Мрмефорија (Еурофорија) - ЕУРО на МРТ

Член од
14 март 2010
Мислења
16.926
Поени од реакции
16.214
Не коментираше Дамјан вчера, веројатно беше онај „белокосиот“ шо беше во студио претходно.
100% беше Дамјан, другиот е Бранко што беше во студиото, на него забрането му е да коментира од коа имаше инцидент во првата кошаркарската лига кај нас :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
За прв пат после долго време морам да гледам фудбал со наши коментатори и сега разбирам како ви е вам, напатени души... Значи не се трпи она, овие луѓе поим немаат како да коментираат формации, тактики, и буквално се што се случува на терен, па верглаат цело време апстрактни работи како: сега треба да се одбраниме, да издржиме, па ако се отвори простор да нападнеме, да се протури некако таа топка напред, Арнаутовиќ играл во кинеска лига па ајде статистики за учинокот во кинеската лига на сред натпревар, па високи биле Австријците, Барди да дадел гол од слободен...

Тоа е, кога не знаеш да коментираш што се случува на терен си правиш вербална гимнастика цело време.
Ова највеќе се должи на тоа што коментаториве немаат работа преку целата година. Не вршат пренос од ниеден спорт и немаат кондиција за коментирање, односно не се у форма.

Драган, Стерјов и Тони се доста добри коментатори, реално, порано коа редовно коментираа фудбал на А1 и Сител беа топ за слушање, поготово Драган имаше доста познавање. Мене гласот на Стерјов ме потсеќа на Еуро и СП, онака у сред пладне дремеш дома и глеаш Шведска-Нигерија а Стерјов внесен у преносот ко да нема утре.
Истото до негде би го кажал и за Југо и Видески.
За Калински излишно е да се збори.

Тоа е, не коментираат ништо, не се у тек.. до душа они се у тек со случувањата ама друго е коа секој викенд ќе коментираш по 2-3 утакмици а друго е еднаш годишно или еднаш у 2 години.

Не ги ни гледам јас, ме нервираат сега.
На српската Нова тв си пратам.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.926
Поени од реакции
16.214
баш на српската нова тие што коментираат не се на нивото. истите се од спорт клуб, ама втор ешалон на коментатори, барем од тие неколу преноси што слушнав, не сум го чул пример вишко да коментира. ама самото тоа шо е српски нас не "пали".
исто глеав пренос и на нова бих, хрт 2, секаде нивото на коментатори е паднато, ги нема тие стари коментатори и таа стара школа. и таму негативни коментари има за нивните коментатори.
калински нека ми извини освен тоа што има таков глас за коментатор и што везе поезија во преносите другото што треба да го има за коментатор е далеку под нивото.
стерјов, драган и тони се добри, ма да овие двајцата забегаа во последно време со малце вмешување политика во преносите.. ама убаво звучат коа коментираат.
милковски нека си тера со карате федерација, нека не замара со коментирање. не знам како паднала одлуката на него да оди во букурешт ама ајде..
од новите, владко има место за напредок само му фали преноси. дамјан едноставно нема глас за коментирање, нека отвори спортски сајт нека си пишува статии.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Драган, Стерјов и Тони се доста добри коментатори, реално, порано коа редовно коментираа фудбал на А1 и Сител беа топ за слушање, поготово Драган имаше доста познавање. Мене гласот на Стерјов ме потсеќа на Еуро и СП, онака у сред пладне дремеш дома и глеаш Шведска-Нигерија а Стерјов внесен у преносот ко да нема утре.
Истото до негде би го кажал и за Југо и Видески.
За Калински излишно е да се збори.
Можеби. Нема проблем со гласот, имаат и глас, и дикција, зборуваат правилно, не како рандом „новинари“ од други телевизии од кои страдаат ушите. Забелешката ми е на содржината, досадно е да се слушаат празни муабети.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
баш на српската нова тие што коментираат не се на нивото. истите се од спорт клуб, ама втор ешалон на коментатори, барем од тие неколу преноси што слушнав, не сум го чул пример вишко да коментира. ама самото тоа шо е српски нас не "пали".
исто глеав пренос и на нова бих, хрт 2, секаде нивото на коментатори е паднато, ги нема тие стари коментатори и таа стара школа. и таму негативни коментари има за нивните коментатори.
калински нека ми извини освен тоа што има таков глас за коментатор и што везе поезија во преносите другото што треба да го има за коментатор е далеку под нивото.
стерјов, драган и тони се добри, ма да овие двајцата забегаа во последно време со малце вмешување политика во преносите.. ама убаво звучат коа коментираат.
милковски нека си тера со карате федерација, нека не замара со коментирање. не знам како паднала одлуката на него да оди во букурешт ама ајде..
од новите, владко има место за напредок само му фали преноси. дамјан едноставно нема глас за коментирање, нека отвори спортски сајт нека си пишува статии.
Еве го Вишковиќ моментално на Шкотска-Чешка.

Вчера Новак коментирал негде гарант, затоа го немаше цел ден.

Добри се бе, можеби немаат еуфорија у гласот ама бар коректно си ја водат утакмицата без да забегуваат ко нашиве у примерите што ги спомна Ио.

А и општо, у последно време коментатор е преценета работа. :D
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.239
Поени од реакции
14.534
Да не биде дека само плукам, Стерјов си е на ниво, а и секогаш ми бил еден од подобрите коментатори кај нас.

А се сложувам дека и во регионот нема многу добри коментатори, оние на Арена што коментираат италијанско, се неколку класи полоши (освен еден) од коментаторите на МТВ.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.789
Поени од реакции
1.700
Еве го Вишковиќ моментално на Шкотска-Чешка.

Вчера Новак коментирал негде гарант, затоа го немаше цел ден.

Добри се бе, можеби немаат еуфорија у гласот ама бар коректно си ја водат утакмицата без да забегуваат ко нашиве у примерите што ги спомна Ио.

А и општо, у последно време коментатор е преценета работа. :D
Исто првата ја коментираше утакмица, отворањето Италија - Турција. Не знам Владо Новаковиќ дали коментираше, го видов во студио кога беше Данска и целата таа ситуација. Инаку цело време кога игра Македонија истиот коментатор е од Србија што не коментира.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Никогаш не би слушал Срби пред Македонци. Си го ценам своето, а и ништо посебно не се они. Поготово од спорт клуб, гледав прееска од спорт клуб хајлајтс од мечот Холандија-украина, и коментаторот звучеше како да не му се коментира и живее, мртво коментирање. На тој гол на Јармоленко ти да немаш никаква реакција, катастрофа. А се знае дека најдобри коментатори се латиноамериканците.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.432
Поени од реакции
114.088
Забелешката ми е на содржината, досадно е да се слушаат празни муабети.
This.
Некни Влатко Арсов вели: и по десната страна на Италија напаѓа Флоренци, ми се чини за ПСЖ играше.... Му се чинело него бог да чува и да брани. Сериозно ни требаат фудбалски и спортски потковани коментатори, не само од МТВ него општо. Во право е Марио за Драган, Стерјов и Тони, имаат знаење ама не се во коментаторска форма зашо 95 посто од годината водат спортски вести на МРТ или коментираат македонска кошарка/одбојка/ракомет, нешто што никој не го гледа и нема жар во него.

Се ежам од глуп и неписмен коментатор жими се, не Влатко Арсов него тој другиот нов што е во МТВ е тежок криминал, ретко досаден глас без грам емоција. Пред некој ден Дамфрис од Холанндија го вика Думфирес..., па аман бе друже барем сега има 300 начини да најдеш кој како се изговара да му ебам мајката.

Исто ми пречи што ужасно мешаат играчи, па дури и нашите, против Австрија избива Велковски овој вика Кире Ристевски а тој на клупа сиротиот. Паѓа Елмас овој вика фаул над Алиоски, а двајцата немаат една допирна точка, едниот црн другиот бланширан плав, страшна работа мајке ми.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Чудни луѓе се бе, еве го Југо вика: денес има само два натпревари ќе имате 90 минути за љубов и други работи. :pos:

@Джонтра Вохохолта какви се тие други работи? :cautious:

Мене од сите моменти на наши коментатори најлегендарно ми е прашањето кое Југо му го постави на Мика Хакинен своевремено во Скопје, а кое одеше некако вака: „Како се одлучи човек како вас, со така големо срце, да ја посети Македонија?“

Финецот го погледна бледо и му рече: чудни прашања поставувате овде во Македонија...
 
@beneamata
 
Kajgana Shop

На врв Bottom