Млади надежи на македонскиот ракомет?

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
(2) Talented Vladimir Naumoski - Left/Centre Back - Highlights (2004 gen) - GRK Ohrid - YouTube
@Xsago @Chronysync Мислење?

Пролет во гости буквално сам ги тепа (инаку Пролет има 2-3 кадетски репрезентативци Димковски и Стојановски сигурно), колку и да ми се допаѓа Димковски како играч, мислам дека евидентна е разликата помеѓу него и Наумоски, со Стојановски да не го ни споредувам..
Досега ни еднаш нема добиено Наумоски повик во кадетите, а сведоци бевме летото какви играчи беа повикани..
Слично беше и кога кадети беа 2002 генерација, РК Алушовски со 15 разлика победуваше со Аеродром, а од Рк Алушовски ќе повикаа 1-2 играчи, додека од РК Аеродром по 6.

185 сантиметри е висок само?
Колку слабо стоиме со генетика... На клипов делува највисок на терен, мислев нема шанса под 190 да е.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Овие информации околу физичките карактеристики на играчите на сајтов на ЕХФ не се секогаш најточни (особено кога станува збор за помлади, понепознати играчи) али сигурно е тука некаде, сантим-два плус или минус.

Редно време е РФМ да направи еден сајт на суперлигата на кој ќе ги има сите информации од овој тип. Состави, индивидуална статистика, број на дрес, килажа и висина, како и година на раѓање на сите играчи кои се регистрирани, а не вака да нагаѓаме „од око“.

Просто не ми се верува колку солидно работат во некои аспекти, а колку воопшто не ни им текнува на други. Да не почнувам за сајтот на РФМ колку е конфузен и набутан.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
1678802832926.png

Самоил Ристевски, 5 гола против Романија вчера.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Стаменковиќ е МВП на младинскиот Ф4, Николоски нај стрелец, Панов нај голман - 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)

Вчера се играше финалето во младинска лига помеѓу Голден арт и Бутел, вкупниот број на играчи кој се земени во младинска (2004та) репрезентација од двете финални екипи е 1 (Михајловиќ пикерот од Бутел).
Детево од Голден Арт Стаменковиќ, десен бек, кој беше МВП (заслужено) е со класа подобро од Узунчев десниот на Мулти Есенс кој го форсираат во младинска репрезентација.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
995
Поени од реакции
1.506
Детево од Голден Арт Стаменковиќ, десен бек, кој беше МВП (заслужено) е со класа подобро од Узунчев десниот на Мулти Есенс кој го форсираат во младинска репрезентација.
Штета голема шо немаме таква генетика да се извади некој 190+ десен бек.
Кристијан ако не се лажам има некој 180 а е веќе младинец :(.

Левиот бек од Богданци е интересна физономија.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Штета голема шо немаме таква генетика да се извади некој 190+ десен бек.
Кристијан ако не се лажам има некој 180 а е веќе младинец :(.

Левиот бек од Богданци е интересна физономија.
Тој појќе ко за специјалист во одбрана и можеби за пикер е.
Автоматски споено мислење:

Штета голема шо немаме таква генетика да се извади некој 190+ десен бек.
Кристијан ако не се лажам има некој 180 а е веќе младинец :(.

Левиот бек од Богданци е интересна физономија.
Во 2006та има лев век висок од Голден Арт, беше избран за најдобар лев бек на кадетскиот шампионат, а во 2004та изгледа со Дамјан Митев ќе одат 191-193 е висок тој некаде.
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Знае ли некој дали и каде може да се најдат записници од натпреварите во младите категории под капата на РФМ? Еве на пример сајтов го превртев сто пати и не можам никаде да најдам од младинскиот фајнл4 на сајтот на РФМ. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom