Минимализам

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Минимализам е уствари за луѓе кои виделе и имале се во животот.
Ќе им скурчи се, па ќе држат говори како работите веќе не го правеле среќни.
Тој ќе ти каже дека е минималиста, ама за него тоа значи да живее во стан од 50 м2. Ние четворица живеевме во 47. Сум видел и полошо во МКД.

Едино јапонците како народ сметам дека им е во култура да се минималисти.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
19.178
Ја не практикувам,ја практикују
:D
Ја сам минималист у исхрану,кд ти е најслатко престани. Па не смо анимал да едемо сфе док има,значи минимал.
А и по дома сс стфари, нејќу да ми е пренатрупано,минимал.
И ја слушам некад минимал техно
Обожаам женски у мини.
Минимаус > Микимаус
Али мрзу министри.

Мегаломаниа е спротивно од минимал? Хитлер бија мегаломан.
Али на времето од Спејс Манки имаше мноо јака трака,мегаломаниа се викаше.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Има нешто зен во целава оваа работа...самиот есенцијален пристап на работите можеби највеќе.
Го сакам минимализмот многу кога станува збор за ентериер.....не само да живеам во такви објекти. Многу повеќе сакам да работам на дизајнирање и изработка на истиот.....претерана желба имам за тоа. Штета што веќе не го работам тоа а имам милиони идеи. Овде кај нас нема кај да се пласира такво нешто....кај нас тоа е многу далеку.
Што да кажам за архитектура.....страшно ме фасцинира. Колку пати сум замислувал место на живеење куќа во овој стил на некое брдо. :)
Може минимализам асоцира на сиромашно, ама не е воопшто така барем кај архитектурата :) Кошта многу целата идеја...не дека не би можело да се импровизира, ама јас го замислувам највеќе како комбинација од масивен бетон и стакло.
Музика....minimal house ми е доста близок, ама тежок и напорен станува ако го претеруваш . Практикувам слушање ...најчесто летно време покрај базен ми е најпривлечен во комбинација со tech house...кој е уствари доста близок со minimal.
Цела филозофија на живеење е ова, не сум посветил многу време да размислувам на оваа тема, ама на прв поглед иако во математичка смисла е малкубројно во смисла на практична примена не е воопшто едноставно.
Може некоја утка правам во дефинирање на работите, колку толку сум имал барем предмет историја на уметноста ....како и да е. Ова е некое мое гледање на работите, чисто од самото гледање на работите.
Во секојдневниот начин на живот можам да кажам дека сум минималист, ама сакам тоа што го имам иако е малку количински да вреди многу......сложена е целава оваа работа хахахаха
 
Последно уредено:

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
745
Поени од реакции
1.026
минимализам гледам многу погрешно го сваќаат и мислат дека уствари нема никаква врска со минимал техно или друг музички правец што има минимал во називот може да се однесува на дизајн у уметност архитеткута web os и др пр windows 10 сакаат да маваат на минимализам у ui-то и до негде добро им иде ама каде бе со сторот и апликации на десктоп пази на 2 места имаш settings 1 control panel и windows settings ако си по advanced како мене и system registry за багови неоптимизации да не почнувам мислам нема да собере све у 1 пост updates некако минимал да ги направат или нека ги нема со секој update некој проблем тоа тие што користат за работа pc знаат сега повекето нови генерации незнаат да запалат pc само на телефон кога сме тука и за андроид да кажеме и да сакаш тешко минимал се палат поголем дел од лугето на неминимал ui со непотребни фичери од друга страна ios е по накај минимал дури превише минимал што нема некој ни основни фичери хаха а 4 гига рам луге купуваат по цена преку 700 евра што уопште не е минимал
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Минимализам е уствари за луѓе кои виделе и имале се во животот.
Ќе им скурчи се, па ќе држат говори како работите веќе не го правеле среќни.
Тој ќе ти каже дека е минималиста, ама за него тоа значи да живее во стан од 50 м2. Ние четворица живеевме во 47. Сум видел и полошо во МКД.

Едино јапонците како народ сметам дека им е во култура да се минималисти.
Донекаде си во право. Една работа што мислам дека треба да се напомене е дека треба сами да си ја одредиме границата на минимализмот.

Има луѓе со малку пари кои чуваат секакво ѓубре по дома и по гаражи, а од друга страна имаш особи кои се богати ама живеат само со она што им е потребно.

Инаку мислам дека вреди да се дебатира за философијата на минимализмот, а начинот не е толку битен т.е е различен за секоја особа.

Голема придобивка е што се фокусираш на она што е битно кога ќе го исфрлиш ѓубрето. Дури и во Македонија земја која е економски релативно слаба доста од луѓето имаат работи што не им требаат т.е собираат „ѓубре“ за ако некад им затреба.

П.С Мислам дека на оваа тема дури и побитна работа е дискусија за минимализам во менталниот склоп. Во денешно време сме бомбардирани со секакви страња кои предизвикуваат стрес најчесто од класични медиуми и социјални мрежи.
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Практикувм минимализам и во дизајн, ентериер, шминка, облека итн. не сакам кога е пренатрупано и кич. (ако се мисли на тоа) квалитет > квантитет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom