Молитва за смирување на скарани
Човекољубив Господи, Царе на мирот, Христе Боже наш, Ти ја урна преградата на непријателствтото и им го даде Твојот мир на луѓето, за да живеат по Твојата волја и да му се радуваат на вистинскиот живот.Ти ни заповеда да се сакаме еден со друг и да има мир меѓу сите луѓе, особено меѓу оние што го познавале вистинскиот Бог, Отецот на љубовта.Ти рече :Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји.Се покорувам на твојата света волја, Ти се молам,Владико, дарувај им мир на Твоите чеда (имињата) што се скарани.Просвети го нивниот разум со Твојата светлина и стопли им ги срцата со Твојата љубов, за да не дозволат злото да ги овладее и да ги оддалечи од Тебе.Стивни ја во нив расправијата и изгони сите соблазни за разномисленост.Вкорени го во нив стравот од Тебе, за да не се погордеат нивните срца и да не бараат одмазда.Дај им го она што, служи за мир и взаемно поучување, зашто многу е убаво и многу пријатно кога браќата живеат заедно и во мир.Не оставј ги и натаму скарани; ослободи ги од робувањето на човечкиот непријател, приведи ги во Твојот мир и спаси ги. Поткрепи ме и мене да бидан постојанен во нивното смирување, за да ја исполнувам Твојата волја за зголемување на мирот и љубовта меѓу Твоите луѓе, да ја запознаам радоста на миротворците, што Ти ги нарече синови Божји.Ти си нашиот мир.Тебе Те прославуваме заедно со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови.Амин.
Молитва кога сме во душевни таги и маки
(Од молебните канони кон Пресвета Богородица)
I
Пресвета Богородице, спаси не.
Опфатен сум од многу беди, при Тебе прибегнувам и барам спасение; о, Мајко на Бога, Словото и Дево! Спаси ме од тешките горки зла.
Жални напливи бурно ја заплискуваат мојата смирена душа и темни облаци на напастите ми го покриваат срцето,но Ти, Богоневесто, која си ја родила божествената и предвечна светлина, засветли ми радосна светлост. Ти се молам, Дево, која си го родила Спасителот и Бога, да се избавам од горките страданија, зашто сега при Тебе прибегнувам и пред Тебе ја простирам својата душа и мисла.
Бурни напасти ме брануваат и тажни узбуни ме потопуваат,Владичице, но побрзај и пристигни,подај ми ја раката помошничка, и топла заштита и застапништво.
Ти се молам, Дево, да го остраниш бурниот душевен немир и тага, зашто Ти единствена пречиста богоневесто си го родила началникот на тишината, Христа.
Пречиста Божја Мајко, тажни облаци ја покрија мојата непокајана душа и срце и ме водат кон помрачување,но Ти, која си ја родила недостапната Светлина, растерај ги далеку со духот на Твојата боженствена молитва.
Спаси ги, Богородице, од неволји твоите раби, зашто сите ние, по Бога, при Тебе прибегнуваме како при неразурнива стена и застапница.
Исповедувам дека си утеха на неволите, знам дека си целителка на немоќните,признавам дека си пресовршена урнувачка на смртта,проповедам дека си неисцрпна рака на животот и на сите кои се во неволја си брза заштита.
Највоспенава Дево, ме опколија животните бури како пчелин рој,стрелите на жалоста го рануваат моето срце, но ти си моја помошничка и заштитничка.
Чиста Дево што си го родила Виновникот на веселието,дај ми ја твојата нетлена радост и исполни ми го срцето со веселост.
Погледни со своето милостливо око на моето озлобение и со својата милост избавиме од лутите напасти,од повреди, нечистотии и искушенија.
Богоневесто,која си ја родила боженствената и предвечна Светлина,растерај ја маглата на моите прегрешенија со твојата светлина.
Пречиста Дево, поради добросрдечноста на твојата милост,не презирај ме мене којшто загинувам од бурата на животните бранови,но подај ми рака помошничка,бидејќи сум притеснат од животните злоби.О,Дево,Владичице, ние те придобивме како стена за прибежиште и за совршено спасение на душите, ти си избавителка од неволјите, со твојата прошка сите се радуваме.И сега спаси ме од страданија и неволји.
Пречиста Дево! Лоши работи,таги и нужди ме нападнаа, од секаде ме опколија животните маки напасти и искушенија, но Ти застани пред мене и заштити ме со твојот силен покров.
Дево! Исполни ми го срцето со радост,зашто ти во својата утроба си ја примила полнотата на радоста и истребителот на греовната тага.
Пречиста Дево,пристаниште дадено за да те најдеме во бурите,во тага, радост и веселост,во неволјите брза помош,во бедите избавителка и во искушенијата водителка.
Дево! Биди ни пристаниште,застапништво и неразрушлива стена, прибежиште,покров и веселие за сите коишто прибегнуваме при тебе.
Пречиста Дево! Кај кого друг да прибегнам? Каде да одам и да се спасам? Какво прибежиште да најдам? Каква топла заштита? На тебе се надевам, само тебе те фалам и само при Тебе се осудувам да прибегнам.
Прими ги моите бедни молитви и не презирај го мојот плач, солзи и воздишки, но како блага заштити ме и исполни ги моите прозби, зашто се можеш како Мајка на Севишниот Владика Бог, само ако го удостоиш со внимание моето покајано смирение.
II
Најсвета Богородице, не оставај ме во текот на мојот живот, на човечка закрила не оставај ме, но сама заштити ме и помилуј ме.
Кога прибегнувам под Твојот покров, света Дево Богородице, знам дека ќе добијам спасение, зашто ти чиста,Дево,можеш да ми помогнеш.
Никој којшто прибегнува при тебе не излегува посрамен, чиста Дево Богородице, но бара благодат и со молбата добива дар за полза.
Секој притекнува таму кајшто наоѓа спасение, а има ли друго такво прибежиште што ги закрилува нашите души како Тебе,Богородице?
Најнепорочна Владичице, погледни на молбата на Твоите слуги, отфрли ги маките и отстрани ни ги тагите, зашто единствено Тебе Те имаме како моќна поткрепа и го придобивме Твоето застапништво; да не се посрамиме кога Те повикуваме; побрзај да се молиш за нас коишто со вера Ти викаме: Радувај се,Владичице,Ти си помош,радост,закрила и спасение на нашите души.
Преблага Мајко на Севишниот Бог, Ти се застапуваш за сите коишто со вера прибегнуваат под Твојот силен покров, зашто ние грешните, коишто сме обременети од многу гревови, немаме (освен Тебе) пред Бога друг постојанен избавител.Затоа приклонуваме пред Тебе: Избави ги Твоите раби од секаква несреќа!
III
Под Твојата милост прибегнувам, Богородице Дево, не презирај ја мојата молитва во тага, туку избавиме од неволјите, како единствена чиста и благословена.
Сета надеж ја полагам во Тебе, Мајко Божја, запази ме под Твојот покров, АМИН.