Може ли македонскиот маж самиот да издржува семејство денес?

Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Секој оној кој сака да го носи епитетот маж мора да е способен самиот да го издржува семејството. Ако сака жената да работи тоа треба да биде од причина што таа самата сака да работи а не од причина што тие пари што таа ке ги заработи се неопходни за егзистенција на семејството. Само ако човек самиот ја обезбедува егзистенцијата на семејството тогаш може да се чувствува како маж и столб на тоа семејство. Ако чека од жена му, пензијата на баба му, татко му, мајка му..... тој чувствува во себе дека неможе да се нарече маж. Прав маж ке најде начин да заработи, ако треба нема да спие и ке работи деноноќно ама ке заработи. Од мамини мази на кои не им се бендисува ни една работа мажи не бидува.....
Сине што работиш и у која држава живееш?
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
просечната плата во Македонија е земена на околу 350 евра со кои може да опстојува поединец - и ништо повеќе

не ни даваат повеќе,зошто ќе сме ги потрошеле по биртии и певаЉки...........
Просечна плата 350 евра!?

Приметувам просечна плата во Велес е 9000 денари..
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Просечна плата 350 евра!?

Приметувам просечна плата во Велес е 9000 денари..
нит ја водам нит ја забележувам статистиката - тоа провери во завод з статистика,нит па сакам да те јебем
--- надополнето: 17 мај 2013 во 14:53 ---
Вистина ви е потешко. Врз вас е притисокот од општеството дека сте мажи и столбови. Ако излагате на протест јас ќе ви се придружам :)
тој притисок за некој е минато свршено време - помирени со судбината
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
1. Jас немам што да и сугерирам нешто, зарем таа не е доволно возрасна да одлучува сама за себе? Ако доволно се почитува самата себеси нема да се да седи дома. Зарем живееме во 19ти век да жената да мора да седи дома да кува и да чисти?

2. Малце сексистичко прашање. Дали ти како жена кога би имала стабилна кариера не би сакала сопругот да има стабилна кариера и да заработува свои пари? Сакаш да кажеш мажот одлучува за тоа дали жената ќе има или ќе нема кариера? Таа самата одлучува и моето сакање/не сакање не би требало да промени ништо. Јас не сум живеел во кожата не жената и не би знаел како е да се бидам соочен со општествени притисоци цел живот да се „стабилизираш“ и да бидеш „домаќинка“ од една страна или пак да изгради кариера и пари од друга страна, така да не се осмелувам да судам дали тоа го сака од сопствена волја или е принудена на тоа. Што сака, тоа. Јас би преферирал „независна“ жена иако самата дефиниција за тоа што претставува независна жена е матна и субјективна па не би можел да објаснам просто. Не би сакал некоја која што по некаков развод би живеела единствено од мојата алиментација како паразит.

4. Мислам дека би можел.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Штом е спомната „студија“ и „истражување„, одма се знае на кај оди работата. What the aristocracy wants and thinks and needs.
Оти, генералните мненија за потребите, начините, принципите на „генералната слика“ не се генерални, туку се базирани на аристократијата и буржоазијата.

Оти во МКД, работничката класа не може да се прерани самата, дури и мажот и жената да си работат, ако се working class, џабе е. Крпарење и преживување не кореспондира со издржување од аристократски манири

Темава е повеќе за драпај си меот либерални ставови на момци и девојки кои беа родени со сребрена лажичка в уста, и тие можат да дискутираат дали се способни да живеат со семејство на нивна рака.

Другите не.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Прво, да не ми залепите етикета, не сум сексист, шовинист, феминист итн итн. Вчера прочитав едно истражување кое ме мотивираше да ја отворам темава. Во него скоро 70% од жените се имаа изјаснето дека не би имале ништо против да бидат финансиски зависни од мажите и да се грижат за деца и домот, наместо да градат кариера. Тоа доведува до друго прашање, колку мажите се способни да се грижат за семејството финансиски? Очекувам и мажите и жените да се изјаснат на темава рационално.

Тука имате многу прашања на кои можете да си го искажете ставот. Како на пример:

1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа?

2. Дали и покрај тоа што како маж заработувате доволно пари, повеќе би сакале сопругата да има своја кариера и да заработува?

3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера?

4. Прашање до мажите. Мислите ли дека би можеле да стигнете до степен да го издржувате самите семејството?

Поентава е да дојдеме до одговор. Дали мажите во Македонија денеска можат самите да го издржуваат семејството финансиски или тоа е нешто што ретко кој може да го доживее? Да да, знам криза е, се нема. Но, да не се лажеме има доволно луѓе кои ако спрегнат сили можат да обезбедат доволно. Каде спаѓате вие?

П.С: Ако темава заврши со констатација дека Евреите се криви, не ме кривете мене. :icon_lol:
Ај да се изјаснам

Пошто од овие прашања горе само две се посветени на жените еве ви ги моите одговори:

1. Искрено, не знам дали би прифатила. Ако тој заработува доволно за да ми пружи се на мене и нашите деца, зошто да не, можеби и би прифатила (овде мислам да живеам нормално, да имам што јадам, покрив над глава, да се облекувам како што сакам, да се шетам каде сакам, одмори, итн, не треба да е луксузно, туку во рамките на нормалата и просечноста). Така би имала повеќе време за мене како прво, а како второ време за да им се посветам на моите деца и сопругот целосно. Би ги прочитала сите книги кои сакам да ги прочитам, би ги изгледала сите филмови кои не ми се гледани, би научила да правам работи кои сакам да ги правам, а би немала време за истите доколку работам. Полесен живот од тоа, амин нема. Од друга страна пак, би сакала јас лично да заработувам и да имам сопствени финансии, за да не трчам секој пат до кај мажот ми за да барам на пример пари за улошки и тампони. Веројатно би сакала да работам само поради таа некаква финансиска независност од него. Знам колку е важно една жена сама за себе да заработува, без разлика колку заработува нејзиниот маж. Така да во некоја недоумница сум, што би се рекло.

3. Кариера во нашава земја ретко кој ја има, без разлика маж или жена. На тие што ја имаат браво. :cuc:
Мене лично семејството ми е на прво место. Не сум мажена, немам деца, ама кога ќе ги имам еден ден и ќе бидат неколку, знам дека ќе сакам да бидам покрај нив кога и да им требам. Не би сакала да им пропуштам приредби во училиште, само затоа што некој идиот од шеф не би ме пуштил од работа да излезам. Или да го пропуштам првиот чекор или првиот збор на моето дете, затоа што тој ден сум била на службено патување некаде. До крај на живот ќе ми биде криво што сум ги пропуштила овие бесценети и one time made работи.
Доколку би се случило да не работам и да си ја гледам фамилијата, а мажот ми да заработува доволно, мислам дека би се посветила на волонтерска и добротворна работа во таков случај. Значи пак нема да седам дома 24/7, туку би правела нешто корисно за заедницата во која што ќе живеам и воедно со тоа би им укажувала кои се вистинските вредности во животот на моите деца. Тоа би било поголема лична сатисфакција за мене, од било каква кариера да имам.


Македонија е земја на чудата, се може овде кај нас. Само ме нервира ставот на балканскиот мажјак кој вирее кај нас. Не значи ако тој заработува, тој да го има главниот збор во семејството и се да биде како што тој ќе каже. Во бракот има двајца, така да одлуките во едно семејство паѓаат на двајцата сопружници, без разлика кој работи и кој повеќе заработува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Затоа што во блиското минато главно мажот го издржувал семејството, а имал и последен збор во куќата која била од неговите родители и од него градена..., како маж е докажан во издржување.

Воглавно е невозможно во овој систем во Македонија од причини што ги пишаа понапред.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Со ваква Македонска плата ке умрат сите за јадење...Што попрво да се направи?Храна за домашните?сметките за дома кои се огромни?
И знам еден ваков случај кај мене во град...Мажот со сите сили и напори ја тераше жената да ја напушти убавата работа во една школа за да ги чува децата...Што се случи по неколку месеци?Ете ја пак...Ја сфатила грешката и таа и тој...Знам дека еден период бараа на заем од пријателите,роднините...
Да бидиме реални.Ако сакаат да опстанат и двајцата ке работат,ке делат трошкови...Ако едниот во тој случај мажот работи само зошто и рекол на жената чувај ги децата е рамно на пропаст.
Зошто и таа да не работи?Што може да загуби?Може само да се добие.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа?
2. Дали и покрај тоа што како маж заработувате доволно пари, повеќе би сакале сопругата да има своја кариера и да заработува?
3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера?
4. Прашање до мажите. Мислите ли дека би можеле да стигнете до степен да го издржувате самите семејството?
  1. Ако таа сака да остане дома не би ми пречело ама не би и сугерирал.
  2. Да, би сакал.
  3. n/a
  4. Да.
p.s. Не се криви евреите. Бwанко е кwив.--- надополнето: 17 мај 2013 во 18:23 ---
Македонија е земја на чудата, се може овде кај нас. Само ме нервира ставот на балканскиот мажјак кој вирее кај нас. Не значи ако тој заработува, тој да го има главниот збор во семејството и се да биде како што тој ќе каже. Во бракот има двајца, така да одлуките во едно семејство паѓаат на двајцата сопружници, без разлика кој работи и кој повеќе заработува.
Тоа не е логиката на балканскиот мажјак, тоа е логиката на секој при здрав разум. Нема и јаре и паре. Ако сакаш еднаквост и рамноправност ќе треба да се испотиш и да придонесеш кон домот, а не да си гледаш филмчиња и да си читкаш романчиња додека маж ти работи. И после кога ќе ти ги донесе тешко спечалените пари ти сакаш да му командаш? Ма немој да ме јебеш!
Не може да немаш придонес а да те прашуваат кога ќе се носат одлуките.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Може ако татко му е министер или ако добие бинго, лото
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Ako e seljak i raboti na niva, sadi zelencuk, ovosje, cuva svinji, kokoski, odi na drva i vo megjuvreme ima stabilna rabota a zena mu mesi leb doma moze no ako e gradsko kremce i zema 200 evra plata ili pomalce malce potesko.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
Tatko mi sekogas vikase "maz koj nemoze da izdrzava zena i kola da ne se zeni ,zasto ne e sposoben za toa "
--- надополнето: 17 мај 2013 во 19:09 ---
Tatko mi sekogas vikase "maz koj nemoze da izdrzava zena i kola da ne se zeni ,zasto ne e sposoben za toa "
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Секој оној кој сака да го носи епитетот маж мора да е способен самиот да го издржува семејството. Ако сака жената да работи тоа треба да биде од причина што таа самата сака да работи а не од причина што тие пари што таа ке ги заработи се неопходни за егзистенција на семејството. Само ако човек самиот ја обезбедува егзистенцијата на семејството тогаш може да се чувствува како маж и столб на тоа семејство. Ако чека од жена му, пензијата на баба му, татко му, мајка му..... тој чувствува во себе дека неможе да се нарече маж. Прав маж ке најде начин да заработи, ако треба нема да спие и ке работи деноноќно ама ке заработи. Од мамини мази на кои не им се бендисува ни една работа мажи не бидува.....
Прајме муабет за роб или за маж?Немало да спијат за да заработит ,и со такво темпо на работа не тера појќе од десет години.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.457
1. Не
2. Да
3. -
4. Да
 

Kajgana Shop

На врв Bottom