Можности за вработување и студентска пракса во македонскиот телекомуникациски сектор

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Се обидов на кратко да прикажам што нуди Македонските компании од телекомуникацискиот сектор кои во овој момент важат за едни од поатрактивните места за работа:

Т-МОБИЛЕ

Вработување
Вработување во T-Mobile Македонија АД Скопје
Ако сакате да бидете дел од оваа динамична компанија, сега ја имате можноста да ни се придружите.
Доколку сакате да аплицирате за вработување во T-Mobile Македонија АД Скопје, пратете ги наведениве документи:
  • CV и придружно писмо (на македонски и на англиски јазик) каде што ќе ја назначите работната позиција за која аплицирате, односно областа во која би сакале да работите,
  • Фотокопија од дипломата/уверението за завршено образование,
  • 1 колор фотографија
на адреса
T-Mobile Македонија АД Скопје
ул.„Орце Николов” бб
1000 Скопје

односно на е-адресата vrabotuvanje@t-mobile.com.mk T-Mobile Македонија АД Скопје ќе направи преселекција, врз основа на пристигнатите апликации, како и интервјуирање и тестирање на преселектираните апликанти.
Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на T-Mobile Македонија АД Скопје, си додека не ни контактирате за да ја повлечете вашата согласност.
Студентска практика во T-Mobile Македонија АД Скопје
T-Mobile Македонија АД Скопје, ја отвора можноста за извршување студентска практика во рамките на Компанијата (за студентите од IV година, за апсолвентите и за дипломираните студенти).
Доколку сакате да аплицирате за извршување студентска практика во T-Mobile Македонија АД Скопје, пратете ги наведениве документи:
  • CV и придружно писмо, со назнака „практика на студенти”,
на адреса
T-Mobile Македонија АД Скопје
ул.„Орце Николов” бб
1000 Скопје

односно на е-адресата vrabotuvanje@t-mobile.com.mk





КОСМОФОН


Kариера со COSMOFON

Работа во COSMOFON Ако саката да конкурирате за позиција во нашата компанија, Ве молиме испратете ги долунаведените документи на следнава адреса:

COSMOFON Услуги на мобилна телефонија АД Скопје
Кадровско одделение
П.фах 573
1000 Скопје



Молбасо понова фотографија
  • Придружно писмо со назнака на работното место и на кодот*1, како и назнака на местото каде што претпочитате да работите
Студентска пракса COSMOFON го поддржува развојот на младите и активно учествува во иницијативи огранизирани од студентите.
COSMOFON е ексклузивен партнер на студентската организација БЕСТ при организирањето на саемот на трудот во последните две години.

Можност за пракса имаат:
  • Студенти од 3-та и 4-та година
  • Апсолвенти
  • Дипломци
Бенефиции:
  • Интегрирање во работна средина
  • Инволвирање во работни процеси
  • Раст и развој
  • Можности за соработка
Ако сте заинтересирани да стекнете студентска пракса во COSMOFON, Ве молиме испратете ваша биографија и придружно писмо со назнака „За студентска пракса“ на една од следниве адреси:

e-Mail: jobs@cosmofon.com.mkили пријате се on-line.
COSMOFON Услуги на мобилна телефонија АД Скопје
Кадровско одделение
П.фах 573
1000 Скопје







VIP



Работа и кариера

Имате за цел кариера во компанија со заеднички вредности, тимска работа и посветеност која ќе придонесе за унапредување на Групацијата?




Vip е тука да ви обезбеди работна средина каде што квалитетот се почитува и наградува и каде што ќе бидете охрабрени да го развивате вашиот талент и интерес. Наша политика е да ви обезбедиме поддршка и сигурна работна средина, која нуди рамноправни можности за вработување.

Во Vip бараме талентирани луѓе со вистински став за да обезбедиме најдобра солуција за комуникација на нашите корисници.

Континуиран развој
Нашата компанија се обврзува на континуирано учење и развој за нашите вработени. Тие се срцето на нашиот постојано променлив бизнис, а нашата конкурентност се состои во нивната флексибилност, способност и одговорност кон нашите клиенти.

Бидејќи нашиот бизнис секој ден станува се покомплексен, постојано сме во потрага на нови начини за поддршка, обука и усовршување на нашите луѓе.

Нашата работна средина
Кај Vip ја согледуваме важноста на тоа да се биде поврзан. Напорно работиме на усовршување на односите на Vip со неговите вработени во креирањето на работна средина, каде секој вработен се чуствува дека припаѓа. Им даваме можност на нашите вработени да работат во меѓународна средина.

Контакти за кариера
За општи информации за можностите за вработување во Vip контактирајте не на kariera@vipoperator.com.mk





Т-ХОМЕ


Можности за вработување


За да имате увид во сите содржини и да ги користите сите можности потребно е да се регистрирате, при што пополнувате форма за регистрација и ги оставате своите лични и професионални податоци. Секој корисник е одговорен за податоците кои ги објавува и гарантира за нивната валидност.
За да започнете да го користите системот треба да се најавите со точно корисничко име и лозинка.
Тековни огласи - прелистување на сите активни огласи за работа и можност за пријавување на истите.

Мои огласи - огласите на кои имате аплицирано се сместуваат во делот "мои огласи", со што Ви се овозможува брз пристап до избраните огласи и следење на нивниот статус.

Мое портфолио - презентирање на своето професионално портфолио и постојана проверка или менување на веќе внесените податоци. Податоците внесени во Вашето портфолио ќе бидат заштитени и видливи само за вработените од Секторот за вработување и селекција на Македонски Телеком АД.

Мои документи - можност за приложување на скенирани фајлови (дипломи, сертификати, слика, мотивациско писмо и сл.)

ЛИНК

ОН.ТЕЛ


Во моментов нема отворен оглас за слободно работно место во Он.нет.
Доколку имаш интерес за работа во Он.нет испрати твое CV, мотивационо писмо и слика на е-маил: vrabotuvanje@on.net.mk и ќе бидеш контактиран ако се отвори слободно работно место соодветно на твојот интерес и квалификации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom