Мои игри

Член од
4 февруари 2019
Мислења
4
Поени од реакции
27
Здраво дечки,

Ја отворив темата со цел да Ви ги претставам моите мобилни игри. Изработени се комплетно од мене, код и графика. Моментално се објавени на Google Play за Android, а во иднина најверојатно ќе одат и на Apple Store за iOS.

Еве линкови и кратко за нив:

Mathstones - поголема математичка пазл игра со приказна за еден папагал кој се изгубил длабоко во џунглата и го бара патот до дома. Покрај главната логика за играње со бројките има и бонус игри.
https://play.google.com/store/apps/details?id=air.air.com.threecatsgames.mathstones
За Mathstones на Behance има прикажан дизајн и концепт арт на карактерите: Behance

Four Sheep - аркадна игра за спојување на овците со овошјата и зеленчуците. Има глобален leaderboard.
https://play.google.com/store/apps/details?id=air.air.com.threecatsgames.foursheep

Ufo - аркадна игра за спојување на боите на ufo-то со бојата на светлината на куќите. Има глобал leaderboard.
https://play.google.com/store/apps/details?id=air.air.com.threecatsgames.ufo

Clouds - аркадна игра за спојување на бојата на круговите со бојата на облаците. Има глобален leaderboard.
https://play.google.com/store/apps/details?id=air.air.com.threecatsgames.clouds

Shape - аркадна игра за погодување на облиците еден во друг.
https://play.google.com/store/apps/details?id=air.air.com.threecatsgames.shape

Игрите се прилично нови и се надевам дека ќе Ви се допаднат. Пробајте ги, поиграјте ги и секако не би било лошо позитивно да ги рејтувате на Google Play :)

Однапред Ви благодарам!
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.274
Поени од реакции
28.822
Уште не симнав ниедна, но ќе ги испробам. Тука сум само да пишам БРАВО (затоа што изгледаат ептен фино) и да ти посакам среќа во монетизација на креациите :)
 
Член од
4 февруари 2019
Мислења
4
Поени од реакции
27
Здраво дечки,
Со задоволство ви ја претставувам најновата игра за Андроид. Се работи за Mathstones Memory :)

Mathstones Memory е игра меморија и пазл за вежба на мозокот и концентрација, нешто како продолжение на веќе објавената Mathstones, но во друг правец.

Линк од Google Play:
https://play.google.com/store/apps/details?id=air.com.threecatsgames.mathstones.memory

Линк од Behance за концепт артот на главниот карактер Bungee:
https://www.behance.net/gallery/81027475/Bungee-Concept-Art

Играта е нова, објавена пред два дена, па доколку ја инсталирате и позитивно ја рејтувате, многу би ми значело! :)
Доколку би ја споделиле со друштво, исто би ми било од корист да се рашири повеќе.

Се надевам дека ќе ви се допадне.
Однапред ви благодарам! :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.067
Поени од реакции
3.272

Ајде баце префрлај се на App Store да видам и ја некоја како изгледа.
 
Член од
4 февруари 2019
Мислења
4
Поени од реакции
27
Здраво дечки,
Заборавив да пишам дека Mathstones Memory си доби апдејт 1.6 со поправени багови, нови типа камчиња, сложувалки и нов мод на меморија со четворки.

Линк за оние кои не го знаат, тука: https://play.google.com/store/apps/details?id=air.com.threecatsgames.mathstones.memory

Играта е сеуште нова, па доколку ја инсталирате и позитивно ја рејтувате, многу би ми значело мене, а и на играта за подобро место на листата на игри на Google Play.

Поздрав :)
 
Член од
5 август 2016
Мислења
260
Поени од реакции
173
Друже зема некоја паричка од овие игри?
 
На врв Bottom