Мистеријата на бројот Х

Член од
3 јуни 2010
Мислења
46
Поени од реакции
6
15.02.1992 = 1+5 + 2 + 1+9+9+2 = 6+2+21 = 8+21 = 29 = 2+9 = 11
Вака се рачуна ?
Иначе се надевам сте слушнале за феноменот 11:11 јас на пример многу често го гледам саатот 11:11
моето уметничко име MATT C VANNOX е составено од 11 букви еве датата ми е 11 и има ред др работи кои се поврзуваат со бројот 11..
Ќе ве замолам да напишете нешто повеќе за 11 и 22
Фала однапред
 
С

сашенко

Гостин
15.02.1992 = 1+5 + 2 + 1+9+9+2 = 6+2+21 = 8+21 = 29 = 2+9 = 11
Вака се рачуна ?
Иначе се надевам сте слушнале за феноменот 11:11 јас на пример многу често го гледам саатот 11:11
моето уметничко име MATT C VANNOX е составено од 11 букви еве датата ми е 11 и има ред др работи кои се поврзуваат со бројот 11..
Ќе ве замолам да напишете нешто повеќе за 11 и 22
Фала однапред
Да 11че си.Исто и јас сум 11ка.Има интересни и доста точни работи за тоа на интернет ако побараш ама на Англиски.На Македонски нема многу преводи а и тоа што е преведено и што го имам постирано овде не е баш најточно.Посебно за 11 и 22 нема ништо на Македонски.Нумерологијата преку ова пресметување го отркива твојот животен пат.Има многу други пресметки ама немам пресметувано одамна и јас сум аматер во ова (го почнав онака од досада што немав што да правам па ај за нумерлогоија ке читам нешо) и ке си почепкам по мејловите и ке ти дадам и други работи да си пресметаш.Доста е интересно, и точно до некаде.
 
V

Vollstandig

Гостин
Нумерологијата е веќе виша математика, доколку се поврзи со астрологијата, која е поврзана со физиката која е поврзана со математиката и така во круг.

Еве ви интересен податок:

Било кој број, помножен со 9, кога ќе се собере дава 9.
Пример: 9 х 55 = 495 = 4+ 9 + 5 = 18 1+ 8 = 9.

Според "Тајниот свет на математиката" - ниеден број не ужива толку почитување како бројот 7.
За Питагора и неговите следбеници тој е "невин" број. Единствен број помал од 10 кој не е ниту фактор, ниту производ на други броеви.
Старите Грци знаеле за 7 планети: Венера, Марс, Сонце, Јупитер, Сатурн,
Меркур, Месечина (сметале дека Сонцето и Месечината се планети).
Исто така знаеле за 7 светски чуда: Зевсовата статуа во Олимпија, Колос
од Родос, храмот на Артемида во Ефес, мавзолејот на Халикарнас,
светилникот на Фарос, пирамидите во Египет, висечките градини на
Вавилон.

Античките градови Вавилон, Рим и Ерусалим се подигнати на 7 рида.
Еврејските храмови содржат свеќници со 7 крака, што претставуваат симбол
на "вечна светлина која од сонцето ја одразуваат 7 планети". Храмовите
исто така содржеле по 7 олтари.
Пановата флејта има 7 дупчиња, а Аполоновата лира имала 7 жици.
Според верувањето на старите Египтјани, душата на покојникот минува преку 7 одморишта.

Народот верува дека 7 години ќе го снајде несреќа оној што ќе скрши огледало.
Седмицата има 7 дена.
Англичаните веруваат дека 7-то дете е предодредено да прави чуда.
Спектарот се состои точно од 7 бои. Ако се измешаат сите заедно, се добива светлината.
Од памтивек човекот го мери времето според месечевите мени, а секоја трае околу 7 дена.
Човекот на своето лице има 7 отвори (2 уши, 2 очи, 2 ноздри и уста).

Детето во 7-от месец добива заби, а во 7-та година ги менува....

Буда посочува дека до Нирвана се доаѓа низ 7 степени, а Вавилонците
граделе пирамиди со 7 скалила, што ги симболизирале одделните предели на
небото.
Исламот располага со 7 називи за божјото знаење, а Куранот говори за 7 ката на пеколот.
На секои 7 години човечкото суштество целосно се менува и обновува.
Кај
многу болести критични денови се 7-от, 14-от и 21-от.
На секои 7 дена
човечкиот пулс е побавен.
Годините 7, 14, 21 и 35 за човечкиот живот се
најзначајни за развојот на духот и телото. Инаку, и годината на
климаксот, особено 49-тата (7 х 7) е исто така поврзана со бројот 7.
Периодот на гравидитетот е 280= 7 х 21 дена.
Глушецот донесува на свет мали глувчиња по 21= 7 х 3 дена. Слично:
стаорецот по 28= 7х 4 дена; мачката по 56= 7 х 8 дена; кучката по 63= 9 х
7 дена; лавицата по 98= 7 х 14 дена; овцата за 147= 7 х 21; шатката за
28= 7 х 4 итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom