Мојот придонес за општеството?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Секој од нас е дел од ова општество и од оваа средина во која живееме и функционираме.

Живеем во општество од кое сме дел, земам дел од него, но сме се запрашеле што правиме ние за да му вратиме на општеството?

Кој е нашиот придоденес за општеството? Што јас (како поединец) правам за да општеството функцинира подобро? Кој е мојот влог за него?

Што е со оние т.н. општествено одговорни компании-малку се на прсти можат оние компании кои даваат свој придонес во општеството:

Нова Македонија напиша:
„Фармахем“-Скопје, „Ренова“-Тетово, „Раде Кончар сервис“-Скопје и „Биркарт Логистик“-Штип во категоријата мали и средни претпријатија и „Тинекс“ во категоријата на голема компанија се победници на овогодинашниот избор на проектот „Општествена одговорност на претпријатијата“, спроведен од германската агенција ИнЊент. Останати наградени компании се и Макстил, Адинг, Макпетрол, Тутунски комбинат Скопје, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Тетекс и цементарница УСЈЕ во редот на големите и Монт, Дуна и Инет во редот на малите и средни претпријатија.
Од толку голем број на компании срамно е да се пофалиме дека волку малку фирми инвестираат за подобро општество за сите нас.


Еве ја улогата на општествената одговорност за големите компании:
www.kapital.com.mk напиша:
Уште пред 17 години оганизацијата “Гринпис” ги постави основите на општествено одговорно однесување: фокусирање на одделни акции, истрајност, добра организација, мобилизација на медиумите и насочување на јавното мнение на проблем кој се решава или се ублажува.
Оттука, “Кока-Кола” како еден од најголемите здравствени и општествени проблеми во САД, ја наведува дебелината. Компанијата од Атланта, признава дека и како произведувач на газирани пијалоци ја загадува атмосферата со јаглероден-диоксид, но учествува во барањето на решение за смалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата.
Имаат ли македонските компании свест за ваквиот начин на себе-промоција?

Кој друг треба да води сметка за пдообро општество? Невладиниот сектор? Тешко дека некој од нив ја сфаќа поентата на сево ова, сите ја гледаат материјалната страна на се.

Да се запрашаме, која е мојата улога како поединец во општеството, што можам јас да направам за подобро утре? Како можам да сменам она што е околу мене?

И воопшто имам ли јас моќ да правам промени? Дали тоа е наша обврска? Имам ли јас потреба да вложувам во општеството во кое живеам.

Можеби мислите дека како поединци не сме доволно моќни и силни да направиме нешто?
 
Член од
16 јули 2006
Мислења
312
Поени од реакции
4
мојата улога, мојата најголема улога во ова општество е социјализирањето. со тоа што ако јас сум добро социјализирана и воспитувана, ќе бидам свезна за своите постапки и дела, и нема смао тоа да биде да не фрлам ѓубре на улица, туку и своето дејствување во целиот мој живот ќе го основам на таа база. примерно јас ако сум доволно добро социјализирана, кога ќе станам човек што би отварал фирма или пак што би бил дел од таа фирма, би внимавала какви последици може тоа да остави... тоа би било што се однесува за екологијата.
а моето социјализирање исто така влијае и на однесувањето и ставовивте кој ќе ги имам. ќе бирам друштво што е како мене и би се потрудила да го придобијам некој што не е таков.
и последното и најважното нешто, според мене, е да си ги социјализирам и своите деца, а тие нивните и се така понатаму....
значи еден човек како единка може да направи премногу, дури и несвесно. а за да се направи тоа глобално, според мене најдобро е преку образование, и да не се форсираат прашањата и наредбите да се зачува природата и да се однесуваш колтурно на улица. тоа може и да предизвика и одбиност или па инатење. тоа би требало да се направи на тивок и мирен начин со професионална работа и се разбира добар кадар на профероси.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Оттука, “Кока-Кола” како еден од најголемите здравствени и општествени проблеми во САД, ја наведува дебелината. Компанијата од Атланта, признава дека и како произведувач на газирани пијалоци ја загадува атмосферата со јаглероден-диоксид, но учествува во барањето на решение за смалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата.
city напиша:
Имаат ли македонските компании свест за ваквиот начин на себе-промоција?

Кој друг треба да води сметка за пдообро општество? Невладиниот сектор? Тешко дека некој од нив ја сфаќа поентата на сево ова, сите ја гледаат материјалната страна на се.
Кока кола како што кажа сам, ја гледа материјалната страна и од својата себе промоција како загрижена корпорација. Ваквиот пристап до купувачите ќе ги поттикне да гледаат на компанијата како блиска до нив и со тоа да купуваат уште повеќе. Реално, Кока кола компани воопшто не се грижи за земјата, доколку беше така ќе престанеа со производство на штетни пијалоци.

Кај нас од друга страна, мислам дека големите фирми уште не се стигнати до она ниво како странците од се` да успеат да профитираат. Па ниту се грижат за околината ниту доволно за конкурентноста на своите производи...

Мојот придонес на општеството е само еден. Всушност многу ситници сублимирани во едно едноставно правило. Почитувај ги правилата пропишани со закон. Тоа е максимум (и минумум) што можам (и морам) да сторам.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Мојот придонес во општеството е-НУЛА.
Ни ја го сакам него,ни па оно ме сака мене.
Понекогаш брутално ме нервира,ама ипак,за инат,континуирано продолжувам да му ги трошам кислородот и водата....:pos2:
 

Мачката

Coca Cola Addict
Член од
6 август 2007
Мислења
581
Поени од реакции
6
Со оглед на то шо студирам на Институтот за социјална работа и социјална политика,мојот придонес допрва ќе го видите.:) Барем се надевам дека како иден социјален работник ќе напрам нешто за да го подобрам. Макар шо на факултет не учат да не се трудиме да го попрајме општеството,зато шо ќе останиме без работа :)
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Со оглед на то шо студирам на Институтот за социјална работа и социјална политика,мојот придонес допрва ќе го видите.:) Барем се надевам дека како иден социјален работник ќе напрам нешто за да го подобрам. Макар шо на факултет не учат да не се трудиме да го попрајме општеството,зато шо ќе останиме без работа :)
Не ти е предзвик како студент на една наука која ептен е поврзана со општеството уште сега да работиш на промени во него?

Мислиш дека само професионално сме должни да му враќаме на општеството?
Што ќе стане тогаш со идните електро-инжинери?
 

Мачката

Coca Cola Addict
Член од
6 август 2007
Мислења
581
Поени од реакции
6
Не ти е предзвик како студент на една наука која ептен е поврзана со општеството уште сега да работиш на промени во него?

Мислиш дека само професионално сме должни да му враќаме на општеството?
Што ќе стане тогаш со идните електро-инжинери?
Леле тииииии.... боооооо.... Шо се случва со луѓето само за расправање се...ц ц ц.
Значи бато, финтата беше настрана од работите шо ги прам сега, многу поќе ќе придонесам како соц.раб. Ок? ТЕ МОЛАМ не ме тепај жити сее! АМАН!
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Леле тииииии.... боооооо.... Шо се случва со луѓето само за расправање се...ц ц ц.
Значи бато, финтата беше настрана од работите шо ги прам сега, многу поќе ќе придонесам како соц.раб. Ок? ТЕ МОЛАМ не ме тепај жити сее! АМАН!
Напротив немав намера ниту да се тепам а најмалце да се расправам. мене логично ми беше еден иден социјален работник да го прави тоа и само затоа прашав.

Ако го сметаш ова за личен напад кон тебе или кон твојот личен интегритет тогаш јас се извинувам.
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
659
Mojot pridones na opstestvoto
1. Ziveam cesno ni gumichka za moliv tugja nemam zemeno
2. Rabotam od utro do vecer,
do 3 na edno mesto ,od 5 na drugo mesto (doma za bez pari)
3. Pochituvam I zivo I mrtvo na planeta zemja
4.Odgleduvam deca po starski sto ne e soodvetno za moderno vreme(no neznam na drug nachin)
5. Maksimalno davam se od sebe da preovlada dobrinata
6. Placam na samo
7.Cistam koga idam vo priroda( decata se sramat od mene I pred da izlezeme im vetuvam koga se setame zaedno nema da sobiram plastika i hartija)
8. Gotvam sekoj den I ostatokot go nosam pred crkva, davam obleki I se sto ke moze da se upotrebi
9. Ja govoram glasno vistinata I malku lugje me sakaat
P.S.Ne sum svetec,nemam oreol,imam reuma, depresija I koj znae uste sto .
Obichno choveche koe nema golema uloga vo opstestvoto no bezkrajno se trudi da go napravi svetotot poubav.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom