Морисеј доаѓа во Скопје - 16.10.2015

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
15.07.2015, 15:20
БРИТАНСКАТА РОК-ЛЕГЕНДА НА 16 ОКТОМВРИ СО КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА

МОРИСЕЈ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ

Британската рок-легенда Морисеј ќе има концерт во Скопје на 16 октомври. Како што потврди организаторот "Авалон продукција", концертот на ексфронтменот на славната група "Смитс" од 1980-тите ќе се одржи во СРЦ "Кале", а утре ќе бидат објавени сите детали околу влезниците.

"Морисеј го одржа зборот, доаѓа во Скопје. Едноставно, британски и џентлменски, Морисеј на 10 декември 2014 во Белград на Бобан Милошески му вети дека сака да настапи во Македонија, и го одржа својот збор", велат во "Авалон".

Со "Смитс", Стивен Патрик Морисеј (56) сними 4 култни албуми, кои денес се наоѓаат во сите можни музички енциклопедии, а со неговите 10 соло-албуми секогаш е на врвот на сите музички топ-листи.

28 години по "Смитс", неговиот последен студиски албум "Светскиот мир не е твоја работа" предизвика толку голем интерес во светски рамки, што еден од највлијателните музички магазини "Њу мјузикал експрес" објави специјален број посветен на Морисеј и го прогласи за уметник што има најдобра и најдостоинствена кариера од сите кои предходно имале бенд.

Во 2013 ја издаде својата автобиографија, која бргу стана бестселер.
Во моментов Морисеј е на светска турнеја со новиот албум.

(В. М.)

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=95859E89B61214418388B6C794BA27A9

:drk::angel:
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
од добар во најдобар денов :love::love::love:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Избрзале малку со најавата :D

Авалон Продукција


Почитувани ... пред 15тина минути добивме известување од Лондон да ја тргнеме најавата за концертот на Morrissey во Скопје. Тоа и го правиме.
Големо ... големо извинување.
Повеќе новости, следната недела.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
А шо се случува во меѓувреме со братов? Знам дека болен беше и дека почна да се лекува мислам....да не има и то нешто врска?
 

BloodyTampon

Works in deep&dark places
Член од
8 август 2009
Мислења
798
Поени од реакции
60
Ништо од новостиве, а?
 
T

Torchyrus

Гостин
Ништо од новостиве, а?
Официјално: MORRISSEY во Скопје на 16ти Октомври !!!

Почитувани

Ве информираме на свое големо задоволство како и на огромното задоволство на избраната но сепак голема база на фанови од Македонија, Бугарија, Албанија, Косово ... па и Грција и Србија (нема концерти во овие држави овој пат) Авалон продукција успеа во својата намера ... уникатниот Morrissey доаѓа во Скопје.

Едноставно, британски и џентлментски Morrissey на 10ти декември 2014 во Белград на Бобан Милошески му вети и го оддржа својот збор дека сака да настапи во Македонија!

Ова е навистина ретка можност во Скопје да настапи артист од таков уметничко - артистички профил како Morrissey, фронтменот на легендарните „The Smits“ со кои сними 4 култни албуми кои денес се вклучени во сите можни музички енциклопедии но и човекот кој со 10 албуми во својата соло кариера, секогаш е на врвот на сите музички топ листи.

„World Peace Is None of Your Business” – Последниот студиски албум на Morrissey, предизвика толку голем интерес во светски рамки што еден од највлијателните музички магазини “New Musical Express” објави специјален број посветен единствено за Morrissey, каде помеѓу другото го прогласи за артист кој има најдобра и најдостоинствена кариера од сите артисти кои предходно имале бенд. Додека магазинот “Music Week”во неделата на објава на албумот, го смени своето име во “Morrissey Week”.
Концертот на овој музички Великан ќе се случи на 16ти Октомври во СРЦ Кале, сите детали околу влезниците ќе бидат објавени вечер во 21 часот на ова исто место.

П.С. – Бевме замолени да ја повлечеме најавата од пред десет дена и да ја стопираме до денес заради тоа што сеуште не беа потврдени сите концерти кои покрај скопскиот ќе бидат одржани во овој дел од Европа, а тоа се: Будимпешта, Букурешт и Љубљана.
Концертите се најавени од самиот Morrissey на сајтот.

Ваша,
Авалон Продукција
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ќе одите на концерт бе? Пишете импресии. Штета што не можам да бидам на две места у исто време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom