Мит или Вистина брендовите успешни на трки најквалитетни

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Подолго време ја имам оваа дилема :) Едни тврдат дека правиот доказ за квалитет на брендот е на стаза (успех во трките, мотоспортот) А други викаат дека тоа е релативно, односно дека постојат брендови кои се повеке комерцијално ориентирани и се фокусирани на моделите и нивното усовршување и парите не ги трошат на трки и мотоспорт а квалитетот им е инзвонреден и продажбата подобра.

Кое е вашето мислење, вашиот став за оваа тематика ?

Ако направам една рецензија, помеѓу успех и неуспех на трки и квалитет и ранг на повекето брендови грубо тоа би изгледало вака. (Слободно поправете ме,ако со нешто не е согласувате)

Луксузните брендови Мајбах, Ролс Ројс не учествуваат на трки категоријата, класата на возилото не е предодредена за тоа, затоа не може да се коментираат. Бентли со трки започнаа од кога се под БМВ и од кога постои моделот Континентал ГТ ама успехот не е значителен. Квалитетот исто така не би го коментирал на овие три најлуксузни брендови поради што барем хиерархиски се врв, еден од друг кој е колку подобар не ни е баш тема на разговор. Спортските луксузни брендови; Ферари е историја во трките со оглед дека брендот е создаден за трки, еден од најстарите брендови во трките и низ целото негово постоење врв на најпрестижните натпреварувања Ф1 натпреварите како врв на пирамидата е еден доказ за тоа, Ламборџини уште од создавањето а и целата на историја наваму до денес јасно е дека има чисто комерцијална намена и определба, на трки учествуваат во последниве десетина години најрано ми се чини во ГТ 1 натпреварите, Порше во почетокот на неговата историја најсличен е на Ферари можеби и со уште поголема популарност стартувал поради што со поскромни мотори, интересен новитет (турбо) и помала класа спортски автомобили на некој трки ги победувале овие престижните и веке докажани во трките, но подоцна па и до ден денес се е на стара слава Порше повеке ги форсира другите брендови од групацијата ама без некој значајни резултати, ВЕЦ и ГТ1, ГТ2 и ГТ3 се категории каде имаа најголема слава а интересно е да се спомне дека за нивниот легендарен модел 911 постои специјален куп (Моделите на 911 крстени со ГТ се затоа што првенствено биле наменети за овие шампионати). Масерати, Астон Мартин, Јагуар, Лотус според многумина рамо до рамо во квалитетот со претходниве споменати а доста многу лити на трките, Мекларен е сосема друга приказна самиот творец на брендот бил Ф1 тркач во херојските времиња на шампионатот самиот бренд е многу млад учествуваат со големи успеси на трки дел од Ф1 се повеке години, одамна направија најбрз автомобил на светот а ден денес П1 моделот е помеѓу најголемите во таа категорија. Бугати, Пагани, Коенигсег иако се трите најбрзи и најпрестижни суперспортски исто така се речиси никогаш не биле дел од трките а на некој начин тоа е доказ, потврда особено кога се работи за квалитет на спортски автомобили, Коенигсег има слична историја како Мекларен.
Малку пониските брендови од овие Премиум брендовите. Мерцедес е легенда и достоен на славата по многумина најсовршен во балансот на успех на трки и квалитет, На Ф1 се многу пати шампиони и низ целата историја во врвот, на помалите натпреварувања ГТ1, ВЕЦ исто така со врвни резултати интересно да се спомне дека од самиот настанок на брендот учествува на трки постојано и активно во сите категории на трки и класи на коли. БМВ е со многу кратка историја во Ф1 и општо во последниве петнаесетина години речиси и потполно неприсутни на стазите а во 70,80 и дел од 90-ти имаат значајни резултати особено во категориите со помали класи на коли. Ауди во годиниве од кога Порше е тргнат од позиција нешто процвета повеке од Фолксваген поради што е премиум бренд и повеке се очекува од него. На ГТ1, ВЕЦ и Ле Манш покажаа неколку победи, во 80-тите со легендарното Кватро слично како и Ланчиа со Делта успеси за труд и почит ама далеку од нешто посериозно.
Од понискиве брендови овие под премиум класата. Фолксваген е со најголема пропаганда од нив и се смета за врв, од самиот старт на брендот нема историја во трките, најголем успех е што постои специјализиран Буба куп, добро позната реклама на Фолксваген и Порше, низ годините наназад на Дакар покажаа неколку победи и од тогаш им почна, им тргна историјата во трките, одкога опадна квалитетот на ВРЦ почнаа да се натпреваруваат и станаа дури и шампиони. Рено се дефинитивно најдобар под премиум бренд во трките, дали и во квалитетот кај просечните модели тешко е да се каже, повеке Ф1 Титули успех со кој ретко кој бренд може да се пофали, доста успеси и во трките со помали класи на коли. Цитроен и Пежо ги пишувам заедно зошто е една групација, во 80 и рани 90-ти имаат опасни успеси особено во рели трките па и во најпрестижното Дакар рели, од тогаш наваму Цитроен на ВРЦ се покажа со многу титули до пред десетина години, на Дакар годинава имаа сo Пежо освежување после повеке години иначе и овде фокусот е повеке на комерцијалност, Нисан е со одлична историја во комерцијалноста а посебно во спортските серии и сув возилата на трките успех покажуваат во последниве 5, 6 години во ГТ2 и ГТ3 шампионатите. Хонда е јапонски бренд со најмногу успех во трките а можда и веднаш зад Рено хиерархиски во овие под премиум класи на коли. Заеднички тим со Мекларен во Ф1 повеке години, низ 90-тите многу успеси во помалите класи на трки со коли а денес најуспешни во ВТЦЦ натпреварите, Митсубиши и Субару иако млади брендови во споредба со останатите јапонски инзвонредни на рели трките и многубројни шампиони во ВРЦ особено Субару, по паѓањето на квалитетот на ВРЦ се потполно комерцијални, Тојота во раните 90-ти со понекое учество на рели трки, на НАСКАР (славата им ја должат на американците) натрпеварите учество и понешто успеси во последниве десетина години можеби и повеке иначе тотален комерцијализам, Мазда и Сузики со минимални учества на трки и речиси никакви успеси, Ланчиа во осумдесетите и раните девеесети со легендарни успеси во рели трките сега гасне брендот се повеке и повеке и во комерцијална смисла а во однос на трките одамна завршена историја, Шкода и Сеат благодарение на ФВ групацијата во последниве десетина години почнаа да се појавуваат Шкода во рели дури и ВРЦ а Сеат е се посилен во ВТЦЦ и ВТЦЦ исто како ВРЦ како шампионати со квалитетот отидоа на срамно ниво, Алфа Ромео порано легендарни на стазите во помалите класи на трки во последниве петнаесетина и повеке години се до денес речиси и исчезнати од конкуренцијата.
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Интересен текст ама многу тежок за читање. Во иднина ставај појќе параграфи со 1 ред празен меѓу нив.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.368
Поени од реакции
38.344
не е исто тркачка машина и обична кола, нема буквално ништо исто освен школката. Red Bull не е производител ни на автомобили ни на мотори но сепак има неколку шампионски титули во ф1. Камаз има тони титули на Дакар но никој надвор од Русија не ги користи итн итн.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Извинете другари, згрешив што текстот го направив огромен всушност и подобро ке беше да го нема ич, вака делува како поентата на темата да е само мојот став само јас да си искажам што знам а не дружење и дискусии меѓу сите нас и учење еден од друг. Ке замолам некој од модераторите да го среди почетното мислење, Поздрав. :)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Дефинитивно друштво вистински познавач веднаш знае да препознае квалитет на брендот и конкретно на моделот, познавач е повеке од љубител. Ми се чини екипа дека во оф роуд конкуренцијата нема лага и јасно е кој бренд го бидува а кој не, додека кај обичните и спортските коли има повеке простор за маниулација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom