Музички вести

Член од
7 јануари 2009
Мислења
406
Поени од реакции
8
Втор концерт на У2 во Загреб!

Првиот човек на Загреб, Милан Бандиќ го најави и вториот концерт на ирската рок-група У2 во хрватската престолнина. Првиот, распродаден концерт, беше закажан за 10 август, а новата дата е еден ден порано – 9-ти.

Можам да кажам дека сум пресреќен – изјави Бандиќ...

Информацијата дека У2 ја слушнаа желбата на Загреб за втор концерт на организаторите – Лупа промоушн, им беше јавена вчера.

Честа први да купат билет ја имаат членовите на службениот фан-клуб, а во официјалната продажба ќе се најдат од петок, 3. април. Како и за првиот концерт, нивната цена ќе се движи од 250 до 2.000 куни (колку за споредба, за едно евро треба да се издвојат 7,4 куни!).

И, уште нешто! 75% од влезниците ќе бидат во редовна продажба, а 25% ќе се продаваат преку Нет.
 
П

Паган-др

Гостин
ДУЛЕ И КОКИ РАБОТАТ НА СЛЕДНОТО ИЗДАНИЕ
Новиот албум микс од хитови и емоции
Песните од дискот, кој треба да се појави есенва, ќе бидат во балкански поп-стил и со помодерен звук, велат членовите на музичкото дуо

Новото цеде на Дуле и Коки ќе ги задржи препознатливите белези - виолината, вокалот и емоциите
Популарниот тандем Дуле и Коки го подготвува новиот албум со песни што ќе бидат сублимат на актуелните случувањата на светската и на домашната музичка сцена. Ако со трите претходни изданија, „Некаде далеку“, „Марама“ и „Јас и ти“ објавени во 13-годишната кариера, дуото инсистира на поп-рефрените, со новите композиции ќе покаже дека времето за нив не застанало и кога се работи за музиката.

- Следејќи ја реакцијата на публиката на новите лица и ритми решивме да направиме поинаков чекор во нашата кариера, во поглед на стилот што би го нарекол нов балкански поп, а нумерите ќе имаат помодерен звук. Му се јавивме на Роберт Билбилов, наш долгогодишен пријател, кој уште пред неколку години ни нудеше соработка. За почеток ја направивме песната „Очи полни“, која е веќе актуелна во етерот, за која текстот го напиша Весна Малинова. Во преговори сме со неколку продуцентски куќи, наскоро да снимиме и спот - открива Коки.

МАКСИМАЛНО ВЛОЖУВАЊЕ

И покрај промената, тие нагласуваат дека и на новиот материјал ќе ги задржат препознатливите белези - виолината, вокалот и емоциите. Никогаш не правиме, ниту пееме песни без да се пронајдеме во нив. Во секоја тема вложуваме многу видливи емоции. Така беше и со нашето последно цеде „Јас и ти“, во кое вложивме голем дел од себе. Сепак, сфативме оти освен емоции, публиката често бара многу повеќе, т.е. сака и хитовски рефрени. Новиот албум ќе биде микс од емоции, но и од хитови - вели Дуле. Покрај Билбилов, на нивниот четврти студиски албум кој планираат да го издадат наесен, ќе бидат застапени повеќе авторски имиња.

- Расположени сме за соработка со повеќе автори. Кога луѓето слушнаа дека подготвуваме албум почнаа сами да ни се јавуваат и да ни нудат готови песни, што не' радува. Сакаме да работиме и со Дејан Георгиески - Ѕене, Валентино Скендеровски и Венко Серафимовски, чии песни беа застапени на претходниот албум. Засега е сигурно оти на четири теми потписник ќе биде Билбилов, а албумот ќе го работиме во неговото ново студио што го отвори со Адријан Гаџа - појаснува Коки.

ВРАЌАЊЕ НА ФЕСТИВАЛИТЕ

Во изминативе години не се појавуваа на фестивалите, но немаат негативен став за овие манифестации. Годинава ќе настапат на „Макфест“, на кој победија 1996 година со „Виолина и гитара“ и на тој начин ги отворија вратите кон музичкиот врв.

- Фестивалите се добра можност за дружба со публиката, колегите и новинарите. Тие се и идеална пригода за промоција на нова песна. Затоа и решивме годинава да бидеме дел од натпреварувачката екипа - вели Дуле. Не размислуваат за настап на интернационални фестивали што се одржуваат во земјите на поранешна Југославија што се цел на повеќе нивни колеги. Иако пред неколку години пројавија желба за освојување и на српскиот пазар, од оваа временска дистанца, велат дека не би се решиле повторно на тој чекор.

- Пред да ја промовираме „Очи полни“, бевме во Белград со цел да ја согледаме тамошната ситуација на пазарот. Таа посета ја искористивме да ја снимиме темата „Златен сат“ на авторите Камба (музика и аранжман) и Билја Спасиќ (текст) со кои соработувавме за албумот „Марама“, кој постигна успех во Србија но, особено во Македонија. Не верувам во пробивање во Србија и во Хрватска. Тоа бара преголеми жртви, време и контакти.
И пред се' материјални трошоци од илјадници евра. Не знам дали вреди тоа по вторпат да го преживуваме. Не сме расположени. Само може да го промениме мислењето ако зад нас застане некој гигант и сето тоа да го финансира. А тоа не е изводливо - вели Коки. За нив македонската публика, сепак, е најважна. Среќни се што луѓето постојано ги бараат и имаат понуди за многу свирки. Поради обврските со албумот, сега паузираат, но најавуваат голема турнеја низ градовите во земјата што ќе ја почнат налето.
Обајцата среќно оженети
Освен во музиката, Дуле и Коки се активни на повеќе полиња. Коки е асистент на Музичката академија во Штип (отсек виолина), а ја подготвува магистратурата на Тетовскиот универзитет. Дуле е ангажиран во семејниот бизнис на неговата сопруга и во ресторанот „Балканика“. Имаме разбирање од нашите сопруги за професијата и тоа не' прави среќни. Двајцата уживаме во брачниот живот - открива Коки, кој во мај треба да стане татко.

извор:дневник
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
И Пети Смит во Загреб

Хрватските медиуми јавуваат дека кралицата на панкот и најценетата рок-поетеса на планетава - Пети Смит на 13. јули ќе настапи во Загреб. Многубројните семејни обврски и смртта на нејзиниот сопруг Фред Соник Смит извесен период ја оддалечија од сцената и од студиската работа. Иконата на Њујорк сепак се врати во центарот на вниманието кон средината на 90-тите, а во 2007 година беше примена во Рокенрол холот на славните. Публика ќе ужива во нејзиниот солистички настап на 13. јули во рамките на Загрепските летни вечери.
 
П

Паган-др

Гостин
The Hardest Thing во Украина

Во популарната радио-емисија во Украина - Битка на вкусови, во која секоја недела гостуваат две познати личности од украинскиот јавен живот и предложуваат по еден свој фаворит - песна, Виталиј Козловскиј нам добро познат по гостувањето на концертот на Тоше во Охрид 2006-та, како и по учеството на Големиот хуманитарен концерт во чест на Тоше на 5. октомври 2008 година, за свој фаворит во битката на вкусовите ја предложи песната The Hardest Thing.

Во моментов песната на Тоше води, а ако победи ќе стане Хит на радио станицата за следниот период. Гласањето е отворено и преку Нет!
извор:ммм
 

Јоулин<---

Играорка
Член од
25 февруари 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
Енрике Иглезијас во белградска арена на 22 мај


Популарниот шпански пејач, ќе настапи во Белград потврдија претставниците на продуцентската куќа "Комуна", која го организира овој настан во соработка со "Арена". Влезниците за настапот на латино-ѕвездата се поделени во седум категории и чинат од 2 500 до 4.800 динари, односно од 27 до 53 евра и веќе се пуштени во продажба.
"На барање на Енрике Иглезијас и неговите соработници нема да се стои во Арена и се ќе биде наместено за интимна атмосфера. Поради тоа во продажба ќе бидат пуштени само 10.000 карти", истакнал портпаролот на Комуна, Алексаднар Радош.
Енрике Иглезијас Преслер е син на познатиот пејач Хулио Иглезијас и филипинската новинарка Изабел Преслер. Некои од неговите најпознати хитови се: "Bailamos", "Hero", "Rhythm Divine", "Tired of Being Sorry"...
Во белградска Арена на 22 октомври доаѓа Ерос Рамацоти, Сантана гостува на 11 јули, а на 26 јуни "Симпли Ред".
 
П

Паган-др

Гостин
Д.Н.О. – концерт и сингл!

Македонската рок група Д.Н.О, во вторникот, на 7-ми април ќе одржи концерт во скопскиот клуб Хавана (Дом на градежници), со почеток во 22 часот. На концертот ќе биде промовиран дел од материјалот за новиот албум, што групата интензивно го подготвува. Воедно, публиката ќе има можност да го проследи концертот во делумно изменета инструментална формација која дава еден нов, свеж и жесток рок звук што го надградува веќе познатиот саунд на групата Д.Н.О.

Актулени членови на групата се: Владимир Поп-Христов - Мио (вокал), Дарко Мучев - Мучо (бас), Сашо Спасовски - Крокер, (гитара) и Михаил Парушев - Мичи (тапани).

За синглот Слобода, групата сними видео-спот во реализација на Дин филмс и во режија на Никола Китановски – Коки, а материјалот за албумот се подготвува во студиото на Евгениј Каревски - Гени.

Првиот албум на Д.Н.О, излезе во 2003 година, по што следуваа концертни настапи низ земјава, а уметникот Александар Станковски, сними играно-документрен филм за групата, насловен Меџикал мистери кјур, кој минатата година беше прикажан на домашниот филмски фестивал, посветен на музичките филмови.

Се надеваме дека оваа информација ќе го разбуди вашиот интерес и ќе најде место во вашиот медиум. За дополнителни информации или контакти со членовите од групата, ве молиме обратете се на нашата адреса.

П.С. Наскоро! Д.Н.О. - Никогаш поблиску до слободата!!!
извор:ммм
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Килерс летово во Љубљана

Познатиот
американски бенд Килерс на 7 јуни ќе одржи концерт во Љубљана, на задоволство на нивните многубројни фанови од регионот. Настапот ќе се одржи на хиподромот Стожице. Влезниците ќе чинат само 20 евра, што е сосема прифатлива сума за еден странски бенд со голема популарност. Албумите Sam’s town од 2006 и ланскиот Day и Age минаа слабо кај критичарите и фановите, сепак Килерс и натаму уживаат голем углед и редовно настапуваат пред распродадени арени.
извор: ммм
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
Во продажба билетите за Ричард Клајдермен


Веќе се пуштени во продажба билетите за светски познатиот пијанист Ричард Клајдермен, кој ќе се одржи во Метрополис Арена во Скопје. За галерија цената на билетите изнесува 1.500 денари, за партер билетите чинат 1.200 денари, додека за стоење цената е 600 денари. Билетите можат да се набават на билетарата во Југотон, цвеќара Розе- Веро 2 и Билетарата на Скопски Саем. Концертот е во 20, 30 часот.
 
П

Паган-др

Гостин
Гага албум од Токсикологија!

По повод една година од своето постоење, групацијата Токсикологија на 30-ти март 2009-та го прослави својот прв роденден. На тоскичните обожаватели како и секогаш досега, Токсикологија им подготви изненадување кое го очекуваа од првиот ден кога се оформи оваа групација. Toa е првиот албум на Токсикологија под наслов 4екераукц кој фановите можат да го симнат бесплатно од официјалниот веб сајт на оваа групација: www.toksikologijamusic.com.

Албумот 4екераукц е снимен кон крајот на 2008 и почетокот на 2009 година од страна на сите членови на оваа групација и тоа: Пука Козметика, Единствена Опција (Слаткаристика и Скитара), Соба Два (Марија4и и Боролаказ), Сиги, Желе и DJДимитрија Је Ја Јо.

Ова е одлична можност нашите фанови конечно да го чујат вистинскиот звук на оваа Групација. Се потрудивме овој албум да биде скалило кое ќе го качи македонскиот хип-хоп на повисоко ниво, изјави Мартин Георгиески, човекот за односи со јавност во Токсикологија.

Целиот албум е авторски, лично испродуциран од тројцата продуценти на Токсикологија: Скитара, Боролаказ и Маријачи. Текстовите на сите песни се авторски и се во сопственост на Токсикологија.

На www.toksikologijamusic.com, посетителите можат да се запознаат со историјата на Токсикологија како и со нејзините артисти. Посетителите на овој портал, ја добиваат привилегијата да ги прочитаат најновите информации и интервјуа кои се однесуваат на артистите од групацијата Токсикологија. Можат да симнат рингтонови, слики со одлична резолуција, видео клипови, синглови како и албуми од артистите на Токсикологија...
извор:ммм



ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ АНГАЖИРАН ДОМА И ВО СТРАНСТВО
Младиот пејач работи на деби-албумот, а во јули ќе ја претставува нашата земја на фестивалот „Славјански базар“ во Белорусија



По изведбата на изборот за македонски претставник на Евровизија во Москва со темата „Блиску до мене“, која се пласира на четвртото место, Влатко Лозаноски високо котира на топ-листите. Младиот кичевец вели дека пред учеството на манифестацијата единствено посакувал добро да се претстави пред јавноста, со групата „Офсајд“ од Тетово и денс-студиото „Ултра“, кои го придружуваа на сцената.

- Пласманот се должи на тоа што сите, како екипа, дадовме максимум. Претходно имавме многу проби за да го усовршиме сценскиот настап, а работевме и на имиџот. Сепак, најголем удел имаа Лазар Цветкоски, кој ги направи музиката и аранжманот на песната, и Дарко Димитров, кој се погрижи за текстот - истакнува 22-годишниот пејач.

На поп-сцената е присутен само една и пол година, но Лозаноски има две фестивалски победи: на летниот радиски фестивал „Ѕвездена ноќ“ и на ланскиот „Макфест“, на кој ја освои наградата за најдобар дебитант. - Најважно е песната да се врти по медиумите, луѓето да ја знаат, за да ја пеат на моите настапи во еден глас - смета Лозаноски.

РЕПЕРТОАР ОД ХИТ-ТЕМИ

Лозаноски се подготвува и за настап на фестивалот „Славјански базар“, кој ќе се одржи од 5 до 16 јули во Витебск и во Минск, Белорусија. Чест му е што ќе ја претставува Македонија на ваква голема манифестација.

- Ме покани Марјан Катароски, застапник на фестивалот во земјава. Тој ми рече дека на луѓето од организацијата многу им се допаднал мојот вокал. Ќе настапам со две нумери. Едната се' уште не е промовирана во јавноста, но е готова, а другата песна е „Сонце не ме грее“. Ќе пеам во живо со придружба на оркестар - вели Влатко

Лозаноски, која за кратко време создаде свое име и репертоар од хитовски теми. Неговиот рецепт за успех е да се сака тоа што се работи. Најважно е да ја сакаш професијата со душа и со срце. Луѓето со текот на времето тоа и ќе го забележат. Сепак, не треба да се задоволиш со една позиција. Потребна е постојана работа за да се постигне целта, да не избрзуваш, да ги одбираш вистинските луѓе и песните што ти лежат на душа - смета младиот пејач.

ДЕБИ-АЛБУМ ВО СЕПТЕМВРИ

Изминатиов период неговото име го поврзуваа со повеќе менаџерски имиња, но Лозаноски се реши за продуцентската куќа „Република“.

- Тоа е нова, „млада“ видео и аудиопродукција, која наскоро ќе има и официјална промоција. Во продукцијата има многу позитивна енергија. Се изработуваат многу проекти поврзани со мене, Врчак и момците од „ДНК“, ексклузивците на продукцијата.Материјалот за деби-албумот Влатко го подготвува подолг период оти внимателно ги одбира нумерите:

- Планираме цедето да има 12 теми, а повеќето се готови. Би требало да го промовираме во септември. Соработката со авторот Лазар Цветкоски, потписник на повеќето хитови на Влатко, ќе продолжи и на албумот. За стилската шареноликост ќе бидат задолжени и други композитори. Тој не ја исклучува можноста наскоро да биде промовирана дует-тема со Врчак.

- Со Цветкоски сега најмногу сакам да работам. Стилот на моите песни ќе остане каков што е: алтернативен поп-рок. Некои нумери ќе бидат поинакви, но можам да кажам во кој правец ќе се движат оти се' уште експериментирам. Ќе соработувам и со Хари Котларовски, кој ја направи макфестовската победничка песна „Времето да застане“ - завршува 22-годишниот Влатко Лозаноски.

извор:дневник
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Кели Роуланд замина од "Колумбија рекордс"


ЊУЈОРК (Билборд) - Поранешната членка на групата "Дестинис чајлд", Кели Роуланд (првата од десно), замина од издавачката куќа "Колумбија рекордс" откако сними два албума под нејзина етикета. Ар-ен-би пејачката во 2007 г. го објави албумот "Госпоѓица Кели" (Мс. Келлѕ), кој беше продаден во скромен тираж од 219.000 примероци во САД, според податоците на "Нилсен саундскен".
Од "Колумбија" рекоа дека заминувањето на Роуланд било заедничка одлука и "секакви изјави спротивни на тоа се невистинити". Оваа издавачка куќа и понатаму се грижи за каталогот на "Дестинис чајлд", како и за соло-проектите на поранешните членки на групата Бијонсе и Мишел Вилијамс.

извор: вест
 

Mace^

* PLAY LOUD *
Член од
1 април 2009
Мислења
12
Поени од реакции
1
Dream Theater, на 23 јуни го издаваат 10-от тудиски албум BLACK CLOUDS & SILVER LININGS албумов ќе има 6 песни:

  1. A Nightmare to Remember
  2. A Rite of Passage
  3. Wither
  4. The Shattered Fortress
  5. The Best of Times
  6. The Count of Tuscany
Mike Portnoy и John Petrucci се продуценти, а миксање - Paul Northfield


Едвај Чекам!!!!
 
П

Паган-др

Гостин
Диџејката Миси Џеј во „Колосеум“

Миси Џеј, диџејката од Милано, Италија, вечерва ќе настапи во клубот „Колосеум“ во Скопје. Девојката што во 2006 година доби диплома од а Школата за нови аудиомузички медиуми во Милано, работи како диџеј, но и учи хармонија и пијано и продуцира свои песни. Во 2007 година почна соработка со магазинот „Матрикс“ што значеше учество во изборот на најдобар женски диџеј. Од јуни до декември таа беше на турнеја низ Италија со уште неколку натпреварувачки, а на крајот и се закити со победничкиот трофеј.Миси Џеј лани стана официјален диџеј на бендот „Фјама фумана“ со кој беше на турнеја низ Велика Британија, САД и Канада. На крајот од 2007 година таа се приклучи на издавачката куќа „Старлајт мјузик“, под чија капа ја објави и првата нумера што ја продуцира, аранжира и отпеа. Таа песна беше дел од миксот што Дабфаер („Дип диш“) го презентира на забавата „Какун“ во „Амнезија Ибица“. На почетокот на годинава Миси Џеј го промовира своето прво винилно ЕП-издание.
извор:дневник
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
И Пети Смит во Загреб

Хрватските медиуми јавуваат дека кралицата на панкот и најценетата рок-поетеса на планетава - Пети Смит на 13. јули ќе настапи во Загреб. Многубројните семејни обврски и смртта на нејзиниот сопруг Фред Соник Смит извесен период ја оддалечија од сцената и од студиската работа. Иконата на Њујорк сепак се врати во центарот на вниманието кон средината на 90-тите, а во 2007 година беше примена во Рокенрол холот на славните. Публика ќе ужива во нејзиниот солистички настап на 13. јули во рамките на Загрепските летни вечери.

Првата рокенрол дама и во Скопје

Култната панк-рок икона и најзначајната жена во рок-музиката - Пети Смит, на 10, јули ќе одржи концерт во Скопје, во рамките на нејзината летна европска турнеја. Познатата рок-поетеса со својот бенд ќе настапи на осмото издание на ОФФ-Фест, како вонреден, дополнителен настан на оваа музичка манифестација којашто секоја година по традиција се одржува кон крајот на mај и почетокот на jуни.

Патриша Ли Пети Смит е легендарна њујоршка рок-музичарка, поетеса, пејачка, уметница и активистка. Нејзиниот удел во зачнувањето на панк-рок движењето е огромен. Особено значајно и влијателно во оваа смисла е нејзиното деби-издание Хорсис (Horses) од 1975 година, албум што и го донесе прекарот мајка на панкот. Инспиративна, амбициозна и неконвенционална, музиката на Смит, заедно со онаа на Боб Дилан, се оценува како највозбудливиот спој на рокенрол и поезија во историјата на современата музика.

Речиси не постои сериозен рок автор последниве неколку децении што не се повикува на силното влијание на нејзиното творештво: Лу Рид, Мајкл Стајп, Брус Спрингстин, Боно, Курт Кобејн, Соник Јут, Пиџеј Харви, Морисеј, Кевин Шилдс и Кортни Лав се само некои од имињата коишто јавно ја посочија Пети Смит како своја голема уметничка инспирација.

Информациите во врска со местото на одржување на концертот на Пети Смит, продажбата на билетите, како и целосната програма на OFF-Fest 2009 ќе бидат дополнително објавени.
извор: ммм
 
П

Паган-др

Гостин
Голем интерес за Гитаријада 2009

На втората Гитаријада во Гевгелија, што ќе се одржи на 24 и 25 овој месец, во организација на Здружението на граѓани Делфин, пријавени се 27 музички групи и бендови – јави МИА.

Од нив организаторот ќе селектира само 15 кои ќе настапат на првата полуфинална вечер планирана за 24 април во дискотеката Париз во Миравци. Следниот ден на Градскиот стадион во Гевгелија најдобрите седум бендови ќе настапат на финалниот избор со две до три свои авторски композиции.

И годинава, главен покровител на ова музичко доживување кое нуди афирмација на младите музички таленти, е општина Гевгелија, со донација од 300.000 денари како поддршка на проектот.

Бројната публика, покрај финалистите ќе може да ужива и во настапот на најавените гости на манифестацијата, групата Суперхикс, додека учесниците ќе се натпреваруваат за популарниот награден фонд, а тоа е изработка на аудио и видео спотови за најдобрите три музички состави од финалната вечер.
извор:ммм
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Клаудија Кардинале ќе ги најави и нашите музичари во Венеција



Славната италијанска актерка Клаудија Кардинале, амбасадор на добрата волја на УНЕСКО, ќе биде почесен гостин и модератор на свечениот концерт што ќе се одржи на 20 април во Венеција, а на кој ќе учествуваат македонски уметници. „Концерт за мир: Музика за дијалог и помирување“, што ќе се одржи во театарот „Ла Фениче“(„Феникс“), ќе обедини педесетина уметници за мир на УНЕСКО и музичари, кои ќе претставуваат четири различни религии и 12 држави, меѓу кои и Хрватска, Белгија, Италија и Сирија. Македонската култура во Венеција ќе ја промовираат маестро Борис Трајанов, тенорот Благој Нацоски - кој е наш амбасадор на културата во Италија, како и женскиот хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје. Од Министерството за култура велат дека „ќе се презентира програма преку која ќе ги истакнеме значењето и убавината на македонската уметност и култура.“

- Идејата на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција да ја промовира музиката што не знае за граници е со задоволство прифатена од сите уметници, со кои сите заедно ќе придонесеме во градењето нераскинливи врски за поголемо меѓусебно разбирање и воспоставување траен мир - вели министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Во истиот ден, во престижниот „Ла Фениче“ ќе бидат промовирани зборникот „Охридски пораки за мир и соживот“ и дивиди-изданието, кои произлегоа од големата Меѓународна конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, што се одржа пред две години во Охрид, под покровителство на УНЕСКО.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom