Можни несакани реакции после примени вакцини против КОВИД19

Член од
7 септември 2016
Мислења
9.728
Поени од реакции
15.757
Од почетокот на вакцинацијата на 20 декември 2020 година (како репер за успешна имунизација во Израел), па се до сега, поминати веќе шест месеци може да се согледат предностите на примените вакцини против коронавирус, како и можните несакани реакции од истите, па освен темите во подфорумов Здравје за коментирање на примените различни вакцини против К19, не е лошо да се има тема и за можно несакано дејство од некоја од вакцинините против КОВИД19 според сознанијата на различни светските Центри за контрола и превенција на болести, Центри за здравствена безбедност, Советодавен комитет за имунизација, VAERS (Vaccine Adverse Event Reporting System), па дури и наши лични искуства после вакцинирањето!

f926941d00e54d79bea45a6523e8282b.jpeg

...активни вакцини против болеста КОВИД19, вкупно 9 со различна технологија на изработка,
Кога се зборува за несакани ефекти доколку ги има вакцините покрај другите важни фактори мора да се спомне еден момент дека е забележано дека понекогаш само некоја серија од една врста на вакцина дава некоја несакана реакција за разлика од друга серија од истата вакцина, па затоа следењето на несаканите дејства е преорачливо да се знае која серија од истата вакцина се вакцинирал пациентот на некој пункт за вакцинирање, за да би во секој момент истата серија биде повлечена од употреба, а не целосно вакцина од некој производител!

- Myocarditis + Pericarditis
Миокардитис е воспаление на срцевиот мускул, додека перикардитис е воспаление на обвивката околу срцето.

,,...Здравствените власти во Канада внимателно ги следат извештаите за воспаление на срцето кај луѓето кои примиле вакцина КОВИД-19, oд 28 мај 2021 година, во земјата се пријавени 25 случаи на случаи на миокардитис и перикардитис од спроведените 26 милиони дози, според Агенцијата за јавно здравје на Канада (PHAC).
Во Соединетите Држави, на седум тинејџерски момчиња кои добиле снимки од Фајзер во април и мај, им била дијагностицирана состојбата откако добиле болка во градите во рок од четири дена по добивањето на втората доза.

Израел вели „веројатна“ врска помеѓу Pfizer COVID-19, случаи на воспаление на срцето според израелското Министерство за здравство кој соопштил дека 275 случаи - претежно кај млади мажи кои примиле вакцина Pfizer COVID-19 - со миокардитис биле пријавени во периодот од декември 2020 до мај 2021 година кај повеќе од 5 милиони вакцинирани лица,

Вообичаено е вакцината да има несакани ефекти. Досега не е воспоставена јасна врска помеѓу реакцијата на срцето и која било од вакцините COVID-19 и случаите се ретки, но експертите велат дека доказите треба да се сфатат сериозно.
„Во моментов не гледаме повисоки стапки отколку што се очекуваше кај општата популација, но тоа е нешто што треба постојано да го следиме“, рече д-р Тереза Там, главен службеник за јавно здравје во Канада, за време на прес-конференција на 4 јуни. Ние внимателно го разгледуваме миокардитисот, неговите симптоми и ризиците поврзани со нив.
И двете се предизвикани од вирусна инфекција, иако други инфекции исто така можат да доведат до воспаление на срцето.

„Тие не се вообичаени услови, но не се и невообичаени“, рече д-р Мансур Хусаин, кардиолог во Општата болница во Торонто и професор по медицина на Универзитетот во Торонто. „Тие се сезонски. Добиваме групи случаи кои се појавуваат некако во текот на одредени недели кои се сезонски “. Сепак, групи на случаи на миокардитис обично не се пријавуваат по годишната вакцина против грип, забележа Хусаин.

Симптомите на миокардитис обично вклучуваат болка во градите, oтежнато дишење, неправилен ритам на срцето, замор и тоа почетокот на симптомите се движи од пет часа до 92 дена по администрација на вакцина Pfizer КОВИД-19..,,
 
Член од
7 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
41
А има некои алергиски реакции од Синофарм вакцината? Јас имам алергија на јаткасти плодови која се манифестира со отечено грло (благо), па не сум сигурен баш дали да се вакцинирам.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
4.217
Поени од реакции
9.074
А има некои алергиски реакции од Синофарм вакцината? Јас имам алергија на јаткасти плодови која се манифестира со отечено грло (благо), па не сум сигурен баш дали да се вакцинирам.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
354
Поени од реакции
1.039
А има некои алергиски реакции од Синофарм вакцината? Јас имам алергија на јаткасти плодови која се манифестира со отечено грло (благо), па не сум сигурен баш дали да се вакцинирам.
Во вакцината нема јаткасти плодови, можеш да се вакцинираш. Од кога ќе те боцнат само поседи си околу 30 мин таму.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
4.321
Поени од реакции
10.558
А има некои алергиски реакции од Синофарм вакцината? Јас имам алергија на јаткасти плодови која се манифестира со отечено грло (благо), па не сум сигурен баш дали да се вакцинирам.
Ќе те прашаат дали си алергичен на нешто пред да се боцкаат.
Или ако не те прашаат, ти кажи им на што си алергичен па ќе знаеш дали можеш да се вакцинираш.
 
Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
789
Поени од реакции
2.430
Од дваесетина души што ги знам што се вакцинирале никој досега немал никакни несакани ефекти, само татко ми имаше мала главболка наредниот ден , се вакцинираше со кинеската Синофарм.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
9.728
Поени од реакции
15.757
А има некои алергиски реакции од Синофарм вакцината? Јас имам алергија на јаткасти плодови која се манифестира со отечено грло (благо), па не сум сигурен баш дали да се вакцинирам.
...во денешно време многу луѓе имаат алергиски реакции од многу нешта, како и од јаткасти плодови како тебе, па сепак се вакцинирале (независно со која вакцина против КОВИД19) и сите на различен начин реагирале или воопшто не реагирале после примената доза на вакцина,
така да никој со сигурност не може да ти каже дека нема да имаш алергиска реакција после примена вкацинална доза, но тоа не значи дека и ќе ја имаш,

... инаку дали ќе имаш или ќе немаш алергиска реакција при примање на доза на вакцината, не зависи од содржината на самата вакцина која нема содржина на јаткасти плодови, туку тоа зависи од каскадната реакција на твојот имун систем при примање на вакцината како антиген во твоето тело, што би било исто на имуниот систем како реакција при јаткасти плодови како антиген,
може, но не мора,

...процентот на можна таква алергиска реакција е низок, но тоа не значи ти ако си решен да се вакцинираш (со било која вакцина) не треба да бидеш внимателен и тоа не само 15-30 минути после примена доза од вакцина, затоа што тој временски период е само за појава на тешки алергиски реакции (анафилактични) што бара итна медицинска помош, туку и после 4 часа од примена доза на вакцина можат да се појават алергиски ракции како велиш ти „потечено грло“ што е не е баш згодно кога се има отежнато дишење да бидеш неспремен дома, па да те фати паника,

...така да ако веќе решиш да се вакцинираш, да овозможиш да бидеш подготвен брзо да реагираш до некоја медицинска установа, а да не се опуштиш дома, дури би рекла да поседиш во близина на болничка амбуланта токму до 4 часа, читајќи книга или било што да се занимаваш да пројде времето, што е сигурно сигурно е!
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.364
Поени од реакции
19.170
Од прва доза Фајзер освен тупа мала болка во раката (од самата игла веројатно), никаков друг ефект. Блага поспаност евентуално, ај би го нарекол - полесно заспивање. Не сум имал алергии никакви во животов.
Од ова што читам деновиве, очекувам ревакцинацијата да има почувствителни ефекти, што и не мора да значи.
 
Член од
1 април 2020
Мислења
99
Поени од реакции
710

Јас втората доза воопшто не ја изперцепирав дека ми е ставена. После првата, раката ме болеше и ми беше потешка, имав грчеви но ништо повеќе. Не бев омалаксана, ништо.
Затоа втората не ја ни мислев. Помала болка имав, ако можам да кажам дека ме болеше воопшто. Носев и багаж со таа рака истиот ден, и спиев на таа страна вечерта. Ништо не ми беше, освен што можеби ме истошти малку и немав толку енергија колку што имам обично.

Нема зошто да се премислува. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
9.728
Поени од реакции
15.757
... болка на раката, локално или целосно е само последица на неправилниот начин на аплицирање на вакцина или несоодветна игла (не може сите возрасти со иста величина на игла да се боцкаат), тоа не е последица од несакано дејсто на вакцината, туку едноставно е од механичка природа што зависи од медицинското лице кој вакцинирал, а богами и од иглата која пенетрира!

несаканите дејства што би се очекувале од вакцините против КОВИД19, би биле во период после три, шест месеци од добиената втора доза, а не истиот или следниот ден по аплицирање на вакцината како што даваат и вакцините за други болести!
 
Vladimkd

Né giusto né sbagliato, conta solo il risultato!
Член од
16 февруари 2021
Мислења
43
Поени од реакции
100
... болка на раката, локално или целосно е само последица на неправилниот начин на аплицирање на вакцина или несоодветна игла (не може сите возрасти со иста величина на игла да се боцкаат), тоа не е последица од несакано дејсто на вакцината, туку едноставно е од механичка природа што зависи од медицинското лице кој вакцинирал, а богами и од иглата која пенетрира!

несаканите дејства што би се очекувале од вакцините против КОВИД19, би биле во период после три, шест месеци од добиената втора доза, а не истиот или следниот ден по аплицирање на вакцината како што даваат и вакцините за други болести!
@Acid
Poštovana administracijo,
Ovaj član foruma već dugo vodi kampanju protiv vakcinacije protiv Covida. To je takođe i ZDRAVSTVENA tema koja je vrlo osetljiva.
Više nije pitanje da li svako ima pravo da izrazi svoje mišljenje (u pravu ili ne).
Zbog publike (članova ili posetilaca) koja čita komentare, samo zamislite koliku štetu takvi stavovi nanose kolektivnom zdravlju.
Kao najposećeniji makedonski forum, nadam se da ćete reagovati na takve antivakcinalne kampanje.
S poštovanjem,

Послато са SM-N950F помоћу Тапатока
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
11.016
Поени од реакции
4.524

Каква кампања, какви бакрачи бе...ај не тропај глупости.
Знаеш и македонски да пишуваш, знаеш и кирилица...не глуми лудило веќе.
Кој профил ти е ова по ред????
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
9.728
Поени од реакции
15.757
@Acid
Poštovana administracijo,
Ovaj član foruma već dugo vodi kampanju protiv vakcinacije protiv Covida. To je takođe i ZDRAVSTVENA tema koja je vrlo osetljiva.
Više nije pitanje da li svako ima pravo da izrazi svoje mišljenje (u pravu ili ne).
Zbog publike (članova ili posetilaca) koja čita komentare, samo zamislite koliku štetu takvi stavovi nanose kolektivnom zdravlju.
Kao najposećeniji makedonski forum, nadam se da ćete reagovati na takve antivakcinalne kampanje.
S poštovanjem,
... ај ќе го проголтам ова, само ќе ти кажам дека не знаеш да читаш тоа што пишувам, а најмалку да разбереш тоа што пишувам, ако нешто не ти е по ќеф повели изјасни се во кој момент јас сум антиваксер?
... ниту си медицинско лице, ниту знаеш што е антиваксер, ако не знаеш да дебатираш тука, повели напиши на ЛП твоите предлози за постоење на некој член на форумов, а не вака да повикуваш и јавно да ме осудуваш за некоја „кампања против Ковид19“ - против вакцинација, затоа што можам да те тужам приватно за таа клевета,
а крајот „с поштовањем“ тоа најцинична работа што ја имам прочитано после некое виртуелно неосновано објаснување!
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
882
Поени од реакции
3.074
...така да ако веќе решиш да се вакцинираш, да овозможиш да бидеш подготвен брзо да реагираш до некоја медицинска установа, а да не се опуштиш дома, дури би рекла да поседиш во близина на болничка амбуланта токму до 4 часа, читајќи книга или било што да се занимаваш да пројде времето, што е сигурно сигурно е!
Не знам за ова 4 часа но зошто да не е човек претпазлив, секогаш е тоа добро.

Ќе прокоментирам нешто што СТРАШНО ме иритира. Досега бев 4 пати на вакцинален пункт, два со родител, два со сопругата (која е мед лице).

СИТЕ 4 пати од страна на мед сестри им беше кажано поседи 10-15 мин и можеш да си одиш.

При првата вакцина на мајка ми, човек што се вакцинира пред неа седеше некои 15 мин и доживеа анафилактички шок, буквално се изгуби човекот па ајде реагираше екипа од доктори и го извадоа на носилки во амбулантно возило и го однесоа ваљда на болница.

Тоа беше ПО истекот на тие 15 мин.

ИРИТАНТНО е што мед лице ти вика седи 10-15 мин, а има доста стари лица кои одат таму сами... што ако му се случи нешто по пат, што ако падне во бус, такси или било каде?

Пола саат седевме со мајка ми и со сопругата и потоа уште пола саат движење и седење откарши вакциналниот пункт (во парк), па тек потоа дома и пак со мое присуство покрај нив.

Не сум медицинско лице, но ПРЕМНОГУ лаички и лагано се зема цел тој процес на вакцинација, би рекол неодговорно од страна на тие што треба да го организираат.
Плус, на вакциналниот пункт имаше ЕДНО возило од брза помош, еве човекот колабира или доби анафилактички шок (небитно) и тоа возило замина... ако се случи нешто со следен?

Слободни им се ковид центрите и модуларните болници (барем во тие градови каде ги изградија). Исто има во градовите цели крила од болници кои се нефункционални и со МАЛА искористеност на капацитетите. Па организирај таму вакцинација мајко му стара.
Не на три километри од болница да имаш вакцинален пункт со едно возило на брза помош кое ти е на располагање и во меѓувреме персоналот да ти вика поседи 10-15 мин и бегај.

Тотална неодговорност.

ЕДИТ:

При ревакцинацијата на мајка ми (која е пензионер, жена во години) имаше спремни 5-6 дози вакцини на пунктот (кабината) и истите НЕ беа во фрижидер и не ги донесоа од фрижидер непосредно пред вакцинацијата.

Значи и во тој дел се тотално непрофесионални пошто си има одредена температура под која треба да ја чуваат таа вакцина, а не да им лежи на маса по кабини на +20 температура во салата за вакцинација.
 
... јас напишав погоре дека анафилактички шок се случува до 30 минути,
а потоа може да се случат други поблаги несакани алергиски реакции,
по правило, барем за мене е и логично, да на лице место има медицинска екипа спремна да даде прва помош ВЕДНАШ, а не да врши само транспорт, при анафилактичен шок како животно загрозувачки состојба пациентот можеби нема да преживее до болница со транспорт, па затоа треба на лице место да има спремна просторија и екипа со сета неопходна апаратура за реанимација, лекови - адреналин, кортикостероид, што е најважно веднаш да му се даде веднаш на пацентот,
При ревакцинацијата на мајка ми (која е пензионер, жена во години) имаше спремни 5-6 дози вакцини на пунктот (кабината) и истите НЕ беа во фрижидер и не ги донесоа од фрижидер непосредно пред вакцинацијата.
Значи и во тој дел се тотално непрофесионални пошто си има одредена температура под која треба да ја чуваат таа вакцина, а не да им лежи на маса по кабини на +20 температура во салата за вакцинација.
... кога укажувам уназад не знам колку време, правилото, начинот како се аплицира вакцина во делтоидниот мускул од НЕедуциран медицински персонал - следат подбивни коментари, кога укажувам за важноста на „ладниот ланец на транспорт“, „начин на чување на вакцината“, рок на трајност на вакцина, пак подбивност, а кога ќе кажам за можни несакани реакции од вакцината против КОВИД19, ете погорниот член ме нарече уште и „антиваксер“ и опасност на форум од ваков член, навистина нема тука веќе дебатирање!

...токму затоа што сме 21 век не смееме да бидеме роботи, секое зошто треба да има затоа, а не дека некој го рекол тоа, па да го земаме здраво за готово, затоа што тоа е наше здравје и наш живот и ние мора да бидеме претпазливи од колатерална грешка, барем јас така размислувам, некој ќе рече само „така било пишано“ што за мене не е решение!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom