Мразење/Омраза

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Тежок збор и крајно негативно чувство. Омразата ја сфаќам како чувство кое те тера да очекуваш момент личноста да се најде во ситуација на измачување, па тоа да биде како некоја твоја одмазда. Или па смислуваш како да се одмаздиш.
Можам да речам дека некој ме повредил, навредил, ми направил да се чувствувам многу лошо, но не сум рекла дека го мразам. Страшно ме повредила некоја личност, имав силна одбивност кон нејзе, но во срцето навистина не и` посакував ништо лошо. Можеби заслужила да ја мразам, но кога се најде во лошо не се ситев, криво ми беше што страда и чувствував дури и некоја грижа на совест што не сум и` во близина за некако да помогнам. Сум мислела дека сум способна за осветување (или скриен триумф), но секогаш кога ќе имам можност за тоа ќе ми преовладаат некои емоции и мислите ми земаат друг правец. Ако сака некој да го нарече тоа мутавост, нека го.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Страшно ме повредила некоја личност, имав силна одбивност кон нејзе, но во срцето навистина не и` посакував ништо лошо. Можеби заслужила да ја мразам, но кога се најде во лошо не се ситев, криво ми беше што страда и чувствував дури и некоја грижа на совест што не сум и` во близина за некако да помогнам. Сум мислела дека сум способна за осветување (или скриен триумф), но секогаш кога ќе имам можност за тоа ќе ми преовладаат некои емоции и мислите ми земаат друг правец. Ако сака некој да го нарече тоа мутавост, нека го.
И мене ми се случува истото.Едноставно зборот омраза ми е многу грд,а да кажам за некого дека го мразам,ми е како да се деградирам самата себеси.
А за тоа што мислиш дека е мутавост,не е,едноставно имаш малку повеќе верба во човековото срце,и сепак ја гледаш добрата страна на тој што те поведил.Таквото чувство се повеќе избледнува кај нас луѓето,а ова не води кон избледнување на правилните идеали и чувства.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
не пронајдов ваква тема случајно ако има може да ја избришете или споите...

Што е поточно мразење и дали може да се дефинира?
Јас мразењето го дефинирам како најлошои чувство што човек може да го чувствува, кое прави да се чувствуваш најподло и најниско.

Дали тој човек ако мразиш некој твојата причина е доволно голема да го мразиш и да сакаш да му правиш лошо?
Вака сеа..Ако речам дека не мразам, ќе излажам. Ако речам дека мразам, пак ќе излажам. Значи, има луѓе кои не ги сакам во моја близина, не сакам да бидат до мене. Има луѓе кои ми направиле големо зло, кои премногу ме повредиле, луѓе кои не сакам со очи да ги видам, али не им посакувам ништо лошо.(Ок, во моментите кога сум изнервирана, сакам да го почувствуваат истото тоа што ми го направиле на нивна кожа па да видат како е). Едноставно, да не бидат во моја близина, да не знам ништо за нив, и да не ме интересира што им се случува во животот. Ако е тоа дел од мразењето, тогаш да, мразам.

Светот е суров и полн со омраза. Не можиш да се понашаш со сите фино и убаво и не можи сите да ги сакаш. Ама треба да се обидиме да ја одбегнуваме омразата. Не за нивно добро, ами за наше. Лошо е да чувствуваш и да носиш во тебе нешто толку големо, тешко и грдо. Не вреди да ја даваш сета своја енергија на мразење.
 

don PASCAL

Tne last Don Protected By the Mafia..
Член од
2 октомври 2007
Мислења
647
Поени од реакции
19
go mrazam sekoj sto me mrazi na mene:toe:
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Да го мразам тој што ме повреди и што го изгубив времето со него,и не го мразам затоа што ја сум идиот него затоа што ми згрешил а ја сум кутела и сум трпела, инаку докажано е дека љубовта и омразата се најдобри пријатели.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
154
Поени од реакции
1
Не мразам никого,ама има личности кои страшно ме нервират и воопшто не ги сакам т.е.не можам да ги смислам.
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
Да го мразам тој што ме повреди и што го изгубив времето со него,и не го мразам затоа што ја сум идиот него затоа што ми згрешил а ја сум кутела и сум трпела, инаку докажано е дека љубовта и омразата се најдобри пријатели.
ти не го мразиш...едоставно не го поднесуваш....омразата е нешто друго
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Најтешка емоција која може да се поднесе и издржи....Повеќе создава тежина за оној кој ја чувствува него оној до кој е упатена...Прави блокада на самата личност , и многу негативно делува на неговото духовно спокојство...
Едноставно луѓето кои заслужиле да ги мразам, тотал се ослободувам од нив, ги игнорирам, ги бришам а омразата му ја оставам за нив, да им биде потешко
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
А за тие што мразат некој, дали е доволно голема причината за да го мразите тој човек?
 
Член од
17 октомври 2007
Мислења
36
Поени од реакции
0
Да го мразам тој што ме повреди и што го изгубив времето со него,и не го мразам затоа што ја сум идиот него затоа што ми згрешил а ја сум кутела и сум трпела, инаку докажано е дека љубовта и омразата се најдобри пријатели.
inace ne dzabe kazale mnogu e tenka linijata pomegu omraza i ljubov...samata si kaza :))
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Најтешка емоција која може да се поднесе и издржи....Повеќе создава тежина за оној кој ја чувствува него оној до кој е упатена...Прави блокада на самата личност , и многу негативно делува на неговото духовно спокојство...
Едноставно луѓето кои заслужиле да ги мразам, тотал се ослободувам од нив, ги игнорирам, ги бришам а омразата му ја оставам за нив, да им биде потешко
Само да се надоврзам на муабетов од Lady:smir:

Покрај тоа што е најтешка таа е и најнегативното чувство кое може да го има човекот. Има две опции за оној кон кого е наменета таа емоција. Може да создаде тежина како за личноста која ја чувствува така и кон оној за кој е наменета, се разбира ако воопшто постојат емоции кај таа личност. Но постои и варијантата кога прави блокада кај оној кој ја чувствува, а не кај оној на кого му е упатена.

Неколкумина имам ставено на листа на игнорирање. Не можам да кажам дека ги мразам, туку едноставно за да не си нарушувам мир и спокојство и за да се поштедам од било какви нервози - не ги забележувам.:wink:
 

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Ретки се луѓето кои заслужуваат да трошам енергија на нив, мразејќи ги. Се случува некои луѓе да го достигнат тој степен кај мене, но после некое време тоа преминува во рамнодушност. Луѓето кои ќе го достигнат нивото на мразење најчесто го заслужиле тоа заради предавство. Само за тоа сум способна да мразам.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Koј кажа дека на некого мразам?! Едноставно не го сакам :) ... а тоа дека мразам некој мислам дека кај мене не минува, може само одбивност да чуствувам, а мразење :nenene:
 
Член од
27 октомври 2007
Мислења
73
Поени од реакции
0
da mrazam nekoi luge sho se stavaat vo film a ustvari se najloshi faci sho postojat da ne imenuvam:nesum:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Незнам да мразам, несакам да мразам и неумеам да мразам. Колку и да ми погрешил некој, доволна е рамнодушноста спрема него и ќе биде казнет, а со омраза му давам до знаење дека ми значи само од друг аспект. Едноставно ignore и delete.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom