Можни несакани реакции после примени вакцини против КОВИД19

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.541
Поени од реакции
34.712
Дали се разликува mRNA од генетската терапија?

-помагањето на телото да си направи „свој лек“ користејќи mRNA се смета како уредување на гени или генетска терапија, но има тези што укажува како два различни пристапи:
- генетска терапија и уредување на гени ги менува оригиналните генетски информации што ги носи секоја клетка, за да се создаде трајна поправка на основниот генетски проблем со промена на неисправниот ген,
- додека mRNA како пристап само ги пренесува упатствата зачувани во ДНК за да ги создаде протеините потребни во секоја жива клетка или поправка на дефектен протеин, при што не се менуваат генетските информации на клетката и е наменета да биде со кратко дејство.

- ако наследените метаболички нарушувања се јавуваат кога генетска мутација доведува до исчезната или дисфункционална верзија на протеин кој е важен за метаболизмот, иако одредени промени во животниот стил, како ограничувања во исхраната, можат да помогнат во ублажување на најтешките симптоми, за многу од овие нарушувања нема третмани за основната генетска причина, но се мисли дека новите клетки кои користејќи mRNA за толкување на информациите пренесени преку гени и ги претвораат овие информации во протеини кои ги градат или регулираат нашите тела.

- молекула која вообичаено носи генетско кодирање од ДНК во овој случај, mRNA му наложува на телото да направи протеински скок што го користи Sars-CoV-2 за да влезе во клетките, што пак го стимулира телото да создава долготрајна антитела на вирусот, но тука се прашувам сепак не е внес на туѓа молекула со генетско кодирање на ДНК (mRNA) сепак нарушувач на генот, кој тоа гарантира дека нема да навлезе во јадрото на клетката и да ја промени нашата ДНК, ако не веднаш можеби по извесен период?

- иако антиковид вакцини со mRNK се нови, овој тип на вакцини бил проучуван кај луѓето порано (против ХИВ, беснило, Зика и грип) и се тестирани кај волонтери во испитувања во фаза 1 и фаза 2, технологијата исто така се користела во клиничките испитувања како начин за лекување на некои видови рак, НО и покрај тоа што овие производи не се лиценцирани (акредитирани) одобрени од ФДА за употреба кај луѓе, но овие mRNK вакцини се акредитирани и овластени од ФДА за итна употреба т.е. во случај на итна здравствена состојба како што е пандемијатасо коронавирусот.

- поради брзото пуштање на овие вакцини во примена не ги знаеме долгорочните ефекти на вакцините поради што ФДА инсистираше на два месеци податоци за безбедност пред да ги одобри, во чии извештаи за несакани настани од тогаш до сега не се откриени некои прроблеми од вакцините или барем никој не пријавил смртен случај, за да после се укаже дека нема некоја контрола за точни податоци, дека секој може да напише или ненапише несакани ефекти од примената вакицна,
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Искрено тотално сум разочаран од бројот на луѓе кои се вакцинираат за да патуваат.

Неверојатно.
 

SweetGirl*

мудар посматрач
Член од
9 декември 2009
Мислења
141
Поени од реакции
119
Примив Синовак, се мислев дали да се вакцинирам и се решив за да.
Алерглична сум на пеницелин. Поминав без симптоми. Малку болка во рамо и толку.
Се надевам и со втора доза ќе биде добро.

Дали се проверуваат д-димери после вакцинација?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.541
Поени од реакции
34.712
Примив Синовак, се мислев дали да се вакцинирам и се решив за да.
Алерглична сум на пеницелин. Поминав без симптоми. Малку болка во рамо и толку.
Се надевам и со втора доза ќе биде добро.
Дали се проверуваат д-димери после вакцинација?
...нема потреба да се оптоваруваш со таква помисла, Sinovac е инактивирана SARS-coV-2 вирусна вакцина, според некои клинички студии од фебруари 2021 год забележани се кај некои волонтери, несакани ефекти после 28 дена после примената втора доза како замор, мускулни болки по телото, дигестивни проблеми и пролив што поминале за два, три дена,
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
177
Поени од реакции
182
Јас денеска ја добив Синовак, сè што читам на нет за неа е дека е мнооогу слаба (50% заштита).
Може требаше да откажам вакцинација и нареден месец да се пријавам пак :(
И јас вчера се вакцинирав со Синовак, и исто на нет читав дека има 50% заштита. Ама нема повеќе податоци на нет за ова освен дека во Индонезија умреле 10 доктори кои биле вакцинирани со Синовак и дека то било сумливо, ко таму да биле само тие вакцинирани со неа. Ама мое мислење е дека ваквиве бројки се извикана работа од западњачкиве портали и медиуми, од ко почнаја прво Астра не чинит, Фајзер е супер, после Руската не ја биваше, Фајзер е најуба, па кинеската не ја биват, Џонсон е супер. Ко америчкото да е најубо. Така да не се замарај, ќе имаш антитела како и да е, и си позаштитена колку толку со вакцината отколку без неа
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Искрено тотално сум разочаран од бројот на луѓе кои се вакцинираат за да патуваат.

Неверојатно.
Зошто? За некои земји и пред короната имаше потреба од вакцини. Или се вакцинираш со што ќе побараат, или нема влез во таа земја. Мене ова не ми е различно од претходно :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.541
Поени од реакции
34.712
Зошто? За некои земји и пред короната имаше потреба од вакцини. Или се вакцинираш со што ќе побараат, или нема влез во таа земја. Мене ова не ми е различно од претходно :)
...има разлика,
тоа ти што го кажуваш е ,,ендемска вакцина,, вакцина за нешто што го има само на таа локација, зборуваме за ,,ендемски,, вирус или бактерија која е стабилна и немутирачка,

коронавирус е мутирачки вирус до сега познати повеќе соеви, клинички студии изработка на вакцини направени за еден сој (алфа) да се бара ,,ковид пасош,, и вакцинирање општо кога доминантен сега е делта сој, кој е нов со нови симптоми и вирулентност не знам колку е правилно,
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Зошто? За некои земји и пред короната имаше потреба од вакцини. Или се вакцинираш со што ќе побараат, или нема влез во таа земја. Мене ова не ми е различно од претходно :)
Абе во ред разбирам, ама глупо е.

Опасноста од ковид е правопропрционална со возраста.
Нуспојавите од вакцините се обратнопропорционални со возраста.

Дваесетгодишни се вакцинираат со Фајзер, а некои ја имаат дури поминато короната и имаат антитела.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Абе во ред разбирам, ама глупо е.
да се бара ,,ковид пасош,,
До сега ја викавме „жолта книшка“, Меѓународно уверение за вакцинирање.
1625308910373.png
Претпоставувам дека не се исплати на секого да ја даваат само зарад ковид вакцините, па за најголем дел од населението се издава само еден лист кој е „ковид пасош“.

Како и да е, како што веќе реков, за мене не е ништо ново ова. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.541
Поени од реакции
34.712
До сега ја викавме „жолта книшка“, Меѓународно уверение за вакцинирање.
Прегледај го приврзокот 300341
Претпоставувам дека не се исплати на секого да ја даваат само зарад ковид вакцините, па за најголем дел од населението се издава само еден лист кој е „ковид пасош“.
Како и да е, како што веќе реков, за мене не е ништо ново ова. :)
... те разбирам Вилетова, ама ти мене не ме разбираш,

- за да патувам до Будимпешта на меѓународен семинар, па потоа кај другарка ми ви Киев и до Анталија на годишен одмор, дали би ми требало такви пасоши што ги приолжуваш „Меѓународно уверение за вакцинирање“ како што се против жолта треска, хепатит Б или маларија, ебола, Буркит-ов лимфом, тетанус?
- Сигурно НЕ! само во некои држави е задолжителна вакцина против жолта треска, се другото е препорака според СЗО за патниците кои престојуваат во држави каде имаме ендемични појави на некоја заразна болест,

и токму затоа, за да се спречи меѓународното ширење на болеста државите се штитат од ризик од увоз или понатамошно ширење на вирусот на жолта треска со воспоставување услови за влез во вакцинацијата против жолта треска за патниците, држави на кои им е потребен доказ за вакцинација се оние каде што болеста може да се појави или не, и каде што се присутни вектори на комарци и потенцијални домаќини на жолта треска кај не-човечки примати, а тоа сигурно не е во Киев, Будимпешта и Анталија иако се исто меѓународни дестинации,

... секој увоз на вирус во такви земји од заразени патници може да резултира со негово размножување и утврдување, што доведува до постојан ризик од инфекција за човечката популација, доказ за вакцинација често е потребен за патници кои пристигнуваат од земји со ризик од пренесување на жолта треска и понекогаш за патници кои транзитираат низ такви земји.

- состанок на експерти за жолта треска, во 2010 година, предложи под 12 часа транзит на аеродромот во област со ризик од жолта треска, да претставува скоро непостоечки ризик од жолта треска и затоа доказ за вакцинација можеби не е потребен, оваа информација им е дадена на земјите-членки на СЗО, но на патниците им се препорачува да се консултираат со барањата на одделните земји, контактирајќи ја амбасадата на секоја земја што имаат намера да ја посетат.

- треба да се напомене дека некои земји бараат доказ за вакцинација против жолта треска од сите патници.

- државите на кои им е потребна вакцинација за жолта треска за влез, тоа го прават во согласност со меѓународните здравствени регулативи, жолтата треска во моментов е единствената болест за која може да се бара доказ за вакцинација за патниците како услов за влез во држава-членка според Анекс 7 од Меѓународните здравствени регулативи (МХП).

- СЗО ги утврдува оние области каде што „постои ризик од пренесување на жолта треска“ врз основа на дијагностицирање на случаи на жолта треска кај луѓе и животни,

ice_screenshot_20210703-141130.jpeg

...сега да се префрлиме на пандемијата со коронавирус, различни измутирачки соеви во различни делови ќе бараат различни антиковид вакцини, не велам само овие изработени од искуство од алфа сој, туку и новите преформулирани антиковид вакцини за идни делта и други соеви, тука не зборуваме за една унифицирана антиковид вакцина како што е таа вакцина против жолта треска, тука имаме сосема друга ситуација затоа не смее да се стави во исти кош!
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
... те разбирам Вилетова, ама ти мене не ме разбираш,
Јас па имам впечаток дека ти не ја разбра мојата гледна точка :D
Жолтата книшка ми требаше за земји од Африка и Азија (засега), во Киев и низ Европа не ја ни носам, тоа се согласуваме.
Што се однесува до видовите вакцини и колку се недоиспитани новиве или ќе се менуваат, ти зборуваш од медицинска гледна точка, и јасно ми е тоа, ама јас зборувам од гледна точка на патник: од сега новото ми е што и низ Европа ќе мора да ја носам жолтата книшка за вакцини. Затоа велам не ми е нешто ново. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.541
Поени од реакции
34.712
Јас па имам впечаток дека ти не ја разбра мојата гледна точка :D
Жолтата книшка ми требаше за земји од Африка и Азија (засега), :)
Вакцинација против жолта треска
(Yellow fever vaccination is recommended for all travellers)

не бараат сите земји во Африка и Азија, кај некој можеби има препорака, но не и задолжителност,
еден комарец една болест и тоа e тоа -жолта треска, ама со коронавирусот не може да имаш пасош, зашто не би имала за сезонски грип па секоја година да се боцкаш, каде ќе биде крајот, не смее такво условување на вирус кој мутира, може тестови, може уводна изолација пред да се влезе во друга држава, но не и антиковид вакцинација, затоа што имаме работа со мутирачки вирус и со нови технологии аниковид вакцини кои се применуваат според ФДА како акредитирани за итни случаеви за здравствени ситуации како пандемија со коронавирус, ама не се акредитирани како за употреба кај луѓето како другите вакцини!
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
... не сите земји во Африка и Азија бараат вакцинација против жолта треска, кај некој можеби има препорака, но не и задолжителност,
еден комарец една болест и тоа e тоа -жолта треска, ама со коронавирусот не може да имаш пасош, зашто не би имала за сезонски грип па секоја година да се боцкаш, каде ќе биде крајот, не смее такво условување на вирус кој мутира, може тестови, може уводна изолација пред да се влезе во друга држава, но не и антиковид вакцинација, затоа што имаме работа со мутирачки вирус и со нови технологии аниковид вакцини кои се применуваат според ФДА како акредитирани за итни случаеви за здравствени ситуации како пандемија со коронавирус, ама не се акредитирани како за употреба кај луѓето како другите вакцини!
Знам дека не е за сите земји, онака грубо кажав: Африка и Азија, затоа што во Европа не треба никаде.
А за ковид како ќе кажат државите, така ќе правиме. Или ќе седиме дома.

Разбирам дека имаш поголемо сфаќање за проблемот и може да кажеш од медицинска гледна точка како сметаш дека треба или не, ама правилата на државите ги одредуваат други субјекти. И тоа е засега реалноста. :(
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.541
Поени од реакции
34.712
...после три месеци од примена АЗ вакцина роднина со над 75 год треба да ја прима втората доза (му рекле после 12 недели), а кај дланката му се појавиле две големи модрици од мирно седење, му реков дали пријавил кај матичен или воопшто побарал мислење, на тоа се насмевнал као ништо не е тоа далеку од срце, му реков обавезно да направи хематолошки анализи ( д-димери) пред да ја прими втората доза, некако не е расположен да иде по лаборатории, као многу сум се грижела, ништо не било тоа...

...ете тоа кога пишувам никој не ги контролира вакцинираните, што да му се случи, тој пред вакцинирање дал /потпишал согласност така да прозведителот се иземува од одговорност ако му се случи нешто после вакцинирањето,
(ако ќе имам можност ќе му ја фотнам раката)!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom