Мини рецензија: Wii Sports Resort [Wii]

  • Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
Нинтендо повторно напаѓа на пазарот со својот софтвер и хардвер. Мислам дека го видовме најдоброто од Wii конзолата. Го испробавме и Wii Motion Plus сензорот во Grand Slam и Tiger Woods... А тогаш, стигна Sports Resort со своите 12. интересни и забавни спортски игри со која игра добиваме и Wii Motion Plus и силиконска навлака за Remote.


Веќе при првото вклучување на играта, во мечување ја видовме силата на новиот додаток и софтверот кој е посебно калибриран за него. Мечот реагира секундарно и нема никаков застој во комуникацијата и сите потези супериорно се пренесуват во играта.
После тоа во очи боди и пинг понг-от кој веќе го сретнавме многу пати, но никогаш во ваков стил, во кој додатокот доаѓа до израз. Движењето на рекетот, сечењето на топката, забивање...


Фрлањето на фризби исто може да забавно и кога вашиот верен пес го фаќа, а имате и да фрлате на терен за голф. Згодно, Tiger Woods со фризби.
Освен горе наведените игри тука се и возењето на велосипед, летање со авион, куглање, голф, кошарка, возење со скутер и со даска по вода, а тука се и стрелаштвото и фрлањето на кугла.
Повеќето од овие игри имаат можност за Multiplayer и сите се доста забавни, и повторно го имаме вообичаениот проблем кај Wii конзолите - нема лоши игри. Единствен недостаток е тоа што ќе мора да купите уште еден сензор доколку сакате да играта двајца.


[+] Пофалби

  • Голем избор на игри
  • Гејмплеј
  • Супер графика и звук

[-] Минус

  • Брзо станувате зависни
Автор: Voegele - Wii Addict
 

Kajgana Shop

На врв Bottom