Можно ли е во Македонија да се отвори PayPal сметка за собирање на помош од странство

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Се работи за помош на едно дете од местото каде што потекнувам. На дечкото му е потребна трансплоатација на црн дроп но сега засега има само трансакциска сметка. За нас од странство многу полесно ни е да му праќаме преку PayPal.

Може ли некој да ми каже дали PayPal функционира во Македонија и како може да се отвори сметка за помош?

Однапред БЛАГОДАРАМ
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
PayPal оваа година беше пуштен за употреба во Македонија но само за купување и праќање пари, неможе да се примаат и да се повлекуваат од банка. Единствен начин за вакво нешто би бил Скрил ( поранешен Moneybookers ) или евентуално Payza. Ама јас колку што знам овие два система не се баш најдобро прифатени кај crowd funding страниците. Само од PayPal дирекно можат да реагираат на ова доколку сакаат. Некој да им прати мејл во кој ќе објасни за што се работи и која е целта па да дозволат да се направи исклучот, но мислам дека е скоро невозможно.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
@dzonyb можеби наједноставно решение е ако си ти во странство (и ако можеш и сакаш, се разбира) да отвориш PayPal за таа цел на која ќе се собираат парите и потоа да ги испратиш на сметката на дечкото. Препорачај му да отвори донаторска сметка во било која банка, мислам дека тие се со намалени (или никакви) провизии, не сум сосема сигурна, но нека се распраша во секој случај.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дечки ви благодарам за подршката. Ќе се обидам така да направам како што предложи @AlternativeF штета навистина што PayPal трансакции не фукционират. Ама еве како што прочитав сега дури ни од америка неможат да ти препратат пари. Праќање на пари на фамилија или пријатели е можно само внатре во европа. Како што разбрав
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
http://www.youcaring.com/
мислам дека ова може да помогне, фондациите се збираат на сајтот, после за исплата ќе се најде начин сигурно
Контактирајте ги
 

Kajgana Shop

На врв Bottom