Модни фотографии, едиторијали, модели, фотографи

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Незнам дали имате ваква тема?
Читате едиторијали? Се интересирате за мода? Кога бев во САД, често можев да видам магазини со убави лица на нив. Сакам кога ќе видам убави лица на насловна, билборд, слично. Ме радува на чуден начин, си велам еј види и убави имало. :D

Ќе ја почнам темава со едиторијал од 1988ма, на фотографиите е американскиот супермодел Синди Кроуфорд во Хаваи, фотографиите се направени од врвниот моден фотограф, Херб Ритц - американец со германско потекло.



Автоматски споено мислење:

Пак Синди пак од Херб овај пат за Vanity Fair првата фотографија од 91ва, другите две 94та.
Синди се има појавено на околу 600 насловни.



 
Последно уредено:

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Да повеќе ми е за странски, посебно фотографите, станува збор за талентирани луѓе затоа што без добар фотограф џабе е убав човек кога нема кој да го долови тоа вистински.

Херб Ритц слика луѓе како антички мермерни скулптури, има доста голи а не нападни фотографии.
Како контраст од него е уште еден германец - Хелмут Њутoн, неговите фотографии се дрски.
Ричард Аведон е познат по портрети.
Ќе гледам од сите да опфатиме по нешто во темава.
Автоматски споено мислење:

Овие се на Ричард Аведон за Версаче - последниот вистински добар бренд од Европа и приказна за претприемништво кое е ретко во Европа. Џани и Донатела од бутик во Милано го создаваат еден од најпознатите брендови за само 10 години.
93та или 94та? не сум сигурен


 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Уште една. На сликата се Хелена Кристенсен, Дански супермодел,
а машкиот модел незнам како се викаше, само памтам дека тој е Швеѓанец.
Сликани се во Амалфи, Италија - Европски powerhouse на модата.

1e4ec38ec0a503bac7cad20123196201.jpg
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Ова синооко убавичиште важи за најостварен модел на сите времиња. Ретко кој би ја сменил.
Се има појавено на 900то насловни, ако не и фазла. Работа, работа, работа.
Станува збор за Италијанка која живее во Канада.
Нема да станам од кревет за помалку од 10.000 евра на ден - смела изјава дадена во 90ти.
После 97ма при крајот на нејзината активна кариера се сели во Сент Тропез - Франција, цела западна елита ја следи и се сели на југот од Франција.
Линда Еванџелиста y'all.


Бонус видео со кратко интервју со неа од 95та

 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Манфред Тиери Муглер
Немам прецизно инфо на за годините ни за моделите, освен дека сликите се од рани 90ти. Моделите се по "германска" линија.
Сликите се во Париз, Њујорк и Антарктик.
На тие во Њујорк и Париз девојката е Холанѓанка, на тие на Анктарктикот моделите беа Швеѓани, ако не се лажам.






Автоматски споено мислење:

Пардон - сликите се на Гренланд (ама јужно ве отерав :ROFLMAO:) и се од 1987ма.
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
За наредниот пост си реков дај да споделам некој современ едиторијал. Темава е ретро до сега.
Но за жал ми се појави видео од Бела Хадид и си реков, не.
За жал денес луѓето одат под нож за да доловат совршен изглед. Тажно е кога и модели го прават тоа и го губат сиот свој карактер. Сите се како сестри близначки. Замислете Линда Еванџелиста да го ставела под нож нејзиниот аристократски нос? Сама има зборувано дека и бил несигурност, но никогаш не би одела против природата. Сиот карактер и харизма ќе беа загубени. Замислете Синди Крауфорд да ја отстранела бемката над уста, белегот по кој е препознатлива.
Цела модна индустрија е замината во неповрат на многу начини.
Затоа пак ќе одам ретро. И тоа со девојката со која почна се.
Џиа Каранџи, американски (италијански) модел за кој првпат е употребен терминот супермодел. Претходно имало само модели, ревии, еден куп убави луѓе. Но Џиа е првиот супермодел кој е баран и работи за повеќе брендови во исто време.
Се раѓа во претерано конзервативно Италијанско семејство. Тоа детство остава лузни на нејзината личност кои се евидентни низ нејзиниот живот. Умира од СИДА во 1986та. :(
Единствената вина на овај ангел е тоа што се родила во погрешно време.
Време во кое еден американски претседател доби идеја со вирус да ги истреби хомосексуалците, самиот доволно болен за да мисли дека како последица - веќе нема да ги има.
Во 1998ма - Анџелина Џоли ја игра убавицата во истоимениот филм Џиа (1998).



 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Сликата во пурпурниот фустан кој е инспириран од облеката на витезите од Средниот Век,
во суштина ја прикажува Ева.

Мадона - Версаче | МАЈАМИ
Фотографии - Стивен Мајзел

1995




 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
^^ ^^ :LOL::rolleyes::love:

Во 1980ти, германскиот фотограф Хелмут Њутон ја издава книгата Белите Жени - White Women.
Во чест на фасцинацијата која ја буди белата жена, пост посветен на Надија Ауерман неговата германска компатријотка.




Од десно кон лево: Надија Ауерман - германски модел, Карла Бруни - италијански модел, Хелена Кристенсен - дански модел.



 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Од времето кога Вог беше резервиан само за модели.
Денес на насловните гледаме актери, музичари, старлети, рапери. Се, модели не.

Кристи Трлингтон
Стивен Мајзел
Вог Италија 1989




 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.601
Поени од реакции
34.796
...барем смени го потписот, смешно е под фотка разголена на Клауфија Ш. , се чита ,, Средновековна архитектура во Македонија,, :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom