Може ли македонскиот маж самиот да издржува семејство денес?

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.026
Поени од реакции
3.243
Ако има негде таков маж , дајте еден за мене...
Не ми е проблем да го перам , пеглам и јадење да има на маса...
Само да не ој често на бизнис патувања( швалерај)....и да не ми вели јас сум овде газда во кујчава....и се нешто мани да ми најдува....o_O
И секош ко че се врајча од работа букет со цвејче да ми купува:love:...

Не , не може да издржува...Кај нас македонската жена ем ој на работа , ем дома работи , макар шо кај нас татко ми мија вагани и готви,мајка ми варосува , кои шајки и поправа....нема поделба на машки и женски работи.......
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.068
Поени од реакции
8.186
1. Не би прифатила. Кариерата не е само извор на пари, туку е и лична сатисфакција.
Освен тоа, навистина би ми пречело животот да ми помине затворена во 4 ѕида, со вклучен аспиратор и машина за перење. И садење цвеќиња.

2. Скоро исто како првото. Порадо би побарала јас од него ако сака да седи дома, него мене некој дома да ме затвори. Не сум човек што може да седи во едно место, и повеќе би работела од ќеиф, а не заради пари.

3. Мажите во Македонија, не можеме да ги генерализираме на ваков начин. Од причина што секој има различни потреби, но ако зборуваме за преживување, а не живеење, да можат. Ретко кој маж, навистина може а заработи доволно за сите потреби и желби да ги оствари на себе и на своето семејство.
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 04:32 ---
Што има лошо во тоа живеење со родители ? На пример на сосема различен спрат во иста куќа, не да живеам со нив поради сликава погоре што ја стави туку поради сосема друго.. јас да им помагам нив а не они мене.
Мешање во приватниот и интимниот живот на децата.
Не се виновни за тоа родителите, но пензионерите и немаат попаметна работа.
Што катил снаа им се погоди, завеси неиспеглани, а и ручек не им направила, само да се акало по тоа канцелариите.... :)
Секој под свој кров, најарно :)
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 04:47 ---
Како маж не смееш да си дозволиш тие 10 000 да ти се целиот приход. Со тие пари неможеш никако да опстанеш. Нама математика со тие пари физички да опстанеш. Тука нема многу да ти помогнат и уште 10 000 од сопругата. Мораш да работиш и нешто друго и да бараш друга работа, несмееш да бираш, ако треба и полжави ке збираш ама дома мора да имаш се што треба.
Искрено, муабетов твој ме потсети на еден муабет со дечко ми пред некое време.
Голем дел од познаниците и пријателите ни се во брак, чекаат деца или веќе имаат деца.
Уште поголем дел, со оваа одлука, станаа сиромаштија на дело.
Прво ги жалевме, но со тек на време сфативме дека и не се толку за жалење.
На конкретно ,,најтазе печените,, им се укажаа неколку многу добри можности за периодот од кога се во брак, сите до една ги одбија. Да расчистиме, не се високо образовани, со средно се, значи сигурно не им понудиле работа во банка. Но сепак, многу подобри места него што веќе имаа.
Женава нема абер да смени работа, иако со смените кои ги има, детето нема да си го види до 18та година, а тој па, нема работа што му чини.
Чекаат од неговите и нејзините родители за многу работи, а во еден наврат тој ги обвини неговите дека се виновни што тој нема кај да живее. Божем е тоа нивна обврска.
Од друга страна пак, уште едни наши блиски пријатели, премлади и необразовани стапија во брак, родија деца итн. Жената подобро се снајде, има добра работа, добро е платена, довршува факултет полека итн. Тој, инаку, е човек кој веројатно нема 1 ден стаж, ама работи по 20 саати на ден, за дома да не му фали капка од нешто.

И иако е необразован, премлад, прави и некои чудни за мене избори, сепак можам капа да му симнам, за мене е тој поголем ,,маж,, од 99 посто мажи што сум ги запознала во животот.
Се случува да не знае како се вика од умор, од една на друга работа, од друга на трета итн.

Секогаш сум кажувала дека само луѓето како него се луѓе вредни за почит.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.242
Поени од реакции
2.310
може... ако е директор во елем или евн, министер, некоја повисока функција у комеријцална тутунска стопанска и слично, ако е газда на некое казино или на некоја спортска кладилница ИЛИ евентуално да е поп..


сериозен сум со постов - :)
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
1. Зависи од ситацијата, но најверојатно би и сугерирал. Кој кур ќе и работа кога има се. Ок, ако работата и се состои од шминкање и неколкучасовно озборување по канцеларии и не е лошо тоа.
2. Не. Зошто би и била кариера кога и е овозможено се. Ќе повторам озборување во климатизирана канцеларија, држењето пенкало во рака и сличните активности не се рачунаат ниту како работа ниту како кариера.
3. /
4. Да секако. Имам идеја треба само да го одработам тоа што ми е во планот.

Има повеќе начини да се достигне тоа и не е толку тешко колку што изгледа. Одиш едно 15-20 години странсво, работиш од зори до ноќој, штедиш и живееш скромно. Потоа си со неколку стотици илјади евра и е супер (кој не верува нека земе дигитрон). Ем имаш кеш ем веќе си одвикнат од големи трошоци и можеш да си дозволиш никад више да не работиш, да живееш од камати, да се ожениш со млада мома ово оно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.068
Поени од реакции
8.186
На ова би додал и дека денеска машкото многу потешко доаѓа до работно место од жената.Живееме во такво општество каде при скоро секое интервју за работа се гледа прво дали особата која бара работа е жена и веднаш се поставува прашањето (во случај ако дознае дека е жена особата која конкурира за работното место) колку години има.
Во кој филм ова?
Обично на ,,новопечените невести,, или општо помладите жени, потешко им се дава работно место, од причина што кај и да е, ќе оди на трудничко, нешто што ниту еден маж, ама баш никогаш, нема да го направи.
Па кај е ,,обврски по дома,, и ,,дете се разболело,,. Обично мајките се тие што ќе се стрчаат први дома, или ќе земат боловање да седат со детето, а не мажите.
Твојот муабет, само во амерички филм :)

Најдобра другарка ми е дипломиран економист, при крај со магистерска, додека пробуваше да најде работа, на секое можно работно место, преферираа машко на нејзина возраст.
Оти ако не на 24, на 27 веројатно ќе им ја дувне на породилно...
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.058
1. Не би прифатила. Кариерата не е само извор на пари, туку е и лична сатисфакција.
Освен тоа, навистина би ми пречело животот да ми помине затворена во 4 ѕида, со вклучен аспиратор и машина за перење. И садење цвеќиња.
Го делам ова мислење. Не ги сфаќам луѓето што би се задоволиле да седат дома ако партнерот добро заработува. Не зборувам за машко-женско односи. Старомодниот мачо маж што го носи лебот дома е изгубен вид, денес не се преживува со еден извор на приход само. Ако жена ми беше некој успешен и богат доктор би работел по апорно од неа за да направам подобра кариера, за мене но и за нас двајца, за наше добро. Не одам на факултет за да се оженам со богата или да најдам некоја што ќе ми легачи дома ако сум успешен, кариерата ми е тоа што дакам да бидам и ќе направам се да успеам.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Во кој филм ова?
Обично на ,,новопечените невести,, или општо помладите жени, потешко им се дава работно место, од причина што кај и да е, ќе оди на трудничко, нешто што ниту еден маж, ама баш никогаш, нема да го направи.
Па кај е ,,обврски по дома,, и ,,дете се разболело,,. Обично мајките се тие што ќе се стрчаат први дома, или ќе земат боловање да седат со детето, а не мажите.
Твојот муабет, само во амерички филм :)

Најдобра другарка ми е дипломиран економист, при крај со магистерска, додека пробуваше да најде работа, на секое можно работно место, преферираа машко на нејзина возраст.
Оти ако не на 24, на 27 веројатно ќе им ја дувне на породилно...
Ти само филмови гледаш, баш фино.На моја блиска личност и се случувале вакви работи лично, дали ти ќе веруваш или не, тоа е твоја работа.Отвори само огласите и пробај за работа тука ќе видиш што прашања ќе ти поставуваат.Особено дека си жена.....
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.068
Поени од реакции
8.186
Ти само филмови гледаш, баш фино.На моја блиска личност и се случувале вакви работи лично, дали ти ќе веруваш или не, тоа е твоја работа.Отвори само огласите и пробај за работа тука ќе видиш што прашања ќе ти поставуваат.Особено дека си жена.....

Дека до сега немам јас отидено на интервју за работа :)
Тоа што и се случило на твојата позната личност, не значи дека се случува глобално.
Во затуцано општество како македонското, секогаш за одговорна функција се претпочита маж, достапен 24/7.
Под одговорна функција не подразбирам техничка секретарка или продавач во Вип.
 
A

AnFem

Гостин
1. Зависи од ситацијата, но најверојатно би и сугерирал. Кој кур ќе и работа кога има се. Ок, ако работата и се состои од шминкање и неколкучасовно озборување по канцеларии и не е лошо тоа.
2. Не. Зошто би и била кариера кога и е овозможено се. Ќе повторам озборување во климатизирана канцеларија, држењето пенкало во рака и сличните активности не се рачунаат ниту како работа ниту како кариера.
3. /
4. Да секако. Имам идеја треба само да го одработам тоа што ми е во планот.

Има повеќе начини да се достигне тоа и не е толку тешко колку што изгледа. Одиш едно 15-20 години странсво, работиш од зори до ноќој, штедиш и живееш скромно. Потоа си со неколку стотици илјади евра и е супер (кој не верува нека земе дигитрон). Ем имаш кеш ем веќе си одвикнат од големи трошоци и можеш да си дозволиш никад више да не работиш, да живееш од камати, да се ожениш со млада мома ово оно.
Идеално! Marry me!
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.283
Поени од реакции
1.594
Во кој филм ова?
Обично на ,,новопечените невести,, или општо помладите жени, потешко им се дава работно место, од причина што кај и да е, ќе оди на трудничко, нешто што ниту еден маж, ама баш никогаш, нема да го направи.
Па кај е ,,обврски по дома,, и ,,дете се разболело,,. Обично мајките се тие што ќе се стрчаат први дома, или ќе земат боловање да седат со детето, а не мажите.
Твојот муабет, само во амерички филм :)

Најдобра другарка ми е дипломиран економист, при крај со магистерска, додека пробуваше да најде работа, на секое можно работно место, преферираа машко на нејзина возраст.
Оти ако не на 24, на 27 веројатно ќе им ја дувне на породилно...

Ај провери на нет колку проценти од вработените се машки а колку женски па после збори кој полесно добивал работа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.068
Поени од реакции
8.186
Ај провери на нет колку проценти од вработените се машки а колку женски па после збори кој полесно добивал работа.
Раководна функција? :)
Колку генерални директори, менаџери, политички лидери, се жени? Жими Шеќеринска беше претседател на партија, верувам тоа е најдалеку што стигнавме во политички води.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.283
Поени од реакции
1.594
Раководна функција? :)
Колку генерални директори, менаџери, политички лидери, се жени? Жими Шеќеринска беше претседател на партија, верувам тоа е најдалеку што стигнавме во политички води.

И самата знаеш дека повеќе вработени се жени него ли мажи . А за раководна функција треба да се избориш.Кој ви е крив што повеќето го избирате полесниот пат.
Нели збореше за вработување после факс. Епа после завршен факултет неможе одма директор да бидеш.
 
A

AnFem

Гостин
ааа не, те знам тебе успат ќе донесиш и некој домазет дома. Шо е сигурно сигурно е, не си играм играчки.
Што више то боље. Бичемо једна велика и сречна породица. (Морам на српски, слушам делувал како афродизијак)
 
На врв Bottom