним за квалитет, тоа е тоа :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ме мрзи да пишувам на долго и на широко, ќе кажам само дека “Ти си сав мој бол“ ми е општо една од омилените песни.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610

Ги имав приметувано по социјалниве мрежи ептен, но никогаш не сум пуштил да чујам што и како, сѐ до пред два месеци кога ја пуштив „Zemlja“... Чим се наежив од убавината на песната знаев дека ќе бидам заразен. И така е, стварно... Преубави песни, преубав бенд и преубави текстови. Многу ми е жал што не сум бил жив, ниту пак сум имал можност да ги гледам додека свиреле. Тоа е... :) Нека живее убавата музика!
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Искрено, додека траеше натпреварот за најдобра ЕКС-ЈУ песна на форумов, кога ќе сретнев ЕКВ во дуел, одма гласав против нив. Некако ми беа преценети, иако не ги знаев (не им знаев ниедна песна). Потоа ги слушнав случајно на јутјуб... Круг, па Пар година за нас, па Ти си сав мој бол... го сменив мислењето, Пар година за нас си ја симнав, на цд си ја ставив, секој ден ја слушам. Со тек на време сфатив дека уствари ЕКВ биле нешто многу поголемо, многу позначајно од една обична група.
А и тие 3-4 песни што ги спомнувам погоре, дефинитивно им се најдобри.
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.209
Како шо вика еден другар музичар-уметници! :) Уникатни и квалитетни. Мене лично многу многу ми се свиѓаат. Штета како завршува Маги.:(
Нешто од најомилените :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Јас осеќам дека не се само обичен бенд. И ако пробам да напишам било што, вака, на суво, може еден ден ќе се покаам. Откако ќе ги сумирам ко што треба. А од она, само малку, сум задоволен. Само малку знам, и само малку имам почувствувано од целиот мозаик на ЕКВ. Сарајево (нормално), која пламти со енергија, ама и со жал ко жар. Пар година за нас, за која не мора да трошам зборови; Град, Ти си сав мој бол и др.

Круг, односно Сабат рип - офот не го споменувам. Тоа е работа на турбофолкерите кои ги слушаат ЕКВ. И да, тука е главната недоумица и двојбеност околу ЕКВ. Зошто воглавно ги слушааат луѓе со дебел и длабок невкус? Секако, знам, ги знаат по Круг, Ти си сав мој бол, и Пар година за нас - песни кои ако се заприметат и ако се „слушнат“ површно, ги будат најниските чувства на еден кретеноид. Како Wind of Change од Скорпионс што е љубовна песна, или како Born in the USA, каде што се “велича“ Америка. Исто и овде.

Затоа, ќе се воздржам од некој специјален коментар. Бар засега. Кога ке им дадам шанса како што заслужуваат, тогаш ке видиме дали ке ги hateам или ке ги возљубам. Иако Српскиот дел од рок сценава не ми оди некако. Историски гледано. K)

P.S. Margita je muško
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Почестена сум што го делам презимето со Милан.
Зборувано и презборувано е за тоа кој квалитет го има целиот бенд. Не знам дали да се радувам што гледам дека младите ги ‘слушаат‘ или да се депримирам што гледам дека само 3 песни им знаат.
Јас, како некој што знае нешто повеќе од тие деца, не се сметам за достојна да зборувам за тоа колку нивната музика вреди. За мене ќе останат прави уметници и прва асоцијација за она што го викаат Екс Ју.
Трагично е што сите умираат премлади.
Ќе ми извините ама морав две да поситрам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom