- Член од
- 30 јули 2009
- Мислења
- 1.770
- Поени од реакции
- 1.058
На сите ни е потребна мотивација без разлика со кој спорт се занимаваме.
Постојат денови кога мислиме дека не прогресираме и сакаме да се откажеме, токму тие денови кога сме во искушение одлучуваме што понатака, дали ќе продолжиме со истото тепмо како до сега, дали ќе вложиме уште повеќе труд или едноставно ќе се откажеме.
Постирајте видеа/слики/песни или пак цитати кои ве мотивираат да продолжите со она што го правите.
Еве прв ќе бидам јас со едно видео кое има посебно значење за мене од познатиот креатор на мотивациони бодибилдинг видеа, единствениот Zhasni.
И легендарниот Арнолд, кој секогаш знае да ги одбере вистинските зборови.
Десетте причини зошто никогаш не треба да се откажете.
1. Зошто? Мало зборче од каде започнува се. Без разлика дали сте изгубиле фокус или мотивација, секогаш сетете се на моментот кога се запрашавте истото за прв пат. Која и причина да ви падне на ум, е доволна да ве држи како и досега.
2. Осеќате дека одите кон пропаст, без резултати. Грешите. Пробавте десетици диети но сите имаат кратотраен ефект и ви се чини дека нема излез од моменталната ситуација. Учете од грешките! Не дозволувајте тие да се повторат во иднина. Запомнете ги, и корегирајте ги. Само така ќе успеете во вашата замисла.
3. Не го оддавајте целото ваше внимание на негативите. Ако имате недоволно оформени гради, или пак трицепс тоа не е причина за откажување, напротив треба да ви биде мотивација за повеќе макотрпна работа во теретана. Но не ги заборавајте и останатите, повеќе надарени делови.
4. На некому е потребно 3 месеци за резултатите што ги сака, на друг пак 3 години. Не се ограничувајте временски, и преминете преку секој пад со мислата дека еден ден, се ќе се исплати.
5. Не споредувајте се со никого, ниту вашите пријатели од теретана, ниту некој ваш идол.
Вие сте онакви какви што сте, прифатете го тоа или сменете го со многу пот, мускулни болки и целодневно внимание на тоа што јадете. Останува на вас да одлучите што ќе биде.
6. Имајте трпение и разбирање, бидете истрајни. Овој начин на живот не е нешто што се прави за неколку месеци. Овој начин се живее додека имате коски под сите тие мускули. Ако се најдете во ситуација каде ќе се осеќате преморени, и мислите дека не вреди, се лажете само себеси.
7. Не сте сами. Дали преку интернетов, или пак во вашата околина... секогаш има некој што поминува низ истото, верувајте ми. Постојат мал милион на луѓе кои ќе бидат среќни да ви помогнат да ги пребродите моменталните пречки. Јас сум еден од нив, и секогаш имам време за било кој од кајганџиите што го читаат ова.
8. Забавувајте се. Со мислата дека со секој нареден тренинг, вие го менувате вашето тело кон подобро и посовршено, треба да ви претставува големо задоволство знаејќи дека сте постигнале нешто што е само ваше.
9. Ќе наидете на луѓе кои нема да ве подржуваат во она што го работите и ќе се обидат да ве наведат на нешто што вам ќе ви штети, било тоа било ненамерно или намерно од нивна страна.
Без разлика дали тоа ќе биде парче пиза со која ќе сакаат да ја делите или нешто слично.
Ќе ве наречат досаден, на момент можеби ќе се осетите изолиран од останатите и ќе сакате да се откажете од се што досега сте направиле. Но не откажувајте се, тоа што ве прави различен од нив е токму тоа што правите работи што вие ги сакате. Не се форсирајте да бидете добри во нивни очи ако тоа значи да си наштетите на самите себе си. Живејте го животот до максимум, но то ваша воља.
10. Бидете горди на себе си и тоа што го правите. Сите тие жрвувања кои ќе ве направат поздрави и посреќни се патот кон успехот. Ако имате нешто цврсто замислено и имате воља - тогаш ќе ги преминете сите препреки и ќе стигнете до успехот.

По грешка ја избришав старата тема, за среќа го имав мојот пост копирано во компјутер, и пак ја поставив.
Изнинување до сите оние кои ги изгубија видеата кои беа поставени од нивна страна, можете повторно да ги поставите.