Таткото на нумерологијата, познатиот грчки филозоф и математичар Питагора говорел дека целиот космос е изграден на броеви и дека судбината и карактерот на секој од нас зависат од нумеричките закони.
Бројот на вашата животна патека или нумеролошкиот број се добива кога ќе се соберат цифрите од кои се состои датумот на раѓање, а потоа се собираат цифрите на добиениот број се додека не се добие едноцифрен број. Ова не важи само за броевите 11 и 22 кои имаат посебно значење.
Значи ако сте родени на пример 25 август 1921 ги собирате сите броеви. од 25-2+5 од месецот 8 само осум останува а за месеците со двоцифрен број остануваат како што се и не се пресметуваат како денот на пример ако е22 2+2=4.Месецот останува кој и да е.И годината сите 4 броја се собираат.Значи за оваа дата ке биде 2+5 +8+1+9+2+1 =28=2+8=10=1+0=1 се додека се дојде до еден конечен број.Ако излезе на крај 11 или 22 остануваат така зашто се посебни броеви пак повторувам.Има и погоре за тоа
Кој е Вашиот нумеролошки број и кое е неговото значење?
Број 1
Животниот стил на овие луѓе се вика индивидуалист.
Бројот 1 е симболот на божественоста, сесветското средиште,
светската мајка и сонце.
Се смета за машки број од традицијата дека мажот настанал прв.
Тие кои се под влијание на овој број се препознатливи по силната
свест за планирање цели, намерна осаменост, самодоверба,
силна способност за успеси, способност за концентрирање,
снаодливост и јачина (сила).
Овие особи претежно стануваат лидери и ја поздравуваат одговорноста.
Добри се према послабите и внимаваат на околината, но никогаш
нема да бидат среќни ако се на пониска позиција.
Имаат исто и високи амбиции и имаат тенденција да ја потценат
работата што ја вршат другите.
Тврдоглави се, дрски и самоуверени. Тие презираат добри совети,
се независно вообразени, имаат ограничени интереси, тесногледи се
и нестрпливи.Но, под грубата површина сепак се крие личност со многу префинет дух.
Број 2
Кај луѓето кај кои животот е обележан со двојка преовладува
соработката и посебен вид на смиреност, а понекогаш и пасивността.
Бројот 2 со своите две страни претставува спротивност или
разлика, правда и еднаквост, баланс, хармонија и братство.
Овој број е традиционално поврзан со жената.
Тие кои се под влијание на овој број се препознатливи по
вниманието ( грижливоста ) спрема околината, смиреноста,
за правдата,против угнетувањето и сите форми на себичност.
Ги избегаваат споровите или некоја друга форма на несогласувања.
Лесно стекнуваат пријателства заради доброто разбирање и сочувство
спрема околината.
Нивната одвратност за раздори и препирки може да доведе да се
повлечат од секаква одговорност. Нив им треба јачината (силата)
од бројот ЕДЕН.
Број 3
Овој број многумина го сметаат за среќен и свет број.
Бројот 3 во Античкото време се сметал за совршениот број.
Машки број е и е поврзан со тројното единство.
Бројот три се поврзува и за сфаќањата на минатото, сегашноста и
иднината, а исто така и со висината, должината и ширината.
Бројот три се претставува со триаголник.
Тие кои се под влијание на овој број покажуваат цврстина,
слобода, добра способност за организирање, иноваторство,
убедлив шарм и надареност за бизнис.
Овие особи се зборлести, весели и лесно се прилагодуваат на
ситуации со луѓе.
Тие чувствуваат животна радост и ентузијазам. Секогаш покажуваат
оптимизам и проблемите кај нив немаат долгорочно влијание. Нивната
самобендисаност повредува многу луѓе, а нивната нестрпливост и
недостатокот на планирани цели може да биде и нивна пропаст.
Имаат потреба за развивање на скромност, издржливост и
способност за постигнување на успеси.
Број 4
Патот на овие луѓе обележан е со бавно, но сигурно напредување, а главни особини на нивниот карактер се доследност, упорност, конвенционалност и поштување на традицијата.
Бројот 4 го претставува оганот, воздухот, земјата и водата, четирите
светски страни и четирите годишни времиња. Се верувало дека
зад овој број стои вистината.
Питагора верувал во божественоста на бројот затоа што името на
богот Зевс содржело четири букви.
Бројот четири се симболизира со квадратот и претставува цврстина и
реализам. Особите кои го карактеризираат овој број се бавност, лојалност
стабилност, фокусираност, искреност, послушност и конзервативност.
Имаат способност да извршуваат напорни и незгодни задачи, ја
извршуваат својата должност, имаат силна волја и секогаш
настојуваат да го најдат доброто кај сите. Тие ретко осудуваат и
многу ретко се нестрпливи. Здравиот разум е посебна одлика кај нив.
Имаат исто така тенденција да заглавувааат во стари навики,
каде што недостатокот на мотивацијата и иницијативи ги спречува
за да направат нешто што би било забележително.
Потребна им е храброст, енергијата и способност за донесувањето
на одлуки, особини кои ги поседува бројот ТРИ.
--- надополнето ---
Број 5
Животната патека на петката е полна со богати, но понекогаш
и неочекувани случувања.
Бројот 5 во Античко време симболизирал здравје и плодност.
Бројот бил општо поврзан за свадби и размножување.
Пет свеќи се палеле на свадбената церемонија во Антички Рим.
Оние кои се под влијание на овој број покажуваат цврстина,
сестраност, храброст и физичка јачина.
Препознатливи се по романтичната топлина, пријателството и
способноста да најдат радост во многу работи.
Имаат висок степен на свесност за чувствата на околината.
Брзо ја откриваат специфичноста кај некоја особа или ситуација и
брзо се прилагодуваат на истата.
Сакаат да патуваат и да го испитуваат непознатото и подобри се
пријатели одколку љубовници. Можат да бидат неодговорни,
да покажат недостаток на концентрација и дејствуваат
импулсивно. Потребно им е стабилното влијание од бројот два
за да бидат поефикасни.
Број 6
На овие луѓе важна им е рамнотежата и често пати во животот се
наоѓаат во ситуација да мораат да бираат помеѓу две или повеќе варијанти.
Бројот 6 е претставен со една фигура со шест страни.
Евреите верувале дека бројот шест е свет број затоа што според нив
светот е создаден за шест дена.
Овој број е еден од најсреќните зошто претставувал хармонија и целовитост.
Тие кои се под влијание на овој број покажуваат идеализам, хармонија,
строга искреност, љубезност и грижливост за болните луѓе.
Стрпливи се и никогаш не мислат само на себе. Не ги ценат парите
заради парите, туку заради користење на истите како средство за
помагање на другите. Верни се, му пружаат голема љубов на својот
партнер, добри се родители и се грижат и издржуваат семејството.
Да се прави кариера тоа ништо за нив не значи. Тие би били задоволни
ако го работат она што најмногу го сакаат.
Имаат многу малку негативни страни и можат да бидат премногу
добри и често не се борат за своите права.
Број 7
Седмицата е духовно богата, независна е и оригинална.
Бројот 7 е најмистичниот и најинтересниот број во едноцифрените
броеви. Питагора верувал дека е свет број поради што е најголемиот
едноцифрен број кој е целосен во себе и не се дели со друг освен со
бројот еден.
Бројот седум ги претставува мудроста, балансот, целокупноста,
развојот и издржливоста.
Тие кои се под влијание на овој број покажуваат дисциплина, храброст
и цврстина. Го обожаваат приватниот живот, имаат интуиција и
голема ментална сила. Покрај се, најмногу ја ценат науката и не
сакаат да се мешаат со други луѓе.
Обичните задоволства не се за нив. Тие трошат многу време за да се
снабдат со знаење без да знаат што ќе прават со знаењето.
Треба да ги всадуваат своите контакти со луѓето и да научат што
стварно значи пријателство, за да не би останале без пријатели
покасно во животот. Мора исто така да планираат и да ги насочат своите
студии во практична корист за да на тој начин достигнат материјална
победа и успех во животот.
Број 8
Патеката на овие луѓе е обележана со јасно и силно дејствување
Бројот 8 бил многу ценет во Египет.
Традицијата останала од тоа дека осум души биле спасени од бродот
на Дедо Ное.
Тие кои се под влијание на бројот осум се многу практични, имаат
добра организациска способност и имаат чувство за бизниси.
Лесно доаѓаат до брзи одлуки, авторитетни се и имаат голема
стрпливост. Ги имаат истите придобивки како и бројот Четири, но
Осмиците сепак имаат подобра способност за одлуки. Немаат време
за мистика, но можат да бидат длабоко религиозни и сепак да стојат
со двете нозе на земјата. Паметни се и можат да бидат аналитички и
остроумни во нивното оценување на другите луѓе. Не се од типот кој
одеднаш се вљубуваат, но можат да бидат верни и приврзани долго
време во животот и тоа само по себе дава сигурност.
Треба да се научат да имаат поголема доверба и да бидат помалку
доминантни према своите блиски за да успеат во нивните релации
(врски) со околината. Бројот Пет може да и помогне на Осмицата
да ја раскини врската со околината и неговата неиздржливост.
Осмицата може да помогне во сите бизнис прашања и во секакви
административни и организациски способности што се бараат.
Број 9
Деветката е уште еден во низата на свети броеви и тој секогаш ветува.
Бројот 9 се сметал во Антиката како симбол за совршенство,
хармонија и бесконечност.
Ова доаѓа од специјалните математички особини кои ги поседува бројот.
Се вика хармоничен затоа што временскиот период од оплодувањето
до раѓањето пресметано во месеци е Девет.
Римјаните сметале дека овој број е специфичен. Имало пазари секој
деветти ден и се молеле на девет богови.
Тие кои се под влијание на овој број покажуваат совршенство,
тактичност, разбирање, интерес за логика, филозофија и уметност.
Тие знаат како да го користат своето знаење и се снабдени со
извонреден интелект. Добри се и имаат волја да им помогнат на
другите да успеат во животот.
Лесно добиваат пријатели заради нивното разбирање за околината.
Ова е број кој покажува генијалност исто како и бројот Еден.
Сакаат да сонуваат и можеби навлегуваат во повеќе подрачја
истовремено, кое може да доведе да не успеат во ниту едно подрачје.
Мора да ја развијат дисциплината за работа и концентрацијата, а
исто така треба да научат како да ги искористат нивните вродени
--- надополнето ---