Мразење/Омраза

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
не пронајдов ваква тема случајно ако има може да ја избришете или споите...

Што е поточно мразење и дали може да се дефинира?
Дали тој човек ако мразиш некој твојата причина е доволно голема да го мразиш и да сакаш да му правиш лошо?
Дали воопшто мразите некој и зашто?
навистина ме интересира :)
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Што е поточно мразење и дали може да се дефинира?
Мразење...тоа би било нешто спротивно на љубовта.Кога се она негативно што го чувствуваш го насочуваш кон “таа“ личност.

Тие што ги сакам исто така и ги почитувам.
Има и такви кои не ги сакам(рандом луѓе),не ми значат во животот,но ги почитувам.
И онаа третата група би биле оние кои ги мразам и не ги почитувам.
Дали тој човек ако мразиш некој твојата причина е доволно голема да го мразиш и да сакаш да му правиш лошо?
Секако дека е...барем за некого.Да не беше,немаше да има убиства поради освета,одмазда по светот.
Дали воопшто мразите некој и зашто?
навистина ме интересира :)
Не,не мразам.Едноставно,тие кои би биле заслужни да ги мразам,кои не го заслужуваат моето внимание,почит и сл. ги бришам и толку е.
Не осеќам некоја потреба за да ги мразам или да им се осветам или било што,доволна казна им е што се` тоа што се` и што веќе не ги сметам за живи суштества.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не мразам никој.Има можеби луѓе кои не ги поднесувам,меѓутоа да мразам не.Едноставно тоа ми е труење на мозокот и срцето и плус исполнување со негативна енергија.Зашто да трошам време и чувства за негативнио работи?
 
Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
ма какво мразење.на никој не му правам толкава чест.јас ке се замарам со некој,ке си ја чукам главата ЗА КОЈ И ЗА ШТО?!?
за некој шо не вреди.никогаш не сум мразела и нема ни да мразам некој.можно е само да го избегнувам и да не можам да го поднесам..то е то
 
еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Што е поточно мразење и дали може да се дефинира?
Омразата е олицетворение на неубавите чувства,немирот во душата,бесот и разочарувањата.Неможе да кажеме дека е спротивно од сакањето,а сметам дека секој кој љуби,или љубел барем за момент во животот,не е способен за омраза.

Дали тој човек ако мразиш некој твојата причина е доволно голема да го мразиш и да сакаш да му правиш лошо?
Не,никогаш никоја причина не е доволна за да се замрази некој,поради тоа што мразењето ќе не доведе до многу посериони крајни последици кои може да бидат катастрофални,и поради кои можеме вечно да се каеме.
Но сепак,како што никој не може да живее без љубов,така и неможе да биде со љубов кон сите луѓе во околината,па токму поради тоа постои чувството кога едноставно некој неможеме да го поднесеме,а сметам дека овие чувства не треба да кулуминраат со омраза,бидејќи омразата е карактеристика на слабите личности,исфрустрираните умови и осамените луѓе.

Дали воопшто мразите некој и зашто?
Не.
Не велам дека ги сакам сите околу мене,напротив,тоа е против законите на природата.Но сепак ги контролирам чувствата кон оние кои не ги сакам.Не го сакам зборот Омраза и Мразење.
 
vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Никој никого не мрази а,ок *светци :pos:

Нема врска тоа со љубовта,што има врска ако сум љубел еднаш или два пати во животот,демек неможам да мразам,можам,но некој кој ќе го заслужи тоа,не било кој,не мразам никој кој на пример сум се спречкал со него или сме дошле во конфликт,или пак злите усти,таквите работи се решаваат на поедноставен начин со разговори и нема потреба од душевен немир и омраза.

Кога мразам,мразам со цело срце и душа до срж што се вика,а таква особа сега за сега е една т.е еден,штета што неможам да му направам ништо лошо,а причините за да го мрзам не се мали (*)

*кога ќе скинеш,јас ќе славам и можеби ќе положаме тогаш,a Tutkar?! :icon_lol:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61

Да, живееме во "свет на љубовта ":pipi:
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Мразење...тоа би било нешто спротивно на љубовта.Кога се она негативно што го чувствуваш го насочуваш кон “таа“ личност.
Мислам дека си грешка... Спротивно од љубов би било индиферентност... Мразењето сепак можеш да го класифицираш како чувство... Без разлика дали е стварно мразење или само се тешиш или обидуваш да мразиш некого... Битното е дека кога ќе ја видиш таа личност нешто се случува со твоите чувства (негативно, но сепак има реакција)
Индиферентност... Едноставно не се замараш со таа личност... ниту ја мразиш, ниту сакаш.. ниту... ама баш ништо.. Кога ќе ја видиш не ти се случува баш ништо со емоциите... :smir:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Мразам многу луѓе, барем тука кај нас е најмал проблем. Политичари/дијабетичари, папагалски фризури, кремци, итн......

А нормално ако некој ми згреши многу ќе го мразам се до моментот додека не му вратам за тоа....тешко злопамтило сум.
 
vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Да, живееме во "свет на љубовта ":pipi:
„светот на љубовта“ го губи своето значење,или пак веќе е изгубено,колку и да сакаш да живеш во него едноставн неможеш да пројдеш преку некои работи,пре би рекол да живееме во реалноста :jaj:
 
doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Што е мразење... па нема некоја дефиниција, ваљда секој го дефинира на свој начин, според своите чувства. За мене тоа е чувство полно со гнев и презир кон некоја личност. Личност која што најверојатно ни згрешила нешто или едноставно ја сметаме за некаква опасност па поради тоа несвесно во нас се создава прво одбивност кон неа, а потоа и омраза. Јас лично сум против мразењето некој. Не е убаво да се трујат луѓето со такви негативни чувства и се трудам да бидам позитивна и културна кон сите, да не ги мразам, а кога веќе некој ме нервира се обидуам да го избегнувам за да не ја предизвикувам омразата во мене. Инаку да, мразам неколку луѓе. Има различни причини, претежно интимни така да не би ги спомнувала. Го мразам и фактот што мразам некој бидејќи омразата во мене ги буди најнегативните особини и прави само да се чувствувам лошо. И никогаш не би им правела злобни работи на тие што ги мразам, само потсвесно би посакувала да им се деси нешто што малку ќе ги потресе и изнервира, колку да ми се исполни меракот. И кога ќе речам да им се деси нешто мислам да им го украдат точакот или да им се скара другарот, не некои поопасни работи.:kesa:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Мислам дека си грешка... Спротивно од љубов би било индиферентност... Мразењето сепак можеш да го класифицираш како чувство... Без разлика дали е стварно мразење или само се тешиш или обидуваш да мразиш некого... Битното е дека кога ќе ја видиш таа личност нешто се случува со твоите чувства (негативно, но сепак има реакција)
Индиферентност... Едноставно не се замараш со таа личност... ниту ја мразиш, ниту сакаш.. ниту... ама баш ништо.. Кога ќе ја видиш не ти се случува баш ништо со емоциите... :smir:
Спротивно на чувство-би било чувство...а омразата е “тоа“.

Индиферентност е она што го практикувам наместо да мразам некого...зашто оној кој би требало,не е вреден ни за да го мразам.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Во свет полн со омраза, сме се собрале се` златни луѓе тука ... :podsmev:

Инаку јас мразам да, жив човек сум од месо и кожа ако не па.
Омразата најчесто ми трае кратко, додека ме држи нервозата од направената штета врз мене или блиските, но сепак да, го имам и тоа чувство. Нема да негирам и дека има луѓе на кои кога и да се сетам ги мразам ... ретки се, ама ги има и таквите.
И да ... јас чувствувам омраза затоа што незнам да враќам на ист начин, кога се работи за лоша работа, нали ... можеби повеќе се мразам себеси поради таа мутавост, незнам ... како и да е, поентата е иста - го знам чувството.
И то ...
 
N

NeMiRnA

Гостин
До пред извесен период ќе речев никој не мразам,не сум ни мразела,но осетив како е,ми даде повод една личност...и тоа е тоа...
Од споствено искуство можеш да мразиш само некој кој си сакал и те повредил,а останати личности не,не ти значеле што и да ти направат,колку и да те извисат,никој пат не си го давал светот за нив...Тенка е линијата меѓу љубовта и омразата.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Што е поточно мразење и дали може да се дефинира?
Омразата е многу индивидуална работа, нешто слично на љубовта, секоја различно ја чувствува, различно ја доживува, различно ја искажува, има тивка омраза, јавна, длабока, но конкретно да се дефинира, негативна емоција, проследена со многу болка, завист, љубомора.
Дали тој човек ако мразиш некој твојата причина е доволно голема да го мразиш и да сакаш да му правиш лошо?
Се трудам да не ги мразам луѓето, можат да ми бидат доволно непријатни и одбивни за да бидам ладна со нив, да не ги забележувам, но не можам да си дозволам да се замарам со тоа на некој да му правам нешто лошо.
Премалку време имам за да го трошам на омраза.
Дали воопшто мразите некој и зашто?
Не, не мразам никој.Но има луѓе кои просто не ги сакам во близина, во тој случај просто не ги забележувам или понекогаш просто им давам до знаење дека не ми е пријатно да ме замараат.
Причините за тоа се тие што погоре ги наведов + некои луѓе ми се просто антипатични.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom