Мобилара и мобилен

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420
Со мобилари најчест проблем е што телефонот го добиваш отворен,често пати служел и како “тест“ онака вклучувам камерата пробувана. Под нов мобилен се подразбира да не биди скинато она заштитното што пишува "do not accept if seal is broken", а секогаш е пресечено. Обично дури и оргиналниот полнач не е за наш пазар па добиваш заменски. Под поимот НОВ телефон се подразбира телефон со сите додатоци, кутија, за европски пазар наменет, со лепенки со тракатанци кутијата неотворена и сефтето ти да го направиш на отворање. Во мобилариве под “нов“ важи и со кутија искината истуткана, отворан, пуштан пробуван без полнач без додатоци.
Да, ама и од провајдер кога го земаш пак сите им се отворани, па прелепувани потоа кутиите со нивна налепница. Не знам кои им се бизнис односите, но кај нас, телефонот има „матична“ мобилара... Таа што е наведена како сервисер во гаранцијата. Таа е и официјалниот сопственик на телефонот во очите на производителот. Ако ги провериш имеи на онлајн алатката од производителот, на пример Lenovo, ќе видиш дека гаранцијата веќе тече од моментот кога телефонот е купен во Крит, на име на фирма, која што е мајка фирма на мобиларата, на пример, хипотетички, за потоа да биде увезен во Македонија.

Нема девици, се е проверена роба, земи што ќе ти се падне и надевај се дека имаш среќна ѕвезда, т.е. дека серијата на телефонот е наменета за европски пазар, а не индиски на пример.
 
Последно уредено:
K

kicodarker

Гостин

Ајде како поупатен во оваа проблематика, објасни ми ја оваа ситуација,верувам и за други членови ќе биде корисна:

- Мобилни што се продаваат по мобилари,отворени кутии, испразнети пробувани, како може да се наречат нови?
-Зошто дел од мобилните имаат кутии, некои немаат, или им фалат елементи?
- Вистина е дека операторите го прават истото,се случувало да видам телефон со скинати налепници, телефони во кои има слики од салонот (значи,некој си го тестирал) и слично. И на кој начин човек да купи нов неотпакован телефон наменет за пазарот кај што живее?

Муабетот ми е, кога купуваш нова кола, се подразбира нова. 0 км на километражот. Истовремено во салонот има изложено коли, и честопати некоја од нив има 1000,5000,10.000 км, но тие служат како тест возило.Сеуште не се продадени,само пробани.По тој принцип мобилариве би продавале сеуште “нови автомобили“.
 
Појди во T-Mobile земи тикет и побарај да купиш телефон.
Прво што ќе направи продавачката е - ќе го извади телефонот да го видиш и купиш на лице место од веќе отворена кутија. И потоа побарај и ја поскапата варијанта, еден модел повисоко, ќе го донесе и него и таа кутија отворена... Услужливи се... Еден ќе купиш, другиот ќе остане отворен. Ова веќе го имаат направено со којзнае колку луѓе и телефони во текот на денот/неделата.

Или прашај ја таму, сакам од овој ваквиот, со сребрена рамка што е, имате таков?
И ќе ти рече чекај да видам, и безразлика што мора некаде да е наведено на кутијата и да е затворена - пак ќе ја отвори. Овие работи, редовно ги прават со муштерии, со цел успешно да продадат.

Патем што мислиш, зошто го отвара пред тебе, а не те остава сам да си го отвориш? Затоа што повеќето презапечатени кутии им се пак отпечатени, т.е. отворени веќе еднаш. И вака, да, ти си го земал нов, таа ти го отворила пред тебе.

Скрос да нема кутија или да фали дел - во мобиларите, значи не само покажуван за продажба, туку бил и користен во домашни услови и сега го купуваш на старо. Можеби е вратен некој од тие со гаранција со дефект па поправан и сега ти го стпрале тебе, може е некој поевтин што го давале на привремено по недела дена користење додека сервисираат на некого телефон под гаранција... Можеби е сочуван и продаден од корисник на старо, па сега мобиларата сака да ти го продаде како нов за некој денар повеќе... Можеби е refurbished плоча со нова маска...

Во право си сосема, ама, тоа е - многу прекупци, чепкана е робата, плус цените се надувани.

Плус тоа во синџирот на прекупувања, сметам дека прекупците рачно ја проверуваат робата чисто да проверат дали тоа што го купиле е тоа, или можеби бетон во кутуја, т.е. евтина серија.

Така што, најверојатно нема да купиш навистина неотпакуван телефон. Мислам, пробај прашај отворено, ама не знам дали нешто ќе постигнеш, приказната е почната веќе одамна, не е во тој момент кога хипотетички прашуваш... Може да најдеш повторно запечатен...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom