Може ли македонскиот маж самиот да издржува семејство денес?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Прво, да не ми залепите етикета, не сум сексист, шовинист, феминист итн итн. Вчера прочитав едно истражување кое ме мотивираше да ја отворам темава. Во него скоро 70% од жените се имаа изјаснето дека не би имале ништо против да бидат финансиски зависни од мажите и да се грижат за деца и домот, наместо да градат кариера. Тоа доведува до друго прашање, колку мажите се способни да се грижат за семејството финансиски? Очекувам и мажите и жените да се изјаснат на темава рационално.

Тука имате многу прашања на кои можете да си го искажете ставот. Како на пример:

1. Дали ако како маж имате доволно средства да го издржувате целото семејство, би и сугерирале на сопругата да батали работа и да се грижи за децата и домот. Од друга страна ако сте жена дали би го прифатиле тоа?

2. Дали и покрај тоа што како маж заработувате доволно пари, повеќе би сакале сопругата да има своја кариера и да заработува?

3. И секако трето прашање (ова само до жените). Спаѓате ли во процентот погоре, дали и вие порадо би се грижеле за децата и домот наместо да градите кариера?

4. Прашање до мажите. Мислите ли дека би можеле да стигнете до степен да го издржувате самите семејството?

Поентава е да дојдеме до одговор. Дали мажите во Македонија денеска можат самите да го издржуваат семејството финансиски или тоа е нешто што ретко кој може да го доживее? Да да, знам криза е, се нема. Но, да не се лажеме има доволно луѓе кои ако спрегнат сили можат да обезбедат доволно. Каде спаѓате вие?

П.С: Ако темава заврши со констатација дека Евреите се криви, не ме кривете мене. :icon_lol:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Сам маж во нашава земја да издржува семејство е многу тешко и ако само едниот работи тогаш семејството ќе има мизерен живот.
Плус женатата што ќе се научи да легачи и само да бара пари за шминки,третмани и такви работи па после иди најди и го крајот.

Исто така жената што ќе се одлучи да живее од парите на мажот и да не работи е глупа жена затоа што по 15тина години од бракот кога таа ќе има близу 40 и стаж = 0 и мажот ќе реши да ја шутне за помлада студентка тогаш таа ќе нема ништо, ќе нема ни за леб. Истово важи и обратно ама поретки се таквите случки.

Како и да е во нашава држава тешко е едно семејство да го издржува само еден човек.
Платата не секогаш расте ама барањата на семејство растат од ден на ден.
 
L

Luki Junior

Гостин
1. Не сам женен. Ако сака да остане дома, слободно. Би предложил пола работно време/флексибилно работно време... :)
2. Да.
3. Не сам мома.
4. Дефинитивно Да.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
1.Не
2.Да
3.Ако се од Пустец.
4.Да

Немам време моментално, понатаму ќе образложам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со една Македонска плата никој неможе да издржува семејство, може само да мизерува. Дали било маж или жена, навистина во оваа земја е небитно.
Никад не ме издржувал никој освен моето семејство и верувам додека ме држат нозе, ум и раце нема да ме издржува никој. Воспитана сум сама да заработувам и да не бидам од никого зависна за пари. Од тоа поубаво нема. Поради децата можеби би прифатила само половина работно време, бидејќи децата би имале потреба од мајка. Но во никој случај да останам без работа.
За жал не спаѓам во групата на жени кои порадо би дремеле дома, готвеле, чистеле и чувале деца. Не сум така кодирана, не за друго :)
Мажите во Македонија реално да збориме уште на 30 години живеат со своите со процент преку 90%. Тоа покажува колку би бил реален одговорот дека можат самостојно да одгледуваат семејство. Не дека се они само криви, таква ни е економијата и државата. Желбите и реалноста во Македонија се два различни поими.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
1. Да.
2. Да.
4. Да.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Мажите во Македонија реално да збориме уште на 30 години живеат со своите со процент преку 90%. Тоа покажува колку би бил реален одговорот дека можат самостојно да одгледуваат семејство. Не дека се они само криви, таква ни е економијата и државата. Желбите и реалноста во Македонија се два различни поими.

А ако има голема куќа? Нема потреба од стан настрана :icon_lol:, дури и да се има средства еве јас нејќам, јас верувам во заедница во сложност во фамилијарност.

Добро сега секој со свои верувања некои веруваат во исправноста на педерски бракови и посвојувања на деца од страна од нив итн.... Додека пак јас верувам во чест, во збор во фамилијарност, блискост, лојалност и храброст :icon_lol:
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Mакедонскиот маж може сам да издржува семејство. Но ако е од редовите на Пратениците, Министрите, Транзициските Лопови, Наркодилер, Рекетар, Локален Шериф, со еден збор ако е НЕЧЕСНИК.

Но со пот работање и 16 часа ак сакаш работи пак пари за сам издржување на семејство не стигаат...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.930
Поени од реакции
3.621
Секој оној кој сака да го носи епитетот маж мора да е способен самиот да го издржува семејството. Ако сака жената да работи тоа треба да биде од причина што таа самата сака да работи а не од причина што тие пари што таа ке ги заработи се неопходни за егзистенција на семејството. Само ако човек самиот ја обезбедува егзистенцијата на семејството тогаш може да се чувствува како маж и столб на тоа семејство. Ако чека од жена му, пензијата на баба му, татко му, мајка му..... тој чувствува во себе дека неможе да се нарече маж. Прав маж ке најде начин да заработи, ако треба нема да спие и ке работи деноноќно ама ке заработи. Од мамини мази на кои не им се бендисува ни една работа мажи не бидува.....
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
просечната плата во Македонија е земена на околу 350 евра со кои може да опстојува поединец - и ништо повеќе

не ни даваат повеќе,зошто ќе сме ги потрошеле по биртии и певаЉки...........
 
А

Атомската мравка

Гостин
1/2. Во никој случај не би и сугерирал да престане да работи тоа е сигурно без разлика дали ќе/имам доволно да живееме добро и без тие пари, што ќе прави после ќе пие кафе цел ден и оговара со комшиките ? Немој не се споредувајте со вашите баби и мајки како биле домаќинки зошто тогаш биле 10x потешки сите работи денеска се ти е машински од перење алишта до миење садеви итн, единствено едно јадење останува.. а што се однесува до деца тоа им е неколку години пауза додека потпорасне детето после може да си оди во градинка што е и подобра варијанта да расте и се дружи со деца отколку со баби и дедовци :) но доколку сум во можност би и ја олеснил работата максимално за да ужива во неа а не да и биде замарање..

4. Да

Мажите во Македонија реално да збориме уште на 30 години живеат со своите со процент преку 90%.
Што има лошо во тоа живеење со родители ? На пример на сосема различен спрат во иста куќа, не да живеам со нив поради сликава погоре што ја стави туку поради сосема друго.. јас да им помагам нив а не они мене.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А дај лову..ТАТА! :pos:
Лесно ви е на вас жениве..
Вистина ви е потешко. Врз вас е притисокот од општеството дека сте мажи и столбови. Ако излагате на протест јас ќе ви се придружам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom