Млади надежи на македонскиот ракомет?

Член од
17 август 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.885

Нафрлив само неколку делови од текстот кои вака од "прва" ми фатија око со цел да поттикнам луѓе да го прочитаат. Во текстот има уште еден куп добри поенти и муабети кои ги имаме веќе дискутирано тука, но и такви кои заслужуваат да ги дискутираме во иднина.
Посебно му беше добра поентата (во првиот дел) во која вели дека мора да направиме од крилата добри играчи во одбрана на позиција 2 и 5 кој ќе можи да ги одмараат бековите во дефанзива, дури и да имаме екстра квалитетни бекови во два правци особено добри во одбрана (шо нормално не е случај со нас), едноставно темпото на големите натпреварувања не дозволува да тие играат квалитетно 60 минути во два правци на првенства кај шо се играат по 5-6 утакмици во 9-10 дена..
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.048
Поени од реакции
5.133

И 3 дел за финансиите. Коректни муабети дел сме ги дискутирале.

Да не се лажеме преку ноќ утопија нема да станеме но чекор по чекор може да се менуваат и подобруваат работите. Затоа треба ваква дискусија и дебата.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.885
Македонија ќе игра против Полска и Грција, првото место води на ЕХФ Еуро во 2022 година! - 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)

Да се надеваме дека срањево со вирусов ќе се среди и навивачите ќе се вратат на трибини до август, итекако ќе им е потребна подршка на шампионатов на 2002 генерација, многу битно ќе е ако го освоиме тоа прво место.
Естонија откажале во нашава група, сега играме само против Грција и Полска (нормално после вкрстуваме со другата група), од циганиве пред 2 год загубивме убедливо на тој турнирот во Коридалос, додека со младинската репрезентација на Полска воопшто несум запознаен, но сигурно тие имаат квалитет.

Што е добро и ние не сме лоши :D
За мене 2002 генерација е убедливо најталентирана после 1996 (а можеби и поталентирана и од таа 1996), имаме доста талентирани играчи кој играат квалитетни натпревари во Суперлига - Емилијан Ѓорговски, Марко Митев, Марко Стојкович, Димовски, Савревски, Бојан Спасовски, Божидар Илиевски, па новите откритија за мене браќата Атанасијевиќ, абе јас овие цело време сум ги мислел дека Босанци се :pos: гледајќи како навистина делат од останатите "македонски " играчи во Пелистер 2, потајно се надевав дека ај можда ќе ги натурализираме, а тие Македонци да ти биле :oeoeoe:


Е сега ќе видиме како ќе се вклопат заедно, 2002 генерација од турнирот во Коридалос немаат утакмица изиграно заедно, мора да закажат пријателски или да учествуваат на некој мини-турнир да се воиграат малце пред шампионатов.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.885
Pavle Atanasijevikj - HC Eurofarm Pelister 2 - Left Back - Talented 17-Year Old - BEST MOMENTS - YouTube
Ако денот по утрото се познава, дечково за 2 до 3 години ќе е машина, со каква зрелост и леснотија игра на само 17 години човече, нема утакмица во суперлига да е испод 6-7 погодоци, сериозно последно незнам кога сме имале таква статистика од 17 годишен играч во суперлига, ни Додиќ кој шо е генерациски талент нема такви бројки и зрелост во играта(многу појќе подложен на технички грешки особено против физички посилни противници), а впрочем е и постар 1 година.

Добро е, ако ништо друго имаме деца со кој можи да се работа, до пред некоја година не беше тоа случај, сега веќе имаме поголема конкуренција за позицијата на која игра Талесен, шо значи ќе треба мнооооогу појќе да го поти гзето во спротива ќе му се расклата столчето како прва виолина на левата бековска позиција.
Спикинг оф Тале, го слушам на интервју вика за време на почетокот на пандемијата не тренирал 4 месеци (y), па нормално ќе имаш после страшен пад во форма, со очекуваш друго?
И Баерн немаа тренинзи 4 месеци, ама видиго Горецка, си застана индивидуално направи страшна трансформација на телото.
Талесен шо преше тој период, ПУБГ?
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
908
Поени од реакции
1.049
Солидно крило, сличен тип како Никола Костески, мислам дека 21-22 год е, Стојков е помлад и воглавно тој беше прва опција во КЛ7.
10 gola postignal deneska.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.885
10 gola postignal deneska.
Да ја гледав, имаше навистина добра партија, иако сепак мислам Стојков е нешто подобар а и различен профил, во иднина ништо чудно да гледаме Костески/Стојков дуо во репрезентација.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.885
Да одбележиме за викендов, Марко Митев имаше сјајна партија на гости против Радовиш каде што постигна 8 голови, во натпревар со мал број на погодоци 22-23 за гостите.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.259
Поени од реакции
2.730
Да одбележиме за викендов, Марко Митев имаше сјајна партија на гости против Радовиш каде што постигна 8 голови, во натпревар со мал број на погодоци 22-23 за гостите.
Буквално прв пат го видов да играл на утакмица на Бутел, не знам од вас што повеќе пратите наша лига дали имал некогаш ваква утакмица претходно? Речиси сам им донел победа. Реков за Атанасијевиќ уште минатата сезона, а се надевам дека и Митев ќе влезе во серија на вакви натпревари, Додиќ го креваме до небо (и стварно е веројатно најголем талент во негова генерација во Србија), а воопшто не е подобар од тоа што го покажува Павле (и се надевам Митев) во натпреварите од наша лига. Разликата е само што Атанасијевиќ има многу подобри предиспозиции од Митев, не знам колку би се снашол во сериозен ракомет во иднина Марко со таква градба. Што се однесува до ракометно IQ, не памтам да сум видел некој наш млад играч на негово ниво досега.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
908
Поени од реакции
1.049
Ако ја има желбата и жарот во игра како Миркуловски тогаш се е возможно. :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.259
Поени од реакции
2.730
Ако ја има желбата и жарот во игра како Миркуловски тогаш се е возможно. :)
Сепак е бар 5-6 сантиметри понизок и сигурно преку 10 кила послаб од Миркуловски, тоа е отприлика колку разликата меѓу Жути и Јоновски. Поблизок е до Зарабец/Скубе со физички предизпозиции, малку повисок. Сепак Словенците го играат веројатно најинтелегентниот ракомет во свет моментално, од сениорска до младинските селекции, да стигне наш играч до тоа ниво би било феноменално али во моментов тешко замисливо.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.259
Поени од реакции
2.730

А еве и сега видов дека уствари како лево крило ја изиграл цела утакмица. Паѓа многу впечатокот за неговиот настап после ваква информација.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.885

А еве и сега видов дека уствари како лево крило ја изиграл цела утакмица. Паѓа многу впечатокот за неговиот настап после ваква информација.
Постигна и 2-3 гола од позиција на среден, исто имаше и некоја асистенција а и изнудени пенали.
Инаку во Бутел просек оваа година неговата минутажа е по 10 минути на натпревар, шо е страшно разочарувачки.
Ланска сезона добиваше по некој 15-20 минути на утамица, а сепак на шампионатот беше прогласен за МВП.
Имам пишано и порано дека според мене Бутел не е добар тим за развојот на Марко, Пелистер 2 или Алкалоид веројатно се најдобра опција во овај период од неговата кариера.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
228
Поени од реакции
154
Постигна и 2-3 гола од позиција на среден, исто имаше и некоја асистенција а и изнудени пенали.
Инаку во Бутел просек оваа година неговата минутажа е по 10 минути на натпревар, шо е страшно разочарувачки.
Ланска сезона добиваше по некој 15-20 минути на утамица, а сепак на шампионатот беше прогласен за МВП.
Имам пишано и порано дека според мене Бутел не е добар тим за развојот на Марко, Пелистер 2 или Алкалоид веројатно се најдобра опција во овај период од неговата кариера.
или Голден Арт
 

Kajgana Shop

На врв Bottom