Ова е “добра вест„ која секако мораше да се случи. Јас би рекол, уште една драма режирана од светските тирани е завршена, а уште едно нивно “жртвено куче„ испратено во пеколот. На крајот народот треба да е среќен, но за жал приказната продолжува по старо а новото либиско куче на Америка и нејзините партнери, наскоро ќе се појави на светската сцена и демек сега во тој регион ќе завладее демократијата и луѓето ќе бидат слободни.
Според мене, денес “новите светски лидери„ , ликвидираа уште една играчка создадена од нивните претходници.
Убаво е што на оваа вест се радуваат оние луѓе кои ја мразат тиранијата без оглед од каде потекнува.
Патетично е што на ова се радуваат дури и оние на кои овој човек до пред една година им беше се освен непријател и тиранин.
Сите ние сме сведоци како овој лудак заедно со другите негови колеги ( светски лидери), пиеше чај во својот шатор, најчесто поставен во центрите на најголемите светски градови или пак на имотите на најбогатите американци, французи, англичани ( еве еден линк колку да ве потсетам
http://www.youtube.com/watch?v=C6AKMp0opEA ) ....
За жал иако светот денес е ослободен од еден лидер - лудак, тука околу нас остануваа сите оние кои во секој момент си измислуваат играчки како него со цел да владеат со светот , да ги црпат богатствата на земјите како Либија, Ирак, Египет и сл.
Интересно е тоа како овие борци за светската демократија, не го заробија овој кловн тогаш кога им доаѓаше на гости и ги правеше мајмуни додека тие му одеа на гости во шаторите. Дали овој Гадафи, тогаш не беше тиранин, дали неговиот народ тогаш не беше во опасност? Човеков беше лидер на Либија скоро 50 години, слободно се шеташе насекаде, купуваше големи светски фирми па дури поседува дел од некои светски спортски клубови, и сега од пред некое време овој човек стана крвник опасен за светот.
Ова што се случи денеска беше повеќе од јасно а самиот Гадафи знаеше дека во ниеден случај нема да дозволат тој лично да се појави пред било кој суд.
Човеков едноставно знаеше премногу работи за да може да остане жив , но јас се надевам дека оставил доволно информации некаде, информации кои еден ден ќе разоткријат многу работи. Се надевам дека Либијците сега ќе имаат можност да управуваат со своето богатство но некако се ова ми личи на познат филм кој последниве 10тина години постојано го гледаме. Сега во Либија ќе започнат внатрешни немири, ќе мора да влезат трупи на Нато за да ја смират работата и те ќе владеат со земјата се “додека не се створат услови за превземање од самите Либанци„ ( исто како во Ирак и Авганистан, Косово). Смешно е што луѓето повторно ќе паднат на истата финта а баш ме интересира кој ќе биде следниот лидер кој ќе падне во име на демократијата. Мислам дека сега ќе почнат во Африка затоа што блискиот исток го подисчистија, а северна Кореа немаат јајца да ја чепнат. Се надевам само дека нема да удрат и на нас.
Овие линкови ќе ви доловат мал дел од она што Гадафи беше за светските лидери т.е за оние кои денес пукаа во него( во нормални судови, овие кои се околу него се казнуваат за соучество во правење или поттикнување на злодела против човештвото.)
http://www.youtube.com/watch?v=9MkMuPWPXB4&feature=fvwrel
http://www.youtube.com/watch?v=KpOrd03HKAY&feature=relmfu
http://www.youtube.com/watch?v=fVX6veD7szs&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=P88FAtAhbcY