Мистериозно исчезнување на хрватски државјанин во Белград

Член од
19 август 2010
Мислења
2.782
Поени од реакции
5.414
Не знам дали воопшто е отворена темава, не можев да ја најдам. Ако ја има слободно избришете. Вест која веќе 13 ден ја бранува јавноста во регионот. Многу претпоставки, нагаѓања, теории, а Матеј никаде го нема.
Веќе тринаесетти ден се одвива потрага по исчезнатиот хрватски држављанин во Белград. Сплиќанецот Матеј Периш заедно со своето друштво на 30.декември пристигнува во Белград каде е планиранио да ги поминат новогодните празници. На 30.декември се сместуваат во апартман, па потоа заминуваат на ручек во еден од белградските ресторани. Изборот за вечерната журка паѓа на клубот Готик кој најверојатно ќе се покаже како кобен за 27. годишниот Матеј. Тој со неговото друштво се забавувал во клубот, но нагло изглегол од него и тука почнува мистерозната драма. Цели осум минути сплиќанецот трча низ Белград ( трчање како џогирање, а не како да бега од некого), во моментот на трчањето има само една интеракција со такси возило од кое бара превоз но е обиен зошто возилото е полно со патници, за крајот да стигне до одреден ресторан на Савскиот кеј каде се прекачува преку една шипка и тоа е последната камера која го има забележано. Интересно е дека до тамо и неговиот мобилен има сигнал, од тогаш се губи сигналот на неговиот мобилен.Интересно е што неговото друштво тек следниот ден во 18:00 часот го пријавува исчезнувањето на Матеј во полиција.

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
55.568
Го следам случајов и по се изгледа, исходот (а и причината) ќе биде оној очекуваниот од самиот старт.
Се собрале богаташки синчиња, се начукале, се издрогирале, се направиле салата.
Којзнае што му се завртело во глава, (плус имал депре период, бидејќи него другар му починал пред очи неколку месеци претходно), се растрчал по улица, скокнал во Сава и то је то.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
15.325
Поени од реакции
21.329
чудно е малце како рипнал да се удави у сава, а тичето било ватерполист, знаел да плива е муабетот. И колку ида сакал да се удави скокајќи во сава, сепак инстинктот работи.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
4.515
Поени од реакции
11.283
Ме чуди како досега уште го немаат пронајдено телото во реката, сите ресурси на пребарувањето во водите се насочени и сепак ништо. Изгледа силни се струите и го имаат со киломентри некаде одвлечкано, па се чека намалување на нивото на водата да се исфрли телото. Колку и да оставаш простор за други опции, реално очигледно делува дека е сценариото што го пиша Saber Rider, има видео каде што влага во вода, нема видео каде што искача, нема видео каде што е загрозен или пресретнат од група на луѓе. И таксистот што го видел изјавил дека делувал како да е под дејство на супстанци, се укажува на такво сценарио.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
27.442
Поени од реакции
32.614
Исто и ја го пратам и кај србиве и кај хрвативе, чат пат и кај нас зашто пренесуваат исти работи, или бил издрогиран и забегал, или психички нешто му светнало во глава и имал некаков проблем, ова се две логични објаснувања зашто отишол да плива у Сава, има видеа кои тоа го потврдуваат.
Претпоставувам се удавил таму а телото богзнае каде го однела водата. Другарите негови не знам дали ги тестирале за дрога у крв, така бар ќе се знаело тоа и или ќе се отфрлело како опција или ќе се потврдило.

Жал ми е многу за татко му, низ хаоси поминува периодов, прескршено делува што е и нормално.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
2.782
Поени од реакции
5.414
Го следам случајов и по се изгледа, исходот (а и причината) ќе биде оној очекуваниот од самиот старт.
Се собрале богаташки синчиња, се начукале, се издрогирале, се направиле салата.
Којзнае што му се завртело во глава, (плус имал депре период, бидејќи него другар му починал пред очи неколку месеци претходно), се растрчал по улица, скокнал во Сава и то је то.
Да.. вероватно. Само некако како што спомнуваат и некои стручњаци трчањето му е сосема ок за некој кој бил толку издрогран и начукан. И стварно на снимките се глеа како си џогира лагано, без ни на момент онака за зашантра на страна, или да удри во некого. Плус, зашто барал такси, некако наведува како да сакал да стигне до одредена дестинација. Дали сакал да се врати во станот кај што биле сместени или кој знае што му било во глава. Затоа викам, многу нагаѓања има, чак има претпоставки дека се препирал со Гробари кои биле обезбедување на локалот ( блиски до кољачот Веља Невоља), па нели они имаа некои дилиови Торцида каде и овој бил член. Тоа се само некои претпоставки за кои лично некако чудно ми е да поверувам дека тоа била причата. Ако било така сигурно на некоја снимка каде што трча би се свртил да погледа дали некој го брка, или па трчањето би било многу побрзо она коа бегаш од некој. Не знам, од друга страна ме чуди како толкави гњурачки екипи не успеаа да го најдат во рекава. Тоа ми е некако чудно, има експерти кои знаат како тече реката, во кој правец би можел да иде, знам дека темелно се чешлаше и пак ништо. Ќе видиме. Би било стварно убаво да е жив, ама шансите за тоа ( по мене) се минимални чак и никакви.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
5.138
Поени од реакции
14.132
чудно е малце како рипнал да се удави у сава, а тичето било ватерполист, знаел да плива е муабетот. И колку ида сакал да се удави скокајќи во сава, сепак инстинктот работи.
Затоа што теоријата не е дека се удавил од што не знае да плива.
Напрај се ти дамла со дрога и алкохол, трчај километри и рипни во река од минус 10 па сакаш биди и Мајкл Фелпс има да те стрефи срце.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
55.568
Да.. вероватно. Само некако како што спомнуваат и некои стручњаци трчањето му е сосема ок за некој кој бил толку издрогран и начукан. И стварно на снимките се глеа како си џогира лагано, без ни на момент онака за зашантра на страна, или да удри во некого. Плус, зашто барал такси, некако наведува како да сакал да стигне до одредена дестинација. Дали сакал да се врати во станот кај што биле сместени или кој знае што му било во глава. Затоа викам, многу нагаѓања има, чак има претпоставки дека се препирал со Гробари кои биле обезбедување на локалот ( блиски до кољачот Веља Невоља), па нели они имаа некои дилиови Торцида каде и овој бил член. Тоа се само некои претпоставки за кои лично некако чудно ми е да поверувам дека тоа била причата. Ако било така сигурно на некоја снимка каде што трча би се свртил да погледа дали некој го брка, или па трчањето би било многу побрзо она коа бегаш од некој. Не знам, од друга страна ме чуди како толкави гњурачки екипи не успеаа да го најдат во рекава. Тоа ми е некако чудно, има експерти кои знаат како тече реката, во кој правец би можел да иде, знам дека темелно се чешлаше и пак ништо. Ќе видиме. Би било стварно убаво да е жив, ама шансите за тоа ( по мене) се минимални чак и никакви.
Не е вистина тоа со обезберувањето од Гробари, општо немало никаков инцидент.
Инаку, имаше инфо дека испиле 4 шишиња виски.
Не знам колку луѓе биле, ама 4 шишиња виски во комбинација со било каква дрога, има на месечината да те однесат, не па да знаеш што правиш.
Често оделе во тоалет, а во такви елитни клубови се знае зошто "често се оди во вц". Којзнае колку "казанчиња" удриле.

Да бил он свесен за нешто, немало на -5 степени да трча 10 минути без маица. Дали сакал да отиде некаде или не, никој не би знаел што му се завртело во глава. Ама факт е дека никој не го бркал.
Може случајно паднал во реката, може умирал од жештина, подвлегол да се разлади (од иста причина може излегол без јакна).

Знам за случај каде што пијана (и дрогирана) особа падна од зграда и умре, гледал низ прозор и чао пријатно. Се поднавалувал, немаш осет во тие моменти ни за висина, ни ништо.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
3.075
Поени од реакции
7.600
чудно е малце како рипнал да се удави у сава, а тичето било ватерполист, знаел да плива е муабетот. И колку ида сакал да се удави скокајќи во сава, сепак инстинктот работи.
Река е ова во зимски период и минусни температури, да бил сосема трезен пак има шанси да се направи глупост да не се извлече а не пак под дејство на дрога и алкохол како во случајов. Тоа со гробари некој го бркал е жута штампа, бидејки фатен е на повеќе камери каде сам трча.
 

Стев

Fallen
Член од
19 декември 2019
Мислења
2.901
Поени од реакции
2.678
Некои од вас ме дупчевте оти отворив тема за џокович....а вие пишувате за овие глупости. Искрено кажано мислам дека 2-3 исчезнати лица има на месечна база во државава, а никој не му трепнува око. Ама хрват исчезнал во белград и сите се збрлавувате. Сакате да знаете што се десило? Духот на аркан се вратил од мртвите, го опседнал донот на земунскиот клан, и пратил 10-15 души да го избодат хрватот. Потоа телото е фрлено на фарма за свињи, ишишано и зубите извадени..
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
450
Поени од реакции
429
Изгледав и јас неколку видеа од разговори на експерти. Еден детектив можеби даде најпрецизен одговор во врска со тоа што се случило ако влегол во реката. 10 пати побргу оди размена на топлина вода-тело отколку воздух-тело затоа и најверојатно после 4 минути во вода тој доживеал срцев напад и се удавил. Се додека не почне да се распаѓа црниот дроб и да почне да се дуе телото као балон за да исплива на површината тешко да го најдат во брзите и матни води на Сава или Дунав. Тој процес поради ладната вода може да трае и до неколку месеци. Секако ќе остане неразјаснето што придонело да трча по белградските улици па и да биде еден час во напуштената „шпанска куќа„(рушевина која пред 100 години била шпанска амбасада)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
7.221
Поени од реакции
12.132
Некои од вас ме дупчевте оти отворив тема за џокович....а вие пишувате за овие глупости. Искрено кажано мислам дека 2-3 исчезнати лица има на месечна база во државава, а никој не му трепнува око. Ама хрват исчезнал во белград и сите се збрлавувате. Сакате да знаете што се десило? Духот на аркан се вратил од мртвите, го опседнал донот на земунскиот клан, и пратил 10-15 души да го избодат хрватот. Потоа телото е фрлено на фарма за свињи, ишишано и зубите извадени..
retko glupo mislenje
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
12.711
Поени од реакции
6.481
Некои од вас ме дупчевте оти отворив тема за џокович....а вие пишувате за овие глупости. Искрено кажано мислам дека 2-3 исчезнати лица има на месечна база во државава, а никој не му трепнува око. Ама хрват исчезнал во белград и сите се збрлавувате. Сакате да знаете што се десило? Духот на аркан се вратил од мртвите, го опседнал донот на земунскиот клан, и пратил 10-15 души да го избодат хрватот. Потоа телото е фрлено на фарма за свињи, ишишано и зубите извадени..
Sakaat detektivi da bidat;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom