Музичка теорија

Член од
29 август 2008
Мислења
152
Поени од реакции
5
Како што знаеме, гласот претставува звук создаден од гласните жици и се применува за: зборување, пеење, смеење, плачење, крик и др. Со цел да се остварат претходно наведените дејствија, во создавањето на гласот играат улога трите дела од човечкиот организам: белите дробови – кои ја играат улогата на “пумпа“ (испуштаат воздух и доволно воздушен притисок кои воедно претставуваат “гориво“ за вашиот глас и ги вибрираат гласните жици), гласните жици во гркланот на човекот и дијафрагмата – која го овозможува потребниот воздушен притисок.
Самите мускули на гркланот ја прилагодуваат должината и тензијата на гласните жици на одреден тон.
Знаеме дека мажите и жените се разликуваат во нивните гласови, со тоа што опсегот на женскиот глас лежи во погорните октави. Според тоа, гласовите ги делиме на шест основни видови на гласови:
Машките гласови се:

- бас – најнискиот и најдлабокиот машки глас.
- баритон – среден машки глас
- тенор – највисок машки глас

Женските гласови се делат на:

- алт – најнизок женски глас
- Мецо-сопран – среден женски глас
- Сопран – највисок женски глас.

--------------------------------------------------

Класичен Бас: од Вториот Е (Ми) пред главно С, па се до главно С
Класичен Баритон: од второто G(сол) пред главно С, па се до Е(ми) после главно С.
Класичен Тенор: од првото С(До) пред главно С, па се до G после главно С.

Класичен Алт: од првото F(Фа) пред главно С, па се до второто D(ре) после главно С.
Класичен Мецо-сопран: од првото А(Ла) пред главно С, па се до вториот F(Фа) после главно С.
Класичен Сопран: од главно С(До), па се до второто А(Ла) после главно С.

ЗАБЕЛЕШКА: Ова претставуваат најосновните распони на вокалите, што не мора да значи дека одреден вид на вокал мора да ги има тие распони. Постојат варијации од личност до личност (пр: Баритон може да има + неколку ноти пониско и + неколку ноти повисоко и сл.). А горенаведените класични распони најчесто се бараат во хорското пеење, додека пак во соло пеењето се користат поголеми распони. И сите пејачи се стремат преку најразлични гласовни вежби да го зголемат својот распон на гласот.

----------------------

Доста е важно да го знаете вашиот вид на гласот бидејќи поголемиот дел од песните кои ќе сакате да ги пеете мора да бидат во тој опсег. Откривањето на вашиот глас може да се изведе на повеќе начини: опсегот на вашиот глас, на кој опсег ви е најпогодно за пеење и на кој тон вашиот глас преминува од низок регистар во високиот регистар.

Пронаоѓањето на опсегот на вашиот глас најдобро би било да биде изведено од некој искусен музичар кој би можел веднаш да ви го каже вашиот вид. Но, доколку сметате дека имате доволно развиен слух сами да го пронајдете вашиот опсег и да го дознаете вашиот вид на глас, тогаш еве го првиот совет како да стигнете до тоа:
- Пронаоѓањето на опсегот на гласот на пејачот најчесто се изведува на клавир или синтисајзер (на пример: јас тоа го изведувам на пет-октавен синтисајзер).
- Прво треба да знаеме каде се наоѓа “средното C“ или “главно C“ на самиот синтисајзер. Тоа претставува тонот кој е најблиску до средината на синтисајзерот/клавирот (во мојот случај, на пет-октавен синтисајзер, главниот ДО тон претставува третиот ДО одлево).
- Средно C воедно претставува тон кој може да го отпеат сите видови на гласови, без разлика дали се машки или женски.
- Мој предлог би било да започнете од “средно C“ и да тргнете прво надолу по вашиот опсег (налево на синтисајзерот/клавирот) и да запомнете до кој тон можете чисто и полно да пеете, а потоа истото да го повторите нагоре (десно), кој е највисокиот тон кој јасно може да го испеете/задржите (без попуштање на гласот).
- Следно што треба да направите е да ги отпеете тоновите од вашата долна октава и вашата горна октава, забележувајќи која октава ви е поудобна за пеење (дали вашиот глас е полн, обогатен со хармоници повеќе во долната или во горната октава). Тоа ќе го одреди вашиот вид на гласот (пр: ги пеете втората и третата октава, подобро звучите во втората октава, тогаш вашиот вид е баритон, доколку вашиот глас е побогат и пополн во третата октава, тогаш вие сте тенор).

--------------------------------------------------------------------------------

Распонот на пејачот е само едно од деловите за класификација на гласот. Постојат и уште неколку работи како: тежината на гласот (дали звучи лесен или потежок *тенок или длабок*); удобниот распон на пејачот, неговиот пасаж*.

ПАСАЖ* = местото во распонот на пејачот при неговото преминување од понискиот регистар на неговиот глас во повисокиот.
 
D

dh00|

Гостин
Основни методски принципи при пеењето:
1.Дијафрагмено дишење
2.Тврда атака на звукот
3.Задолжително заоблен и покривање на тоновите од средниот и високиот регистар
4.Класификација на тембрите на светол и темен
5.Ниска положба на ларинксот при темен тембр
6.Поголемо трошење на воздух при фалсетно пеење.

Регистрите се различни кај машките и женските гласови.
Кај женските се делат на три:
-граден
-среден
-главов.

Кај машките се делат на два:
-граден
-главов.

Најпогодни вокали за пасажи се А, Е и О.

оф топик: учам во средно музичко училиште-соло пеење (драмски сопран):smir:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
152
Поени од реакции
5
браво за одговорот, којзнае уште нешто музичка теорија слободно нека пишува, но да не бегаме од темата: напишете нешто и за вашиот вокал.
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Музички интервали
Интервал во музиката претставува растојание помеѓу два тона.Интервалите пред се се далат на хармонски , кај кој двата тона се свират истовремено, и мелодиски при што прво се свири едниот, а потоа другиот тон.Постои и уште една поделба а таа ги дели интервалите по величина и вид.
Кога тоновите се подредуваат по величина , внимание се обраќа на тоа колкава е дијатонската разлика помеѓу два тона.Постојат 8 степени на величински интервали од кои се формираат сите останати .
Прима, Секунда, Терца , Кварта, Квинта, Секста, Септима и Октава.
Освен оваа поделба, постои и поделба на интервалите според видот, затоа што хармонски секој од овој интервал може да биде остварен во повеке варијации
Чисти-кој можат да бидат прима кварта квинта и октава
Големи и Мали-кои можат да бидат секунда терца цекста и оптима
Смалени-сите интервали со исклучок на прима
Прекомерни-можат да бидат сите интервали.

Следниот пат ке ја учиме скалата Г-дур:smir:
 
Член од
17 февруари 2010
Мислења
62
Поени од реакции
4
Би се надоврзал на веќе почнатата тема и би ви ги претставил музичките паузи.
Прегледај го приврзокот 11676
Како што е многу логично, секоја пауза по своето траење би одговаралa со нотата која го има истото тоа траење.
Значи:
- Цела пауза ќе има времетраење исто со цела нота - 4 удари
- Половина пауза ќе трае исто колку и половина нота - 2 удари
- Четвртина пауза ќе има времетраење како четвртина нота - 1 удар
- Осмина пауза ќе трае исто колку и осмина нота - 1/2 (половина) удар
- Шеснаестина пауза ќе трае колку и шеснаестина нота - 1/4 (четвртина) удар
Како прво,четвртина пауза не трае еден удар...ТРАЕЊЕТО НА ПАУЗАТА ЗАВИСИ ОД НОТНАТА ВРЕДНОСТ КОЈА СЛУЖИ КАКО ТАКТОВ ДЕЛ...пример,колку би траела четвртина пауза во 2/8 такт?

Е и H немаат повишени тонови.
Како немаат...А ДА НЕ СИ ГРЕШКА?Што е his...eis...и каква би била Cis-dur без тие два тона?
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Како прво,четвртина пауза не трае еден удар...ТРАЕЊЕТО НА ПАУЗАТА ЗАВИСИ ОД НОТНАТА ВРЕДНОСТ КОЈА СЛУЖИ КАКО ТАКТОВ ДЕЛ...пример,колку би траела четвртина пауза во 2/8 такт?


Како немаат...А ДА НЕ СИ ГРЕШКА?Што е his...eis...и каква би била Cis-dur без тие два тона?
Еis е F His е C
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
во врска со вокалот најмногу ми лежи death metal и hardcore punk. како би го класифицирале ваквиот вид пеење(само немојте да ми речите тоа е дерење без врска :D )?
 
Г

Господ

Гостин
во врска со вокалот најмногу ми лежи death metal и hardcore punk. како би го класифицирале ваквиот вид пеење(само немојте да ми речите тоа е дерење без врска :D )?
Aко не се лажам тие се викаат guttural vocals...harsh vocals,нечисти.
Growl-от по дифолт се ниски тонови,како што иде нагоре станува по остар и наликува на scream,ваљда:baeh:
 
F

FallenHypaspist

Гостин
во врска со вокалот најмногу ми лежи death metal и hardcore punk. како би го класифицирале ваквиот вид пеење(само немојте да ми речите тоа е дерење без врска :D )?
Сега во дет металот имаш од грунт, та се до среден/висок скрим. А во Ха/Це панкот најчесто шаут та може да се најде и по некој шрек/скрим..комбинациите што може да се напраат се у пм :))

Претпоставувам сакаш да кажеш нешто во стил на Флим од Машин Хед ? ..шаут со некој ниско дисторзиран, среден граул ( те рапав, ко што си го викаме ние улички :) ) ...иако нема ниш со детот..

Најбоље кажи некој артист што е во тој стил та ќе се разјасниме :)
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Добро изведува, али дека е самоук ко што и сам си вика...негира технички вежби, правила и што ти се знам, и донт ноу вај ис дат..

овој не е здрав:toe:
Grunt-от ме посра :kesa:


Шо викаш за овој ?

 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
Сега во дет металот имаш од грунт, та се до среден/висок скрим. А во Ха/Це панкот најчесто шаут та може да се најде и по некој шрек/скрим..комбинациите што може да се напраат се у пм :))

Претпоставувам сакаш да кажеш нешто во стил на Флим од Машин Хед ? ..шаут со некој ниско дисторзиран, среден граул ( те рапав, ко што си го викаме ние улички :) ) ...иако нема ниш со детот..

Најбоље кажи некој артист што е во тој стил та ќе се разјасниме :)
вака од панк: Casualties, Exploited
death(поќе на death&roll) : Six Feet Under
е сега тука има уште еден жанр а тоа е GrindGore: impetigo, sperm injection(мада овие се со ефект)...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom